Во блиска иднина ке има сериозен недостиг од квалитетна храна и вода, со можност во некои региони во светот да има нивен недостиг целосно како продукти!
Она што допридонело и ке придонесува до оваа состојба, во најголем удел учествува меркантилистичкиот поглед кон општествените економии, во кој за да се постигне што е можно поголема акумулација на паричен капитал, односно да се постигне што е поголем вишок на профит, дозволува и оправдува да се загрозува квалитетот на сите продукти кои се пласираат на пазарот, без разлика дали се основни за опстанокот на човечките битија.
Неолиберализмот стои зад меркантилизмот. Но проблемот во неолибералната концепција, која се изразува во еднаквоста на стоковно-паричните односи, е проблемот со постојаното спуштање на квалитетот на стоките, а помал интензитет во спуштањето на цената на стоката.
Заради профитот, нивото на квалитетот во содржината на продуктите постојано опаѓа, додека повторно заради профит, големо внимание се предава кај пакувачко-рекламниот дел од процесот.
Цените пак не се спуштаат на стоката, затоа што секогаш кога една брендирана компанија го намалила содржинскиот квалитет на производот, останатите помалку брендирани, охрабрени од постапката на „најугледниот” во своето поле (брендираната компанија), уште повеќе го намалуваат квалитетот на содржината, додека само мал број се одлучуваат да го зголемат квалитетот, во надеж и амбиција да се наметнат како бренд. Но и тука откако тие ке се наметнат како бренд, и тие го солидаризираат квалитетот со останатите брендирани производи.
Така потрошувачите заради влијанието од профитот се соочени со постојано намалување на квалитетот на стоките, но и со монопол во ценовното намалување.
Дополнително предизвикува проблем тоа што денес динамиката на технолошкото движење создава перманентна иновација, за разлика од минатото каде што немало такво технолошко „миље”, па имало помалку често и со стеснети можности и услови, произведувачите да пристапат кон драстично намалување на квалитетот на стоките и продуктите.
Современата доба ни носи ризик од поголемо и почесто до степен на крајност спуштање на квалитетот на стоките и продуктите, без притоа од страната на потрошувачите да има видливо забележување на промената.
Пример, потрошувачот купува домати кои изгледаат како домати, но тие содржат генетски модифицирани организми од риба или инсект, па според логиката тој производ ги нема природно-нутритивните својства на домат туку само изгледа како домат, и не е домат. Потрошувачот е измамен!. Или потрошувачот купува играчка, која изгледа како играчка, но внатре во неа има содржина од олово, па бидејќи има лоша содржина за децата, тој продукт не е за играње, односно не претставува играчка, итн., итн. (безброј примери кои ги согледуваме во пракса).
Опасниот спој помеѓу профитот и технолошкото движење, е целосно поддржан од меркантилистичкиот поглед и став, и тоа ке донесе кон побрзо општо загрозување на основните продукти и потреби кај човекот.
Текстот е извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”, глава В, 2015 година.