СИРОПАЛЕСТИНА: ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ КОИ НАВЕСТУВААТ ГОЛЕМА ВОЈНА

ПОВЕЌЕ ЗА СИРОПАЛЕСТИНА

На 7-ми месецов, започнаа воени операции во Сиропалестина, кои сѐ уште се во тек.

Првично започна операцијата наречена како „Потоп Ал Акса”, и таа е отпочната од страна на Палестинците, коишто живеат во појасот Газа. Оваа офанзива на военото палестинско крило, Хамас, претставува вистинско изненадување за безбедносните структури на државата „Израил”, но и за светската јавност. Така, Палестинците, искористувајќи го моментот на изненадувањето, навлегле ширум околните градови кои се официјално под „израилската” власт, а најмногу офанзивата зафатила длабоко во правец север и североисток од појасот Газа, предизвикувајќи паника и страв кон тамошното население. Во овој изненаден напад, првично биле испалени околу 5.000 парчиња ракетно орудие, практично разбивајќи ја воздушната одбранбена завеса на „израилската” територија, а ова набргу било поддржано со пешадиско и моторизирано заземање на просторот. Во овој напад биле употребувани и невообичаени воздушни упади со параглајдери од страна на Палестинците. Од првиот бран на нападите биле освоени дузина околни гратчиња и населби, а била заземена и базата кај Керем Шалом која е сместена на јужната граница со Египет, близу Газа. Битки се воделе за заземање на градовите Ашкелон, Сдерот, Нетивот и Офаким. При овој прв напад, објавено е дека се убиени околу 700 граѓани и воено-полициски лица на „Израил”, над 2.000 повредени и околу стотина заробени од страна на Палестинците.

Приказ на офанзивата на Хамас, извор: Военная хроника

Втората операција, насловена како „Железни Мечеви”, започна веднаш како одговор на палестинската изненадувачка офанзива, со воздушен напад на „израилското” воено воздухопловство, коешто ја разори Газа, убивајќи досега околу 400 лица. А премиерот на државата „Израил”, Бенјамин Нетанјаху, најави војна:

По официјалното објавување на војната, трупите на државата „Израил”, ги одвратиле офанзивните напади на Хамас, и ја повратиле речиси целата претходно изгубена територија. Додека појасот Газа сега се наоѓа под опсада, со којашто „израилскиот” министер за одбрана најави сурова блокада:

„Наредив целосна опсада на Газа – нема храна, нема струја, нема гориво, нема вода! Се бориме против човечки животни, постапуваме како што треба!” – изјави Јоав Галант

Третата операција со напади ја извршија припадниците на военото либанско крило, Хезболах, коешто е присутно и на сириското тло, и претставува организација којашто е силно поддржана од Иран. Нападите биле изведени на Голанската Висорамнина и на северот на „Израил” првично со артилериски оган, и на овие удари, безбедносните сили на државата „Израил” возвратиле. Хезболах преку официјално соопштение објави дека учествува и дека ги одобрува нападите. По ова следеле погранични судири на двете страни, кои по сѐ изгледа дека ќе продолжат и понатаму.

Како претходница којашто ги испровоцира Палестинците, но и мохамеданскиот свет воопшто, беше настанот кадешто упаднаа радикалните „израилски” верници во џамијата Ал Акса, во обид да извршат талмудска церемонија во овој значаен и познат храм.

Настаните, и воените операции содржат есхатолошки пораки, од јудејскиот, мохамеданскиот и Христијанскиот светоглед, коишто навестуваат масовен, жесток и крвав исход во областа на Сиропалестина.

Забележани се при извршувањето на операциите, безмилосни злосторства врз цивилното население (нелегитимните цели), извршени од двете страни.