Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на први месецов објави дека неговата земја ќе биде домаќин на првиот Меѓународен Антифашистички Конгрес во август, со што овој настан ќе се совпадне со Меѓународниот форум за воената технологија „Армија-22“ во Москва. Ова е важен потег на паметната моќ, бидејќи ќе помогне повеќе за поубедливо да се пренесе една од основните мотивации за специјалната операција на големата евроазиска сила во Украина. Претседателот Путин претходно изјави дека една од нејзините цели е денацификацијата на земјата, откако фашистичките сили поддржани од САД ја презедоа контролата врз државата на почетокот на 2014-тата година, по раширувањето на урбаниот тероризам, популарно глорифициран на Западот како „Евромајдан“ или т.н. „Револуција на достоинството“.
Оваа наведена мисија, стана меѓу главните цели на тековната информативна кампања на Западот предводена од САД, против таа операција, и самата Русија пошироко. Mainstream медиумите, активно се обидуваат да ја поттикнат јавноста да мисли дека всушност претседателот Путин е вистинскиот фашист, а не украинските власти по пучот. Тие дури отидоа дотаму што го воведоа вооружениот наратив, тврдејќи дека дури и да се зборува за заживувањето на фашизмот во таа поранешна советска република, е слично на „антисемитизам“. Главниот пак чешки обвинител, презеде чекор без преседан и ги предупреди граѓаните дека јавното изразување на поддршка за позицијата на Русија, може да го прекрши законот и да резултира со три години затвор.
Огромниот притисок што се врши врз западното население, со цел да е на истата линија со нивните влади за овој конфликт, вклучително и преку забраната од страна на ЕУ на руските, јавно финансирани меѓународни медиумски предводници РД (RT) и Спутник, сугерира дека малку Европејци ќе се појават на Конгресот летово во Москва, поради загриженоста за сопствената правна, а можеби дури и физичката безбедност по нивното враќање дома. Токму поради овие причини, евроазиската голема сила треба сериозно да размисли за олеснување на забрзаната миграција на таквите дисиденти во Русија, преку проширувањето на дарежливите пакети за поттикнување, за оние кои искрено се заложени да ги посветат своите животи за оваа благородна кауза во Новата студена војна.
Дури и ако тоа не се направи веднаш, или барем до оној степен до кој е потребен за таквите личности да се етаблираат во Русија, и следствено да придонесат за нејзината долгорочна стратешко-комуникациска политика во овој поглед, таа земја сепак мора да најде начин да обезбеди нејзините важни пораки да допираат до таа публика. Европското население мора на некој начин да стане посвесно за опасните фашистички тенденции во нивното општество, кои сè повеќе се манифестираат преку злобната ксенофобија, вклучително и исламофобијата, а од неодамна и русофобијата. Тие, исто така, мора да научат како некои од политиките на нивните влади загрижувачки ги имитираат поранешните фашистички, од периодот меѓу двете војни.
Имајќи ги предвид ограничувањата во однос на тоа, кои најверојатно ќе се појават на претстојниот руски Конгрес за половина година, може да заврши како случај во кој овој инаугуративен настан ќе стане претежно составен од незападните експерти, официјални лица и активисти. Тоа е така затоа што нивните влади не се движеа сите против Москва како западните, делумно затоа што ја сфаќаат стратешката важност на обидот за балансирањето помеѓу различните сили, или во она што најточно може да се опише, како сегашен период на би-мултиполарност. Како резултат на тоа, Европејците можат да научат повеќе за современите фашистички закани од Африканците, Азијците и Латиноамериканците отколку од нивниот народ, иако тоа во крајна линија и не претставува лоша работа.
Тоа само би покажало дека рускиот Меѓународен Антифашистички Конгрес, навистина привлекол глобално внимание, бидејќи светот очигледно повеќе не е западноцентричен, туку конечно го доживува подемот на мултиполарните незападни центри на влијанието и моќ. Учеството на кинеските делегати, на пример, можат да доведат до тоа, реномираните меѓународни медиуми во нивната земја, како CGTN, да се погрижат за остатокот од светот да стане свесен за овој клучен настан и покрај тешките напори за цензура од Западот. Тоа силно би се спротивставило на некои од нивните операции за информативната војна и би помогнало постепено да се разбудат западните маси со текот на времето.
Од итна важност е западната јавност да сфати дека самопрогласените мрежи „Антифа“, низ нивната цивилизациска „сфера на влијание“, се всушност лажни антифашисти, со тоа што многу од нивните тактики се сведуваат на наметнување на фашистичката политика, под орвеловата етикета на наводно „антифашистички“. Тие ќелии немаат ексклузивен монопол на она што претставува вистински антифашизам, иако многумина се заведени кон тоа погрешно мислење дека имаат. Затоа, една од првите цели што Русија мора да ги постигне преку претстојниот Конгрес е да ја подигне свеста за овој факт, со цел да го олесни остатокот од својата долгорочна стратешко-комуникациска политика во овој поглед.

Во пресрет на планираниот Конгрес, Русија најверојатно ќе биде домаќин и на невидено големиот „марш на Бесмртниот полк“, кој се однесува на новата традиција на нејзините граѓани, да маршираат низ нивните улици по парадата на Денот на победата на 9-ти мај, додека држат плакати на нивните роднини кои се бореа во „Големата патриотска војна“ (официјалниот опис на Русија за Втората светска војна). Оваа вистинска антифашистичка традиција е многу емотивно трогателна за набљудување, а камоли во неа да се учествува, така што се очекува Русија да го засили покривањето на овие национални настани на тој посебен ден, за да ја подготви глобалната јавност за претстојниот Меѓународен Антифашистички Конгрес, кој ќе се одржи подоцна оваа лето што следи.
Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.
Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.
Извор: OneWorld.press