Настаните навестуваат опасност од „3-тата светска војна“!
Иако во јавното мнение кај нас постои многу мала свесност, благодарение на нашите „медиуми за информирање“ и „новинари“, кои имаат воглавно ограничена и пропагаторска улога за локална употреба, а за потребата на хегемонот – амбасадата на САД, сепак доколку некој сака да се информира подетално за најновите настани, може да се информира, иако тоа бара поголем труд и познавање на јазиците и технологијата од вообичаеното!
Веќе е постара веста дека во Романија се гради најголемата база на НАТО во Европа, како што се прошируваат капацитетите на пристаништето во Драч, како и што кај нас се најавија автопатски поврзувања во Западна Македонија, кои можат да служат и како Via Militaris, особено за упади од Косово и Албанија.
Зачестија нападите на тлото на Руската Федерација, таму „воскреснаа“ оние од т.н. Исламска држава, а за одредени напади, дури и Украина призна одговорност. Војната во Украина навестува големо поместување на фронтот во корист на Русија, со најавените есенски офанзиви, затоа што капацитетите на украинските вооружени сили, воопшто и на украинската држава се истрошени и се држат во кондиција од западната помош… Од руската страна, исто така официјално предлагаат мировни преговори со однапред поставени услови, кои нема да претставуваат воопшто лесен компромис за украинската страна.
Дополнително се појави руската нуклеарна подморница од Северната Флота на РФ во Куба, 62 години првпат ваков настан по Кубанската ракетна криза, В.Путин присуствуваше во С.Кореја, со која ја проширија својата воена соработка (со потенцијална и нуклеарна), а се најавува, засега во вид само на шпекулација и предавање на воените нуклеарни капацитети за употреба, на Иран и на некои други држави во Латинска Америка, со што тие практично би станале новите нуклеарни сили. Руската Федерација се подготвува официјално да ги оттргне Талибанците во Авганистан од „црната терористичка“ листа, и Авганистан да стане дел од Евроазискиот проект, за кој самите пројавуваат интерес и задлабочена соработка со Кина…

Со европарламентарните избори во ЕУ, практично ништо не се смени, туку само процесите одат во полза на т.н. центар-десничарските партии, што се покажаа како неважни, со никаква способност за позитивна, драстична и радикална промена; но пак изборите во САД, особено доколку Трамп повторно се појави од позицијата на претседател – овие избори во овој контекст и тоа како се важни – затоа што со самата победа на Трамп, ќе настане де-ескалација на конфликтот со Русија, односно само во тој случај ќе може да очекуваме одбегнување, или барем во најмала рака одложување на почетокот на „3-тата светска војна“!
Ако започне „3-тата светска војна“ и ризичниот период??
Ризичниот момент, се состои во тоа што фанатизираните глобалисти, коишто ја имаат во најголем дел моќта на колективниот Запад, се свесни дека ја губат шансата, можеби засекогаш, за воспоставувањето на светската диктатура со универзалниот неолиберален поглед, и сите ја согледуваат опасноста за отпочнувањето на „3-тата светска војна“ токму затоа; а ние практично веќе сме навлезени во ризичниот период, кој започна некаде од средината на оваа лето, или од конечните изборни резултати во Франција, и кој најверојатно ќе трае до конечниот резултат на изборите во САД! Затоа впрочем Русија во овие моменти нуди мировни преговори, со цел да купат време до Трамп, односно да не дадат изговор!
