ИЗБОРИ ВО ГРЦИЈА: НОВА ДЕМОКРАТИЈА ПОВТОРНО ОД ПОЗИЦИЈА НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Минатата недела, на 7 јули, се одржаа парламентарни избори во Грција, кои беа закажани како вонредни, веднаш по резултатите од изборите во ЕУ одржани на крајот од минатата пролет.

Кирјакос Мицотакис освои мнозинство во Булето и ја врати НД на власт

Иако нецелосно точно се пресликаа резултатите од изборите на европско ниво во овие национални избори во Грција, но и покрај „џокерот“ на Ципрас со поранешниот претседател на владата во Македонија, Владо Бучковски, со кој се обидоа да ги оцрнат со негативна кампања од НД во врска со нивниот став околу името „Македонија“ и преговарачките фази од минатото, сепак 51-годишниот Кирјакос Мицотакис кој е лидер на НД од 2016-та година, успеа како што се очекуваше, да освои мнозинство во грчкиот парламент.

Нова Демократија, која себеси се смета за центар-десничарска партија, освои некаде 39% од гласовите, со што го доби бонусот од 50+ пратеници, додека СИРИЗА, центар-левичарската партија под водство на Алексис Ципрас, освои некаде 31% од гласовите, и ја изгуби позицијата на државната власт. Трета по освоените гласови се најде новопреобликуваната партија составена од остатоците на некогашната ПАСОК (Πανελλήνιο Σοσιαλιστικό Κίνημα), наречена како „Движење за промени“ (Κίνημα Αλλαγής), под водство на Фотини (Фофи) Генимата, со 8% освоени од гласовите. Комунистичката партија на Грција (Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας) освои некаде 5%, додека останатите две кои освоија места во парламентот се т.н. партија Грчкото решение (Ελληνική Λύση) под водство на Кирјакос Велопулос со освоени 3.70% (која е дел од Европските конзервативци и реформисти), и прогресивистичката партија наречена како MeRA25 (Μέτωπο Ευρωπαϊκής Ρεαλιστικής Ανυπακοής), под водството на Јанис Варуфакис, бившиот (2015) министер за финансии на СИРИЗА, со освоени 3.44% од гласовите. Место во Булето по овие избори не добија од „Златна Зора“, односно партијата која користи националсоцијалистички симболи и партиски поздрави, и која го уважува историскиот период на диктаторот Јоанис Метаксас, а претходно учествуваше во грчкиот политички живот со 18 пратеници и беше трета партија по освоените гласови од претпоследните избори.

Grchki_izbori_2019_poligrozd.org

Ваквите резултати од изборите, многумина шпекулираат дека претставуваат ефект на незадоволство кај грчкото 10-милионско гласачко тело од договорот Димитров-Коѕијас потпишан во Нивици, со кој всушност официјално се отпочна нелегитимниот и недемократскиот геноциден процес за промена на името, со тоа и смена на карактерот на македонската држава и бришење на нејзиниот геополитички потенцијал. Но таквите тези не наидуваат на логично оправдување од причина што Грција преку тој договор апсолутно ги оствари своите интереси, заштитувајќи го status quo по однос на грчките граници, и станувајќи втора по ред стратегиски важна држава по Турција на нашиот Полуостров, со легитимно овозможеното право да ја спроведува својата политичка волја и светоглед целокупно врз Вардарската Долина и Солун. Грчките гласачи, очигледно повеќе се разочарани од Алексис Ципрас и политиката на сега веќе опозиционата СИРИЗА, од неостварените ветувања за драстичното намалување на мерките за штедење, за вработувањето, за излегување од еврозоната, за враќањето на драхмата како национална валута односно многу повеќе разочарани од слабите обиди на А. Ципрас за излегување од должничкото и економско ропство на Грција. Дека навистина повеќе постои разочарување од социјалната грчка политика одошто од надворешната грчка политика, говори и фактот што на овие избори за неколку проценти повеќе, грчките гласачи се одлучиле да гласаат за партиите од левиот идеолошки спектрум, оттргнувајќи ги за релевантни националистичките партии кои заговараат уште поагресивна надворешна политика.

Македонците во Беломорието кои гласале за СИРИЗА

Иронично, резултатите од овие избори во Грција покажуваат дека на многу од местата со средини каде сè уште доминира македонската свест и каде повеќе се говори на македонскиот дијалектен јазик, победа остварила партијата СИРИЗА:

  • во селото Забрдени/Лофи со 445 жители, 54.52% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 29.91% за НД;
  • во селото Лагино/Триандафилија со 83 жители, 54.24% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 27.12% за НД;
  • во селото Кучковени/Перасма со 499 жители, 49.32% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 26.02% за НД;
  • во селото Неред/Полипотамо со 482 жители, 48.91% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 27.87% за НД;
  • во селото Крапешино/Атрапос со 174 жители, 48.87% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 27.07% за НД;
  • во селото Горно Каленик/Ано Калиники со 325 жители, 48.52% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 32.91% за НД;
  • во селото Долно Котори/Идруса со 364 жители, 46.67% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 32.16% за НД;
  • во селото Горничево/Кели со 805 жители, 45.14% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 30.86% за НД;
  • во селото Крушоради/Ахлада со 301 жители, 43.63% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 36.04% за НД;
  • во селото Баница/Веви со 688 жители, 41.87% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 38.31% за НД;
  • во селото Горно Неволјани/Скопија со 571 жители, 40.84% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 33.33% за НД;
  • во селото Церово/Клиди со 139 жители, 40.51% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 31.65% за НД;
  • во селото Горно Котори/Ано Идруса со 402 жители, 39.91% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 22.02% за НД;
  • во селото Арменско/Алона со 237 жители, 38.76% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 24.16% за НД;
  • во селото Врбени/Итеја со 650 жители, 37.41% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 36.84% за НД;
  • во селото Петорак/Трипотамос со 356 жители, 34.77% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 33.11% за НД;
  • во селото Бел Камен/Драсопиги со 355 жители, 48.34% од гласовите биле за СИРИЗА наспроти 21.77% за НД.

