МАКЕДОНИЈА: НОВИ КАМПАЊИ ПОТТИКНАТИ ОД АНОНИМНАТА ИНИЦИЈАТИВА #БОЈКОТИРАМ

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Кратко по јавното морално капитулирање на пратениците во македонското Собрание, на 19 октомври, настан познат и како Црн Петок (според речникот на партијата ВМРО-ДПМНЕ), Президиумот на партијата Левица донесе одлука, на 20 октомври, за покренување на иницијатива за масовен народен отпор кон посегнатите уставни измени, а на 21 октомври јавно ја обзнани Декларацијата на отпорот која гласи:

„Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваат за промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја.

Политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обврзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткупи што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собранието на РМ. Македонија е заробена држава во нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.

Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлуки на нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот. Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.

Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпор против сите инволвирани во оваа уставно-политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:

  • Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“;
  • Итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори;
  • Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини протести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!

Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.

Ги повикуваме сите прогресивни сили да ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.

Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност!“ – од levica.mk

Со оваа постапка всушност, партијата Левица стана прва која јавно повика на одредени и конкретни активности против дејанијата во Собранието, но деновите што следеа по објавата на Левица, истите беа обвинувани по социјалните мрежи, за несериозност и неодговорност, од причина што со обзнанувањето на жестоката текстуална содржина на Декларацијата, многумина очекуваа активностите на оваа партија да се случат веднаш, по што упатија дополнително објаснување дека се мислело на план за протести и други активности кои треба да се случат на важни датуми, со цел да не се продолжи со непотребното исцрпување на енергијата на народот, кој веќе 4 години живее под постојана политичка криза и несигурност.

На веб-страната именувана како bojkotiram.mk, се објави Проглас, напишан на 29 октомври, кој има слична содржина и слични цели како и Декларацијата на Левица:

„Ние, граѓаните на Република Македонија, водени од мнозинската волја на народот изразена на двата референдума (задолжителниот од 1991 и консултативниот од 2018 година), се обединуваме против неуставниот и противзаконски т.н. Преспански договор, ги повикуваме сите здруженија, асоцијации, синдикати, институти, научни и високообразовни установи, неформални движења, интернет групации, политички партии, дијаспората, како и поединци, професори и други интелектуалци, уметници, спортисти, работници и др. – со сиот свој кредибилитет и јавен ангажман да се обединат сега, со една единствена цел: организирање континуиран и масовен Отпор кон посегнатите нелегитимни и нелегални уставни промени!

Нашата заедничка поддршка на овој Проглас не значи и наше идно заедничко политичко дејствување во борбата за власт на следните избори. Сите општествени чинители коишто го подржуваат овој Проглас, без оглед на идеолошките, политичките, верските или етничките разлики, манифестираат почит кон владеењето на правото и загриженост за иднината на државата, потврдувајќи ја историската зрелост на нацијата, ставајќи го општиот пред личниот интерес заради остварување повисока цел – зачувување на суверенитетот на Републиката и на правото на самоопределување на народот.

Главната причина за ова движење е арогантниот однос на власта која игнорирајќи ја јасно изразената волја на граѓаните против неуставниот т.н. Преспански договор, манифестирана преку масовниот бојкот кој резултираше со неуспешен референдум, на кој 2/3 од избирачите не го одобрија истиот!

Затоа, во овој драматичен историски миг за нашата Република, заробена од корумпирана политичка клика што најдрско ја игнорира и народната волја и Уставот, БАРАМЕ:

  • Итно и безусловно запирање на процесот на нелегалните уставни измени;
  • Еднострано правно поништување на октроираниот и веќе отфрлен т.н. Преспански договор;
  • Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право;
  • Трајна заштита на Името на државата, Македонија;
  • Распуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори.

Изразуваме решителност дека, доколку не се прифатат горенаведените барања, Отпорот ќе продолжи и расте, и несомнено ќе бидат употребени сите институционални и вонинституционални инструменти на ненасилен граѓански отпор.“ – од bojkotiram.mk

Зад овој Проглас, кој воедно повикува и на обединување на силите, објавено е дека стојат потписи на над 80-тина видни личности (меѓу кои и членови на Левица), црковни заедници и разни други организации од Македонија и од дијаспората.

На 4 ноември, пак, потписи на 80-тина организации од земјата и дијаспората, поттикнаа една друга кампања со слични цели како горенаведените, насловена како Македонија #Блокира. Од партијата Единствена Македонија, обзнанија дека е потпишана т.н. Повелба за стратешка соработка:

„Обединети околу уставната определба на Република Македонија како унитарна, демократска, социјална и национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право;

Цврсто залагајќи се за доследна примена на концептот на владеење на правото;

Уверени дека Република Македонија има свои интереси да го одбрани светото македонско име и дека оној што сака да работи на промена на името, тој може да се смета за добар Грк, добар Европеец или добар Натовец, но, не и за добар Македонец;

А, длабоко загрижени за иднината на нашата држава и засегнати од негативните тенденции на власта во Македонија за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ;

Ние, претставниците на опозициските политички партии во Република Македонија, здруженија на граѓани и невладини организации од земјата и светот, сплотени и единствени околу прашањето против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на избори, донесуваме ПОВЕЛБА ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА…“ – од edinstvenamakedonija.mk

Важно е да се напомене и тоа дека во различно координираните кампањи кои очигледно се поттикнати од народната/популарната и анонимна интернет иницијатива #Бојкотирам (која со крајно асиметричен распоред на средствата ги порази владините обиди за легитимизација на геноцидниот процес за менување на името преку референдумот), постојат објавени потписи од исти лица.

Активности на кампањите #Бојкотирам уставни промени и Македонија #Блокира

Од Македонија #Блокира, најавија протести пред домовите на пратениците кои гласаа позитивно за отпочнување на уставните промени во Собранието, а на 7 ноември, мирно протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, и при овој настан му доделија протесно писмо. Најавени се протести пред домовите на пратениците за денес во Охрид.

Протестот е закажан на Денот на Крсте Петков Мисирков

protest-Bojkotiram

Од #Бојкотирам уставни промени, најавија голем семакедонски протест пред Собранието на Македонија, на 18 ноември, ден недела, во 18 часот. А на Митровден, на прес-конференција одржана во хотелот Best Western, Скопје, потврдија за протестот, но и за тоа дека #Бојкотирам уставни промени и Македонија #Блокира, претставуваат две различни кампањи/движења со иста или слична цел, предводени од различни координативни тела.