ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ ЗА ПРОГРЕСОТ

Овој термин претставува еден од најмотивирачките, во погледот на човековото делување. Затоа воедно претставува и термин кој е еден од најизманипулираниот низ историјата и вековите. За да ги избегнеме овие моменти, потребно е појасно да ги образложиме работите поврзани со прогресот.

Прогрес би го дефинирал, како изменување на нешто претходно, кон идно подобро, односно подобрување. 

Прогресот постои само кај човекот, и тој ги движи останатите работи. Кај човекот прогресот постои кај две работи, и тоа прогрес во знаењето и прогрес во разумот/моралот.

Духот на човекот не прогресира, туку тој се осознава преку прогресот на разумот кај човекот.

Кај човекот не постои биолошки прогрес. Тој е дефинирана биолошка појава и единствено што преостанува, е неговото проучување. Сите обиди да се создаде биолошко прогресирање кај човекот, се нехумани, неетички и како краен резултат може да бидат многу погубни за човечкиот род и неговата природа.

Точно е дека е потребно човекот даскроти” дел од својата природа, но тоа не треба да го чини со помош на технологии и машини, туку со срце и разум. 

Вистинскиот односно одржливиот прогрес, секогаш е со успорен раст, и секогаш бара време, како и макотрпна работа. Нереалниот односно неодржливиот прогрес, секогаш е со нагло зголемување на растот, и најчесто е настанат на сметка на туѓ регрес.

Затоа метафизиката и религијата се потребни во успешно остварување на одржливиот прогрес. Тие им помагаат на луѓето во макотрпноста, и тие им даваат на луѓето она што е потребно за да истите се одржат со такви услови во добра кондиција, односно им ја даваат надежта и среќата.

Општествениот прогрес, секогаш настанал откако претходно луѓето кои го претставуваат тоа општество, рационално прогресирале и го осознале духот на своето постоење.

Прогрес во односите на луѓето е мит, и не постои таков прогрес. Секогаш на некого односите му се добри во сегашноста или подобри од минатото, и обратно, секогаш на некого односите му се лоши во сегашноста или полоши од минатото.

Технолошкиот прогрес не постои, односно техниката и технологијата се движења зависни од прогресот на човечкото знаење. Доколку не прогресира човечкото знаење, нема да има движење и во технологијата.

Според тоа технолошкиот прогрес претставува прогрес во општото стандардизирано знаење. 

Затоа материјалниот профит денес, преку валкањето на човековата душа, го извалкува и духот на технолошкото движење. Спојот на материјалниот профит и човековата смисла за постоење, донесува до тоа да има силен спој денес измеѓу профитот и технологијата. Денес технолошкото движење е во правец на максимизирање на материјалниот профит, а не во она што беше суштината за откривањето на технолошкото движење, како помагало на човековото биолошко битие. Затоа, голем број од технолошките иновации денес, создаваат продукти кои се противречни на човековото биолошко битие.

Економскиот прогрес не постои, бидејќи таа е тесно поврзана со технолошкото движење, кое пак оваа движење е зависно од страна на прогресот на човековото знаење. Со тоа и овој прогрес претставува движење од страна на прогресот на човековото знаење.

Светската економија има своја конечна реална вредност, односно има своја математичка бројка во бруто домашниот производ. Оваа дефинитивна реална вредност, би можела да се измери во оној момент, кога сите техники и природни закони би се осознале во општото стандардизирано знаење.

Денес, со моменталното општо стандардизирано знаење, светската реална вредност може да се измери. Но оваа бројка која ке се добие од анализирањето и мерењето, неможе да претставува конечна, затоа што прогресот на знаењето кај човекот не е дефинитивен, па според тоа и технолошкото како и економското движење неможе да биде дефинитивно.

Денес, со моменталното општо стандардизирано знаење, невозможно е сите региони во светот, подеднакво да прогресираат.

Теоретски е возможно тој подеднаков светски прогрес да се случи, но само доколку сите региони на Земјата имаат ист прогрес во човековото знаење со исто технолошко и економско движење, притоа кај сите да не се појави желба и акција кон побрзо прогресирање на сметка со регрес према другите. Оваа практично е невозможно, затоа што таков е природниот Логос. Не сите региони на Земјата, подеднакво се со ист третман од страна на климата, вегетацијата и природните богатства, иаку постои тешко согледлива рамнотежа при распореденост на овие три. Освен тоа не сите луѓе, се подеднакво дарувани со исти квалитети и предиспозиции.

Текстот е извадок од книгатаВасилија – архитема на новото општество”, глава Б, 2015 година.

Tagged with: