Tag Archives: Денот на востанието

11-ТИ ОКТОМВРИ – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ?? (2017)

Историографскиот дел за многу важниот датум кој денес го празнуваме, попознат како Денот на народното востание, можете да го прочитате во истоимената статија од 2016 година (линк).

Многу е важно да се знае духот на овој празник, затоа што тој дух (про-народен/филолаон/алтруистичен) ни е потребен, бидејќи само доколку надвладее тој добар дух/евдемон, само така можеме да се оттргнеме од овој општествено-политички и социјален хаос, кој не осипува со негативни мисли, состојби спротивни од смирение, и она најлошото – обесхрабрување и деморализирање односно никакво корисно бездејствие (или плунка кон животот). Иронијата ке е поголема, кога ке излезат јавно да одадат „почит” официјалните државни претставници, и кога ке ни читаат пишани текстови од професионалните цитатолози, затоа што безмалку сите нивни досегашни одлуки од 1991 година па до денес, се спротивни и од духот на овој празник, но и од интересите на она што произлегло како краен производ од народното востание – АСНОМ (македонска држава). Но, и онака знаеме дека станува збор за марионетки, така да тие ке продолжат со својот театар. Нам ни е битно, барем за момент тоа кратко оттргнување од хаосов, со цел да разбереме, што се случува и зошто, односно согледување на вистината, и како нешто би можело да се смени на подобро односно корисна теорија и пракса.

… ПОВЕЌЕ

11-ТИ ОКТОМВРИ – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ??

Овој ден 11-ти Октомври, во историографска смисла се смета дека е денот кога во 1941 година започнало востанието на Македонскиот народ против окупаторот преку НОБ. Со тој чин Македонците самостојно и народно организирано објавиле антиквинслишка насока и антифашистичка борба. Постојат забележани сведоштва и пишани историски материјали кои укажуваат дека и пред 11-ти Октомври, имало самостојни дејствија против окупаторот. Таквите рани дејствија се одвивале месец или повеќе претходно пред месецот Октомври 1941 година. Но овој датум е одбран затоа што се смета дека оттогаш се започнало со организирање на помасовни одреди и востанички формации, заедно со нападите кон окупаторот. На 11-ти Октомври во Прилеп преку три востанички групи составени од вкупно 16 партизани биле нападнати позициите во прилепско на окупаторот. Околу овој датум биле создадени или се осознало за Козјачкиот одред кој бил формиран кај месноста Студена вода и Карадачкиот одред кој бил формиран кај месноста Менкова колиба. Постои и сосем безначаен спор со мал интензитет помеѓу постарата генерација за тоа кој е првиот Град-Херој, односно каде првин пукнала „првата пушка”: Куманово или Прилеп? Без разлика на тоа, севкупните дејствија на партизаните на територијата на цела етничка Македонија, од овој датум до 1945-тата година, капитулацијата на Италија, повлекувањето на германските единици, како и размрданиот англо-саксонски „синџир” на Полуостровот, создале услови кои овозможиле простор за здив од главните антагонистички политичко-моќни сили, и преку вооружена борба се дало позитивен плод за народот, каде преку првото заседание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински, Македонскиот народ ја официјализирал својата политичка победа преку создавањето на сопствена македонска држава.

… ПОВЕЌЕ