Првин би сакал малку да се навратиме во зачетоците на „демократијата” (demos=народ, kratein=владеење, односно владеење на народот) Атина, V век пр. н.е., во не толку далечна историја ако го сметаме периодот кога човекот за прв пат почувствувал потреба (социолошка, биолошка, економска) односно егзистенцијална потреба за да живее и функционира во заедница. Првично ваквиот концепт на уредување на државата е основан од луѓе-филозофи (љубители на мудроста) и мислители, кои секако биле вклучени во политичкиот живот на тогашната античка Атина, и истите сметале дека оваа нова идеја е идеолошки сосема коректна односно применлива за подобрувањето на животот во заедницата, преку вклучувањето на сите граѓани во политичките процеси на едно општество и држава.
Демократијата како и сите други државни уредувања кои доаѓаат во примена подоцна во човечката цивилизација, првично „на лист” имала димензија на нова ера во организирање на државата, односно намалување на моќта на монарсите (од mono=еден и arkh=првенец), и „благородните владетели” – олигарси или луѓе кои со самото раѓање низ нивните вени течела „плавата крв” (наследна моќ по пат на крвно сродство) со што би се ставило крај на истата привилегија, односно дискриминација врз останатото население во заедницата. Демократијата како „идеологија” (затоа што дотогаш немала примена во ниту една држава) најпрвин ке им послужи на граѓаните во Англија и Франција во XVII век, на кои преку процес на граѓански крвави војни и насилно уривање на тогашните апсолутистички монархии, ке се изборат општествено-политички промени кои ке послужат за активно вклучување на обичниот граѓанин/државјанин во општествените процеси – во создавање на ткн. парламентарна/собраниска демократија.