Tag Archives: потрошувачко општество

CAPITALIST NIHILISM

Capitalism is a nihilistic order, not only for its rejection of the value-based judgment, but also because it destroys the life-creating potential of man and nature. Capitalist nihilism is not merely characterized by its anti-human but also by its anti-existential nature. Nature “knows” that death is a precondition for rebirth, but it does not “know” the annihilation of life. In nature as in history, death opens a possibility for new life: by its nature death is life-generating. Capitalism destroys the very cycle of death and rebirth, that is, the life-generating potential of death, and produces a destructive nothingness.

… MORE

КАПИТАЛИСТИЧКИ НИХИЛИЗАМ

Капитализмот не е само нихилистички поредок по тоа што го отфрла вредносното расудување, туку и по тоа што ги уништува продуктивните потенцијали на природата и човекот. Капиталистичкиот нихилизам нема само анти-хумана туку и анти-егзистенцијална природа. Природата „ја познава“ смртта, која е услов за повторно раѓање, но не и за уништување на човекот. Во природата и во историјата смртта отвора можност за нов живот: таа е продуктивна по својата природа. Капитализмот го уништува самиот циклус на умирање и раѓање, што значи продуктивните потенцијали на смртта и произведува деструктивна ништовност.

Капитализмот не создава само тоталитарна држава, туку и тоталитарно општество. Имено, самиот живот стана тоталитарна моќ која го формира карактерот на луѓето, нивната свест, меѓучовечките односи, односот спрема природата… Човекот станува уништувач не само по пат на трудот и потрошувачката, туку и по пат на капиталистичката животна сфера, што значи живеејќи капиталистички начин на живот кој се одвива 24 часа и кој никого не штеди. Капитализмот ги присилува луѓето да живеат деструктивен живот и на тој начин стануваат соучесници во уништувањето на светот. Се повеќе немилосрдниот живот, кој се заснова на се побрз процес на капиталистичка репродукција, им дозволува на луѓето да преживеат само доколку се однесуваат во согласност со владејачките процеси. Тоа е причината за еден од најкатастрофалните облици на општествена патологија: се настојува луѓето да се лишат од основните човечки карактеристики за да преживеат во капиталистичкиот тоталитарен свет. Во капитализмот човекот не се „усовршува“ по пат на развој на своите специфични хумани сили, што значи како историско битие, туку по пат на владејачкиот модел на живеење кој го лишува од природноста и човечноста. Основ на малограѓанската трагичност е во тоа што малограѓанинот се вреднува себеси по пат на владејачкиот вредносен модел кој го обезвреднува човекот. Неприкосновенoто владеење на принципот „Парите не смрдат“ насочува кон тоа човекот да се изложи на најлошо понижување и да прави најлоши злосторства за да би заработил пари и општествена афирмација. Не станува збор за „бегство од слобода“ (Фром), туку претставува бегство од одговорност за уништување на животот, она што доминира во најразвиените капиталистички општества. Тоа е основата на современиот конформизам. Тој нема само анти-слободна, туку пред се анти-егзистенцијална природа. Малограѓанинот ја оттргнува од себе секоја одговорност за уништувањето на животот и ја пренесува на „Господа“, на сонцето, ѕвездите, библиските и други пророштва, на „тајните сили на Земјата“ кои се појавуваат во облик на „масонски ложи“ и други групи кои делуваат „од сенка“. Наместо се повеќе да се насочува драматичната криза за егзистенција во борба против капитализмот, таа се насочува во бегство кон илузорни светови кои ги нудат индустријата на забави, секти, дрога, алкохол… Истовремено, потрошувачката е најважен облик на бегство од одговорност за уништување на светот. Развојот на опортунитетниот менталитет, што значи потполно давење на човекот во капиталистичкото мочуриште, претставува облик на бегство од реалноста. И тука се потврдува принципот дека капитализмот кој од последица на уништување на светот и на човекот создава извори на профит е од универзален карактер.

… ПОВЕЌЕ