Доколку конечниот резултат го стави на местото претседател (POTUS) повторно Трамп, фанатизираните глобалисти со своите идеи ќе мораат да се повлечат на подолг рок, додека популарно наречената „длабока“ поточно паралелната држава на Западот, ќе мора да се помири со процесите, да ја признаат многуполарната меѓународна реалност, и да се сконцентрираат во сочувувањето на САД и Западот, како доминантен пол во многуполарниот свет! Доколку конечниот резултат од изборите излезат во полза на „демократите“, кои веќе со внатрепартиски, елитистички договор односно на недемократскиот начин го повлекоа изветреаниот Бајден, и на неговото место ја ставија Камала Харис – светската војна, односно ескалацијата е неизбежна! Доколку пак глобалистите успеат да ги убедат претставниците на паралелната држава на Западот, пред изборите, тие да тргнат во авантура – тогаш го имаме најлошото сценарио во ризичниот период за кој опишувавме погоре – тогаш речиси со сигурност сме на почетокот на официјално отпочнатата „3-та светска војна“! За остварувањето на најлошото сценарио, најмногу можност оставаат воените дејствија и активностите кои се случуваат на Блискиот Исток.
Доколку сме осудени како генерација да го доживееме ова, воените стратегии на спротивставените суперсили предвидуваат два типа на одвивањето на почетниот тек:
- целосна употреба на нуклеарниот потенцијал, „all-out nuclear attack“, тек кој многу прецизно го опишува истражувачкиот новинар Ени Џејкобсен, од кој 5 милијарди луѓе ќе го загубат животот за многу кратко време, и
- ограничена употреба на нуклеарниот потенцијал, со т.н. „tactical nuclear weapon“, TNW, кои ќе предизвикаат голема, но помала смртност од првиот замислен тек.
Ние Македонците во таков контекст влегуваме лошо!
Ние како народ ќе влеземе лошо и хаотично – недостојно, и за тоа целата вина е само наша – колективна и поединечна! И верувам, ќе ме разберете зошто ова го пишувам…
Првин членуваме во воен сојуз кој е агресивен, и кој ќе е историски виновникот за отпочнувањето, доколку започне „3-тата светска војна“! За да членуваме во тој сојуз, дозволивме насилна промена на Името, со тоа и на идентитетот на државата (со паралелен жесток обид за промена на идентитетот на народот), кои ние Македонците, преку претходните достојни генерации со крв ги спечаливме, односно се откажавме од правото на самоопределување, а полека но сигурно ги губиме и другите права! Крајно, сегашната „Република Северна Македонија“, или наводно нашата држава, ќе биде принудена од „нашиот стратешки партнер“, на учество и мобилизација во таквата војна, и тоа на страната на оној којшто нѐ понижи и ни го одзеде правото на самоопределувањето! Доколку има приговор кон таквата наредба од страната на САД врз „Република Северна Македонија“, резервата е веќе подготвена, а тоа е Африм Гаши, сегашниот претседател на Собранието! Тогаш како врховен командант и како оној што ќе ги уведува уредбите преку „Влада“ избрана од него, во името на наводно нашата држава, ќе биде не-Македонец! А тоа покажува дека „нашиот стратешки партнер“, ниту верува целосно во „нашето партнерство“, односно во Македонскиот народ, ниту пак нѐ гледа како „долгорочен партнер“ – оти ако нѐ гледаше, немаше постојано да ни одземаше нешто, туку ќе ни даваше, односно ќе вложуваше во нас, како што вложуваат во Грците и Албанците!
Сепак, бидејќи ситуацијата ни е комплексна, на почетокот таа ни претставува лоша и хаотична, затоа што официјално ќе сме на страната на агресорот, или на страната на оние кои нѐ понижија и кои планираат краткорочно да постоиме, за краткорочната употреба. Официјално сме на страната на колективниот Запад, на страната на НАТО, на страната на САД; сепак суштински, неофицијално, затоа што ни е ускратено правото на самоопределувањето и сме речиси целосно деполитизирани како фактор, ние Македонците сме на страната на Русија, на страната на Кина, Иран, или на другата страна од судирот! Можеби најмногу ќе бевме за неутралност, ама таквата можност одамна не е дозволена за нас, за Полуостровот често и невозможна! Ова е така, затоа што сѐ уште нема политичка волја, ниту доволно солидна структура, а пред сѐ време, кои ќе ја променат оваа комплексна и нејасна македонска ситуација!
