Ромеите Константин и Михаил, претставувале државјани и високи чиновници во управата на ромејската држава. Очигледна е тенденцијата за „грцизирање” на Ромејското Царство и сиот тогашен историски период, со цел вклопување во историјата на модерната грчка држава и создавање привиден државно-правен континуитет, под изговор дека официјалниот јазик во Ромеја или Византија(зап. историограф.) претставувал „грчки”.
Единствено доколку ја прифатиме тезата за вулгарното значење на поимот „Грк“ и „Грција(Graecia)“, по легендата за настанокот на градот Тарас/Тарентум (според неа основан од непризнаени синови на Спартанците, кои го основале градот како колонизатори, и станал најбогат град од антиката во областа наречена како Magna Graecia/Јужна Италија), како Копиле; Копилиња од нивните оригинални именувачи на поимот – Латините/поданиците на Западното Римско Царство, со веројатна цел поданиците на Источниот дел како нивни тогашни ривали да се прикажат како „копилиња” на Римјаните на Истокот и источните провинции (Македонија, Ахаја, Тракија, Мала Азија), или како присвојувачи од страна на неримјаните по генсот, на името и државата од оригиналниот Рим во Латиум – град кој бил главен центар на Западното Царство кое пропаднало од налетот на варварите, тогаш тоа изедначување на Грција со Ромеја и не би претставувал историографски фалсификат на Западот и можеби појасно ке ни стане зошто дури и во црковнословенските записи (дури и во современите пролози на православните календари) ги наоѓаме и се прифатени овие поими и термини за Ромеја и Ромеите како Грција и Грци, секако прифатливи под услов доколку поимите Хелада/Хелени (оние од класичниот период) и Грција имаат различно етничко и географско значење. Всушност целата политичка борба на државите и до ден денес е кој владетел или која држава/империја, ке стане државно-правен па и духовен наследник на Римската Империја, дал на севкупниот Стар Рим како што имале амбиција Јустинијан и Мехмед Освојувачот, или на Западен односно Источен дел од наследството, како што имале/имаат амбиција разни западни и источни суверени владетели како Наполеон и Хитлер, Иван Грозни…
Но настрана од овие намерни извртувања на етнографските и етнолошките поими, кои се најверојатно сторени со цел да добијат посакувано значење/друго од вистинското, од политички причини, и кои нас љубителите на историјата не доведуваат во разни заплети, поентата на оваа кратко излагање се состои во тоа што помалку да се доведуваме до чудење како по светот се запознаваат/учат луѓето, во врска со овие двајца сесловенски просветители, Св. браќа Кирил(Константин) и Методиј(Михаил), дека се Грци/Византијци, кои само ладнокрвно учествувале во мисии давани од страна на Василевсот во Константинопол. Обидот со лажирање е обид да се намали нивниот цивилизациски придонес, да се обезвредни нивното значење и она најважното – да им се обезличи нивната етничка припадност како Македонци, кои беседјувале/говореле на чисто склавински/словенски мајчин јазик.