Ако одиме според логиката на Хегел, тој вистинската човечка слобода ја согледува како услов, кој има свесно спознавање на рационалната нужност. Откако ке се спознаат минималните нужности или услови, дури тогаш одредена личност може да стапи во остварување на слободата.
Наједноставна дефиниција за слободата на индивидуалецот, би претставувала како човекова можност да си ги оствари своите материјални и духовни потреби.
Но некогаш, колективната слобода претставува и ја одредува количината на можности за остварување на индивидуалната слобода. Самото припадништво кон одреден колектив, значи или зголемување или намалување на можностите за остварување на индивидуалната слобода. Колективната слобода, најчесто сегашните можности која таа ги пружа, се во можност да се изјаснат со дијалектичкиот метод. Пример преку историските настани и текови, можеме да појасниме какви услови ни ределе истите.
Заради испреплетеноста на индивидуалната слобода со колективната, личната слобода е еднакво на државната слобода односно независноста на државниот апарат. Личната слобода се дели на два типа на слободи и тоа на економска и на духовна слобода. Економската слобода е еднакво на економските стандарди во државата, односно економската независност на одредено општество, додека духовната слобода е еднакво на културната независност и изразување во едно општество. Или:
1) Лична слобода = 2) Колективна слобода
1.2) Економска слобода = 2.2) Економска независност
1.3) Духовна слобода = 2.3) Културна независност
Од економската слобода, поединецот добива можност за исхрана, можност за работа/фер исплата и слично ним, додека од духовната слобода поединецот добива образование, народно/национално слободно изјаснување како и право на слободна вероисповед.
Од економската независност на државата, колективот добива ресурси и енергија, додека од културната независност добива право на самоопределување односно право на организирање на сопствен државен и образовен апарат.
Со тоа логично ке заклучиме, дека личната слобода претставува спознавање на условите и нужностите, и со внес на личен труд оди кон постепено создавање на слободата, додека условите и минималните нужности ги одредува колективната слобода.
Текстот е извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”, глава В, 2015 година.