Затоа со сигурност може да заклучиме дека ние влегуваме во воениот контекст официјално на едната страна, а неофицијално на другата страна!
И таа комплексна состојба, почетно е многу лоша, но остава простор за исправање на работите, остава шанса, но само во случај доколку нема „all-out nuclear attack“! Во спротивно, речиси сум сигурен дека ние сме дел од оние 5-те милијарди кои се планирани да не преживеат во првите часови!
Стратагема за оние кои во моментов се од позицијата на државната власт – клучниот збор е василевсот Александар Први Филхелен!
Нашата долга и славна историја – македонската историја, за среќа или несреќа, веќе говори за вакво слично искуство, или за ваква комплексна и нејасна ситуација! Такво искуство сме имале за времето на владеењето на василевсот Александар Први, којшто во историографијата подоцна бил запишан како „Филхелен“ (пријател на Хелените): имено државата Македон (државата наша тогаш се викала Македон, во машкиот род, а земјата Македонија, во женскиот род) била принудена да стане вазал на Ахаменидската (Персиската) Империја, и да дозволи преку Македонија, Персијците да извршат инвазија врз Хелада; во исто време неофицијално Александар соработувал и со Хелените, им пренесувал витални информации, а на крајот ја доуништил поразената персиска војска на повлекување, извојувајќи независност и проширување на Македон! Со други зборови сакам да укажам на овие коишто барем декларативно се означуваат за патриоти, а се од позицијата на државната власт по последниве избори, поубаво да ја истражат политичката биографија на василевсот Александар Филхелен – ќе им послужи, секако доколку навистина имаат истите смисол (барем минимален) за македонското достоинство каков што имал и овој наш василевс!

Стратагема за Македонскиот народ – клучниот збор е Народноослободителната Борба, НОБ!
Доколку нема „all-out nuclear attack“, три-четири работи: стекнување навика за обезбедување на неопходните продукти (брашно, зејтин, конзервирана храна, сол…) за преживување за наредните три месеци, односно залихи за три месеци, а кога ќе се потрошат залихите – истата постапка пак, оти првите недели од отпочнувањето на војната се секогаш панични и критични; одбегнување на мобилизацијата на секаков начин, дури и да ни дозволат обележја со македонското Сонце (Кутлеш) и со името „Macedonia“ на воената униформа, бидејќи ако дозволат, тоа е само за да нѐ мотивираат да (за)гинеме за туѓите (нивните) интереси; структуирање во промакедонските и пронародните структури – затоа што овие коишто во моментов се од позицијата на државната власт – не делуваат охрабрувачки; и крајно чекање на поволниот тек/момент за делување и акција во можната војна!
Историски, откако е отпочната „2-та” светска војна, а подоцна и кога е започната окупацијата на тогашната (Кралство) Југославија, во 1941-та, ние Македонците како народ, исто така сме влегле лошо и хаотично, со единствени претставници, внатрешно Спиро Китинчев, Димитар Чкатров и Димитар Ѓузелев (Убавски), надворешно ВМРО на чело со Иван Михајлов – сите на страната на агресорот или виновникот за тогашната војна! Оваа лоша и нејасна ситуација траела сѐ до 1943-тата, кога се формира КПМ во Тетово и за една година Македонскиот народ се организира во промакедонска и пронародна структура, го прави Февруарскиот поход и крајно го свикува Првото заседание на АСНОМ, со други зборови сме излегле од војната торжествено/победнички и достоинствено преку НОБ!

Војните, особено од ваков мега/веле обем, иако претставуваат страотна работа, сепак тие претставуваат и надеж за позитивна промена на статусот на обесправените народи и нации, каков што претставува во моментов и статусот на Македонскиот народ!
Нека ни е честит 2-ри Житар – Денот на Св. пророк Илија – и нека застане пак во нашата заштита!
Среќен Илинден!
Авторот на текстот е дипломиран правник.