ДАЛЕЧНА АЗИЈА И ОКЕАНИЈА: СОЗДАДЕНО РЕГИОНАЛНОТО СЕОПФАТНО ЕКОНОМСКО ПАРТНЕРСТВО

ПОВЕЌЕ ЗА КИНАПОВЕЌЕ ЗА САД

На датумот 15-ти ноември годинава, се одржа виртуелниот собир на лидерите на 15-те земји од Далечна Азија и Океанија, кои го потпишаа Договорот за регионалното сеопфатно економско партнерство, или Regional Comprehensive Economic Partnership, познат скратено како RCEP.

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Земјите-потписнички на Договорот се: Кина, Јапонија, Индонезија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам, Тајланд, Брунеј, Лаос, Камбоџа (Кампучија), Филипини, Малезија, Сингапур и Мјанмар, кои со овој чин всушност го создадоа најголемиот економски и трговски блок во светот, опфаќајќи пазар со население од 2 милијарди и 300 милиони жители, пет пати повеќе од ЕУ, со 30% од вкупниот светски БДП.

Карта со земјите-потписнички на Договорот

Кинеско торжество и пораз на САД!?

Иницијатива за создавање на ваков блок во овој дел од светот, кој географски е далечен од нас, но со можни идни, добри или лоши, последици по нас, не претставува новост. Како претходница на овој блок се согледува Здружението на нациите од Југоисточна Азија (ASEAN), предводено од големата држава Индонезија, која досега претставуваше геополитички неутрална во односите на воочливата борба помеѓу Кина и САД.

Пред доаѓањето на чело на САД, на Доналд Трамп, постоеше обид за создавање на транстихоокеанското партнерство (TPPA), речиси во истиот момент кога се нудеше од страна на САД кон ЕУ и договорот за трансатлантско партнерство за трговија и инвестиции (TTIP), односно создавање на два големи прозападни блока, кои заедно со NAFTA, САД (поточно корпорациите оттаму) покрај тоа што ќе имаше преференцијална положба во економските односи, ќе беше и географскиот центар на овие три територијално огромни блока. Изненадувачки беше што на тој американски предлог тогаш, позитивно одговори Виетнам, односно земјата во која само неколку декади претходно се водеше долгата и крвавата Виетнамска војна.


Споредба: земјите-потписнички на RCEP и предвидените земји во TPPA

Дали Кина со овој чин го искористи моментот на слабост во САД, каде постојат големи внатрешни економско-политички проблеми, и дали создавањето на најголемиот економски блок во светот, кој несомнено ќе стори, доколку се развива во мирнодопски услови, од земјите-потписнички најсилни економии во меѓународната заедница, ќе поттикне нова светска војна од официјален карактер, особено доколку го земеме во предвид и фактот дека милитантниот либерализам најверојатно повторно се враќа од позиција на власт во САД – се прашања кои во блиска иднина ќе бидат одговорени.

Во преговорите за потпишувањето на Договорот за регионалното сеопфатно економско партнерство, учествуваше и Индија, но се откажа во последниот период, бидејќи има проценки дека со влез во блокот би можело да има негативни последици по индиската домашна економија.

Домаќинот на свечениот виртуелен настан, одржан на 15-ти ноември беше Виетнам.