Автор: Глагољаш

„Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“
Read More

EX INJURIA JUS NON ORITUR

„НЕЗАКОНСКИТЕ ДЕЈСТВА НЕ МОЖАТ ДА СОЗДАДАТ ЗАКОН“ ИЛИ „ЗАКОНОТ (И ПРАВОТО) НЕ ПРОИЗЛЕГУВА ОД НЕПРАВДАТА“

Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН не ја легализира нелегалната постапка за прием, како и нелегалните наметнати обврски.

Во врска со актуализирањето на прашањето за воспоставување на уставното име на Република Македонија во Обединетите нации (ОН), понекогаш се поставува прашањето:

А) Дали таков чекор е правно возможен кога се знае дека Македонија ја прифати резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното собрание на ОН со која беше извршен приемот (а која ги содржи условите да Македонија) и го прифати привременото име („реферирање“) ПЈРМ за користење во системот на ОН? И второ,

Б) Да преговара со Грција за своето име?!

(Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи „сѐ додека не се разреши разликата која се појави околу името“, но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има експлицитен вид).

Read More

ПРИОД КОН МАКЕДОНСКАТА ЕСХАТОЛОГИЈА

Доколку внимателно го прочитаме августовскиот текст на професорот Александар Дугин, кој се однесува на есхатологиите на светското ниво, кои практично се одразот и можеби првиот темел на многуполарниот свет, ќе увидиме дека есхатологијата како наука има голем значај, а од постојниот опис, дека се наоѓаме во свет со разновидни размислувања, кои можат да предвестат големи судири и/или големи сојузи.

Упростено, живееме во свет помеѓу две ери, или свет кој се движи кон нешто ново, свет на нагли промени, кои можат да бидат фатални за оние народи кои не се разбрале себеси доволно денес и во идната временска рамка!

Оттука мојата потреба за подробното проучување на македонската есхатологија!

Read More

ПОСТЕСКОБАРСКА

Како што знаеш, драг читателу, јас не сум од оние колумнисти што трчаат веднаш по настанот утредента да се јават пред јавноста и да го соопштат своето мислење. Кај нас времето е покриено со пајажина. Сè е метафизика. Нема дијалектика. Реката на Хераклит не тече. Тоа се застоени како мочуришта води што ги среќаваме во литературата на Е.А. По и во прозата на Гогољ, па затоа и нашата денешна колумна мотивирана од неодамнешната посета на жална Македонија на Ескобар не е застарена.
Ескобар со ангелско име Габриел (Гаврил), ангелот што слета кај Марија во Назарет со веста за Спасителот. Белиот ангел. А дали американскиот ангел што нè посети е бел или црн навистина не знам, драг читателу. Иако знам. Ангелот задолжен за Балканот, е американскиот архетип каубој-шериф што управува со Западен Балкан. Чудно совпаѓање со Дивиот Запад, со кој започна формирањето на американската алхемиска нација. Ескобар, импресивна цврста фигура, речиси митска, налик на необработена карпа како огромните блокови на Стоунхенџ, или како една од неолитските експресионистички камени фигури на Велигденските Острови на азискиот пацифик. Вистински импресивен архетип на новата Римска Империја, западна, што гази и крши сè пред себе. Чиста спротивност на неговиот импресарио Бајден што е лирски проѕирен како листопаден лист пред крај на есента.
Значи (еј Ковачевски неискован, еј Пендаровски на пендек, еј Мицко војвода) имавме гостин од ранг. Тој најтешкаш меѓу политичките тешкаши дојде да види дали сме спремни да ги ставиме нивните миленици Бугарите во Уставот. Боже, каков американски срам и бласфемија. Дојде да го озакони со империјален печат идиотизмот на Империјата, да ги внесеме во Уставот оние што не нè признаваат дека сме живи и дека постоиме со Име, јазик, историја, меморија. И тоа е идиотизам не само за нас и идиотизираната влада туку и за Бугарите, плус и за таканаречената западна меѓународна заедница. Зошто идиотизам? Затоа што да ставиме некого во устав што не признава дека постоиш и дека си жив нема никаква логика. Туку што е фасцинантно сега во посетата на Ескобар кај нас, драг читателу? Тоа што и покрај многуте други западни тешкаши што нè притискаат, ги охрабруваат нашите лакоми соседи хиени да го крадат нашиот идентитет. Како да се во кусок со својот, та го зголемуваат со нашиот, така, на пример, Грците тоа го прават со кражбата на македонскиот антички идентитет, потпирајќи се на мегафалсификатот на Дројзен, озаконет со царски печат на патолошката западна цивилизација, не знаејќи кај да го бара коренот на својата идентитетска генеза. Мегафалсификат озаконет на „Сорбона“, „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Но и тоа не беше доволно, бидејќи беше проѕирен тој, па за да се доосигури истиот тој со насилничко признание на денешните Македонци беше стокмен на силеџиски геноциден начин од Брисел, Вашингтон, Грција и македонските велепредавнички квислинзи Преспанскиот договор на македонската смрт. Така беше докрај зајакнат грчкиот супсахарски идентитет за кој зборува и Херодот.

