ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

Првин би сакал малку да се навратиме во зачетоците на „демократијата” (demos=народ, kratein=владеење, односно владеење на народот) Атина, V век пр. н.е., во не толку далечна историја ако го сметаме периодот кога човекот за прв пат почувствувал потреба (социолошка, биолошка, економска) односно егзистенцијална потреба за да живее и функционира во заедница. Првично ваквиот концепт на уредување на државата е основан од луѓе-филозофи (љубители на мудроста) и мислители, кои секако биле вклучени во политичкиот живот на тогашната античка Атина, и истите сметале дека оваа нова идеја е идеолошки сосема коректна односно применлива за подобрувањето на животот во заедницата, преку вклучувањето на сите граѓани во политичките процеси на едно општество и држава.

Демократијата како и сите други државни уредувања кои доаѓаат во примена подоцна во човечката цивилизација, првично „на лист” имала димензија на нова ера во организирање на државата, односно намалување на моќта на монарсите (од mono=еден и arkh=првенец), и „благородните владетели” – олигарси или луѓе кои со самото раѓање низ нивните вени течела „плавата крв” (наследна моќ по пат на крвно сродство) со што би се ставило крај на истата привилегија, односно дискриминација врз останатото население во заедницата. Демократијата како „идеологија” (затоа што дотогаш немала примена во ниту една држава) најпрвин ке им послужи на граѓаните во Англија и Франција во XVII век, на кои преку процес на граѓански крвави војни и насилно уривање на тогашните апсолутистички монархии, ке се изборат општествено-политички промени кои ке послужат за активно вклучување на обичниот граѓанин/државјанин во општествените процеси – во создавање на ткн. парламентарна/собраниска демократија.

Ние денеска сме сведоци дека демократијата како уредување, влезе на голема врата во светот и наоѓа официјална „примена” во некаде околу 80-тина држави – членки на ОН, но и сведоци на секојдневно „бомбардирање” со информации преку медиумските гласила, дека истата е најдоброто уредување, и за која секоја држава би требало да тежнее да ја воспостави во својот општествено-политички живот. Исто како некој уличен продавач кој сака да ви продаде некој електронски уред за евтини пари, така и демократијата кога некој толку сака да ја наметне, добива вкус на измама, на нешто неквалитетно, кое продавачот сака да ви го продаде па и за најниска цена (притоа убедувајќи ве дека и не би имал никаква заработка за тоа, замислете!!!). Самата демократија ваква каква што ја познаваме е општествен механизам, односно е ново руво за владеачките глобални и локални елити, со кој си ги остваруваат во поголем дел само личните идиотски интереси, кои за разлика од претходните (монарсите) овие демек доаѓале на власт по волјата на народот. Оваа нова модерна форма на „монарси” и „олигарси” успеа да го доведе во илузија секој граѓанин дека во ткн. демократија, граѓанинот преку своите избраници ќе го подобрувал квалитетот на животот како и севкупната состојба во општеството. Има безброј негативни примери насекаде низ светот, дури и во нај-„демократските” држави, дека демократијата е дисфункционална (полна со аномалии), односно не постои политичар или нео-капиталистички моќник кој не е подложен или извирач на корупцијата (од co=заедничко и rumpere=рушење), криејќи се зад „дебелото балистичко стакло” (отпорно на кривична одговорност) на функцијата која ја извршуваат. Не постои институција, не постои закон, кој не е злоупотребен било каде во светот, за да се одржи, задржи или да дојде нова група на „чесни” политичари кои многу ке се грижат за обичниот граѓанин. Секогаш кога на човек му се доделува толкава моќ од страна на општеството, истиот колку и да е чесен некогаш или (помногубројните) секогаш ке падне(ат) во искушенијата за злоупотребите.

Време е за човештвото доколку искрено се грижи за достојна егзистенција, да отпочне процес на создавање на друг (постмодерен) начин на заедничко општествено функционирање, на отпочнување на нова етапа на глобализација, каде секој граѓанин ке има еднакви шанси за живот, каде секој ке биде ист пред законот, каде сиромаштијата ке биде искоренета или барем намалена, бидејќи истата е вештачки создадена поради ненаситноста на мал број на луѓе – олигарси/плутократи и каде нема да се фингираат војни и насилства создадени исто така поради големите апетити на моќниците во најголемите демократии. Дури и би се осмелил да кажам дека некогаш во далечна иднина, ке се избришат и границите на секоја држава, затоа што и така служат само за отпочнување на конфликти, и секако додатно страдање на обичниот смртник – ЧОВЕКОТ.

Авторот на текстот е дипломиран правник.