Овој мониторинг, кој е сторен од грчките аналитичари, се однесува само врз населението составено од околу 7000 Македонци. Големата слика укажува на тоа дека НД остварила победа во сите грчки административни единици во Беломорието, односно дека убедливо победила во целокупниот регион на грчката држава наречен како „Македонија“. А по сè изгледа дека овие анализи се со цел поддршка на тезите на НД против СИРИЗА, кои говорат дека договорот од Нивици е во штета на грчките, а во полза на македонските интереси.

Во сино – административни единици во кои победила НД

800px-Greek_legislative_elections_2019_map.svg

 Ваквиот про-СИРИЗА став на дел од македонското малцинство во Грција, најверојатно е заради слабите контакти на Македонците од Беломорието со Македонците од другите делови од Македонија, кои доведуваат до слаба синхронизација на интересите. Но и заради тоа што Соросовата мрежа долго време ги манипулира угнетуваните Македонци таму кои во најголем дел имаат партизанска семејна традиција, и која им создала слика дека со СИРИЗА и договорот од Нивици следат подобри времиња и промени во Грција, во корист на македонските интереси (често се среќава во употреба слоганот „Поинаква Грција“). По потпишувањето на договорот, следеа отворањето на новиот граничен премин околу Преспанското Езеро, и привидните обиди за официјализирање и признавање на македонскиот јазик во ГПЦ и државните школи и универзитети, но истите без сериозни и конкретни резултати. А дополнително ова им даде на тежина во реториката на НД, која тврди дека договорот мора да претрпи ревидирање со уште построги и поконкретни правни рамки со цел заштита на „елинската цивилизација, историја, култура и наследство“ и „грчкото име“ Македонија.

Друг индикатор кој укажува дека поголем дел од Македонците веќе ги проѕреле манипулациите, и одбиваат да гласаат, се и резултатите во Лерин и Леринско (доминантна македонска етничка средина) од последните европски избори, каде повеќе гласови освоила ултранационалистичката „Златна Зора“ (која јавно повика и на воена окупација на вардарскиот дел од Македонија), од партијата ЕСА „Виножито“ (ΕΕΣ Ουράνιο Τόξο). Тоа јасно говори дека „Виножито“, како единствена партија која себеси се декларира како промакедонска, не ужива голема доверба и углед кај Македонците во тој дел од Македонија.

Резултати од изборите во ЕУ во Леринската околија

vinozito_evropski_izbori_lerin_poligrozd.org

НД повикува на нови преговори и промени во договорот од Нивици

Кирјакос Мицотакис не повика ниту на раскинување, ниту на поништување на договорот, кој е крајно спротивен од Универзалната повелба и правилата на ООН, со тоа и апсолутно ништовен по својата содржина и постапка, туку повикува на нови преговори кои ќе го изменат и/или надополнат договорот од Нивици. Доколку се земе во предвид слабоста, корумпираноста и кратковидноста на македонската политичка елита, можноста за блокирање од страна на Грција, како земја-членка, на интеграциите на „Република Северна Македонија“ во ЕУ, и моменталната стратегиска важност на Грција, наспроти избришаниот геополитички потенцијал на македонската (сега веќе анационална) држава, која традиционално нема силна врска и поддршка од ниедна од глобалните и регионалните сили, лесно претставува да се предвиди дека новото преговарање ќе значи целосно одземање и тотален геноцид врз Македонците, односно преименување можеби и на јазикот како македонски, построги, почести и поголеми казни за употреба во јавноста на знамето со Сонцето од Кутлеш и за употребата само на името Македонија, како и обележување и/или одземање на археолошкото културно наследство најдено на тлото на Македонија.

Веднаш по повикот на Мицотакис, јавно се огласија од врвот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, дека биле подготвени за „ре-преговарање“. Нивната „подготвеност“, би имала логика само доколку мислат претходно да се оттргнат од долго „ветуваните“ и долго очекуваните интеграции во ЕУ, па преку тоа во процесот на „репреговарањето“, Грција би настапила без својот најсилен адут за уцена односно без можноста за блокада за членство во Унијата, која и онака не би требало да следи по содржината на договорот од Нивици, но ист таков случај претставуваше и привремената спогодба остварена под медијаторство на Сајрус Венс, каде Грција не ја испочитува и сепак го блокираше влезот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт 2008-та година.

На овие парламентарни избори во Грција, излезноста изнесувала 57.92% од вкупно запишаните во Избирачкиот список.