Read More

2-РИ ЖИТАР (ИЛИНДЕН) – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ??

Што направивме ? 2018-2022

Под оваа прашање доколку мислиме да се појаснуваме за сегашнава владејачка класа, која себеси милува да се нарече (политичка, општествена) „елита“, бесцелно ќе ни мине времето и всушност дијалогот би ни бил многу краток, доколку искрено се води. Но затоа можеме само да подвлечеме неколку забелешки за таа наша наметната „елита“, колку да се истакне она што веќе е кристално јасно и претставува јавна тајна:

Read More

ЗА ДА ГО ПОЗНАЕМЕ АНТИХРИСТОТ, НАЈПРВИН ТРЕБА ДА ГО ВОЗЉУБИМЕ ХРИСТА – ПРВ ДЕЛ

ОД ОТВОРЕНАТА ТРИБИНА СО ОТЕЦ ДАМАСКИН:

25.02.2019-та година, Соборен храм Свети Климент Охридски во Скопје

Прашање: Сакам да поставам неколку прашања:

  1. Во Светото Писмо и во Стариот и Новиот завет, Бог ни кажува преку својот Единороден Син Христос, преку пророкот Даниил и преку апостолот Јован, дека ќе дојде крајот на оваа планета по второто Христово доаѓање, но пред тоа ќе зацари антихристот, дека ќе ги жигосува луѓето, дека ќе стане светски претседател и ќе зацари седум години, а потоа ќе дојде нашиот Спасител. Дали е тоа така?
  2. Одамна во Русија светите отци и старци велеа дека со земањето на биометриските документи се откажуваме од името кое ни е дадено на Светото Крштение и дека на крајот, крајниот жиг на десната рака е последниот жиг. И доколку трипати писмено не се одречеме од биометријата, без разлика дали ќе ја прифати системот, нашето име нема да биде запишано во оваа книга на живите.
  3. Денешната политика налага дека наскоро ќе стапи на власт еден светски претседател, дали е тоа антихристот?
  4. Светото Писмо предвидува за третото ѕидање на Соломоновиот храм и дека тоа е еден од знаците за последното време, како да размислуваме за ова, бидејќи темелот на храмот е неодамна поставен?
  5. Зошто после Светите Литургии, нашите отци и пастири во Верата наша, не говорат почесто и не го предупредуваат своето стадо за ова последно време, за кое многумина во светот чинат дека е веќе дојдено?

Read More

СЀ НИ Е ЗАЛУДНО, АКО НЕ ГО СОЧУВАМЕ ИМЕТО ХРИСТОВО!

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин!

И оваа вечер повторно се собравме сите, драги браќа и сестри, во овој соборен манастирски храм, да го прославиме оној, којшто по зборовите Христови е најголем меѓу луѓето, односно како што рече самиот Христос: Нема меѓу луѓето родени од жена, поголем од Јован Крстител!

Тој самиот, кој ги подготви патиштата Господови уште пред Христа, повикуваше на покајание и на преобразување, на поправање на нашите животи, да можеме со чисти срца и со очистени души, покајани и просветлени, да Го пречекаме самиот Христос, самиот Месија и Спасител, Кој вистински ќе ни ја објави Евангелската вистина за вечното Царство Христово, за вечниот и блажен живот на Небесата.

Read More

ЗА С(ВЕТО)ВНОТО БУГАРСКО ПОВЕДЕНИЕ

Постои една анегдота, во која едно дете, сакајќи да ги покаже својата сила и надмоќност, малтретирало друго помало и послабо дете, и непрестајно измислувало нови и нови барања и услови, само за да ја докаже својата „величина“ пред другите, но најмногу и за да ги затскрие пред самиот себеси своите недостатоци и фрустрации. И овој процес трае сѐ додека послабото дете не порасне и зајакне доволно, за ова условно појако дете веќе да не може да го прави тоа.
Мојата анализа во редовите подолу е инспирирана токму од дејствието на оваа анегдота.
Македонија во случајов е „послабото дете“ и во моментов, а и пред овој момент ги трпи фрустрациите и малтретирањето од „поголемите деца“. Нереални барања, непрестајни услови, ајде уште ова, ајде уште она и кругот нема крај. Никако да дојдеме до затворање на овој мачен процес.
Но има и утеха, драги мои. А тоа е вториот дел од анегдотата, во која послабото дете сепак расте и зајакнува, и физички и ментално, и веќе не го трпи ова „изживување“. Така и ние како нација непобитно растеме, со секоја нова мака, со секоја нова повреда, со секоја нова неправда стануваме посилни, прераснуваме во човек што ги истрпил овие неправди врз својот грб и поради тоа станува поискусен и похрабар за сите нови предизвици. Се „калиме“. И тоа е добро. Во животот има и убави и неубави искуства. Но човекот секогаш по какво било искуство излегува помудар и посилен. Ако не за нас во моментов, ова секако е добро за иднината на Македонија и за нашите нови генерации Македонци. Македонија ќе постои.
А кои се моменталните околности и аргументи?

Read More

ПОСЛАНИЕ ДО БЛАГОЧЕСТИВИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ОД ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА!

Возљубени чеда, од богомдаруваната ми епархија, новата заразна болест, која се прошири низ целиот свет ни го поремети животот на сите, ни ги измени сите планови. Како христијани не смееме да кукаме и да се плашиме, туку да најдеме нов начин на живеење. За последните времиња во Евангелието се вели дека „луѓето ќе се женат и ќе се мажат“, односно, животот ќе си тече како и обично, па така, и во текот на пандемијата, мораме да вложиме усилија, да си го живееме животот со претпазливост, но и без паничен страв.

Read More

ЗА „ДВОЈАЗИЧНОСТА“

„Борбата за јазикот е борба за Македонија! Оти каква е таа ‘двојазичност’ кога наместо да се преведува, називите се преименуваат? Кога еден македонски назив ќе се замени со друг албански назив, тоа тогаш не е двојазичност! Тоа е албанизација…“

ОКОЛУ „ДВОЈАЗИЧНОСТА“ И НЕЈЗИНИТЕ ШТЕТНИ ПОСЛЕДИЦИ

Сегашноста на која сведочиме, памети дека еден народ беше мотивиран во борбата против криминалот и диктаторството што му се случувале во државата. Така мотивиран, истиот тој народ некако востана и го набрка сопствениот диктатор. Тој народ е украинскиот кој го сруши режимот на Јанукович, на кого му најдоа и златна WC-шолја во неговиот замок. И? Што се случи подоцна? Каде се т.н. Мајданци кои се востанаа? – Со прстот во уста ги испратија на источниот фронт да гинат како глинени голуби! Каков пак беше режимот во Украина под лидерството на Порошенко?

Read More

КАКО ДА ПОСТАНЕМЕ ЛАВОВИ?

Ризик. Тоа е клучот за да ја отвориме собата каде живеат можностите. Тоа нѐ учат и во бизнисот – доколку е поголем ризикот што го преземате, дотолку е поголем потенцијалниот профит. Но стравот не исчезнува. Затоа, како да го преземеме првиот чекор за работи „поголеми од нас“? Како на пример, да се спротивставиме на двајца возрасни насилници кои претепуваат деветгодишно дете?! Ќе се согласите дека потребно е да го победиме стравот за да го преземеме првиот чекор и не само тоа, туку и да останеме со здрав разум ако сакаме успешно да ја завршиме благородната мисија. – Но тоа е невозможно! Или можеби е?

Read More

ПОСТМОДЕРНИТЕ РЕВОЛУЦИИ И ОПАСНОСТА ОД СИМУЛАЦИЈА НА ДИОНИСИЕВИОТ ЛОГОС – ПРВ ДЕЛ

Многумина мудри луѓе, мислители и Старци, водејќи се по есхатолошката логика, православното познавање и Вера, упатуваат на Знаците кои се присутни во нашата доба и кои говорат дека се ближи Крајот на светот, односно последните времиња. Сходно на таквите толкувања, многу е логичен и добронамерен јавниот повик од овие мудри луѓе, кон човештвото кое е сериозно загрижено за случувањата во светот, да ги усмерат силите на духовниот терен, оти главната битка во моментов се случува баш на тоа поле. Но, исто така, неретко овие мудри луѓе упатуваат кон човештвото и да ги остават световните работи, или оние работи кои се под кнезот на светот – работи кои се создадени од него и работи кои се играат по неговите правила, односно луѓето да не се обидуваат и да не вложуваат многу труд, нешто на добро да променат во политиката, „бидејќи Крајот е близу“. Јас се сложувам во најголем дел со изјавите на овие мудри и просветени луѓе, на кои им се радувам кога моето уво ги слуша, и навистина Знаците кои укажуваат дека Крајот е близу постојат и се видливи! Но благодарение на Светите Списи, познато ми е и дека не е на нас (луѓето) да знаеме кога точно ќе биде Крајот на светот, затоа што тие работи и пресметки не се водат по човечката логика, ниту пак по човечката волја – човечкиот ум не може да ги сфати ниту поима нив!