ПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВ – ПОВЕЌЕ ЗА РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА
Пред три дена (10 август) пристигна во Србија Марија Захарова, портпарол на руското МНР, каде оствари средба со српскиот министер за надворешни работи И. Дачиќ, лидер на Социјалистичката партија во Србија и човек кој е познат на македонската јавност по своите негативни коментари за Македонија. Оваа средба е важна од причина што пред српската јавност М. Захарова, која вчера ја заврши својата дводневна посета во Србија, ги појасни/потврди ставовите на Руската Федерација кон косовското прашање и кон дијалогот Белград-Приштина, ставови кои имаат голема веројатност да останат непроменети во блиска иднина.
Косовското прашање кое се разгледувало во Советот за безбедност на ОН, каде е усогласена резолуцијата 1244, со сета проблематика која ја има за тежина оваа политичко прашање, и кое претставува важно за status quo иднината на политичката географија, можеби и за иднината на етнографијата на нашиот Полуостров, стана зачестено по медиумите во регионот и допрва ќе станува интензивирано во периодов што следи доколку ги земеме во предвид редоследот на дијалогот Белград-Приштина и засилените притисоци кои доаѓаат од страна и кои се во корист за конечното решавање на овој проблем. По однос на ова високиот руски државен претставник ги истакна трите става на Русија во кои руската страна: 1) не ја прифаќа тезата дека независност на т.н. Република Косово е веќе остварена преку декларацијата (Обама како тогашен претседател на САД во 2014-та се обиде да манипулира велејќи дека тоа било сторено преку референдум) од 2008-та година со која покраината која легално спаѓа во составот на Р. Србија (по Уставот на Р. Србија од 2006 година, степенот на важноста на Косово и Метохија како поим за српскиот народ е издигнат на ниво на најсуштинско нешто, преку политичко-правното потенцирање во Преамбулата на српскиот Устав), противречно на внатрешното право на српската држава и противречно на меѓународните правни рамки се самопрогласи за држава; 2) исто така беше истакнато дека руската дипломатија ги отфрла обидите оваа прашање да биде претставено и кон него да постои третман како на посебен пример и 3) Русија ќе се противи на обидот да се избрише историската меморија за битисување на некогашната традиција и култура на косовското тло, во кои преовладуваа словенски и православни елементи. Русија ќе поддржи договор доколку преку дијалогот биде договорен во согласност со меѓународното право и доколку Белград смета дека тоа е најдоброто за Србија.
Важноста од исходот за Македонците
Во оваа политичка констелација на нашиот Полуостров, веќе постојат обиди и намери, за решавање преку „разграничување“ – термин кој е зачестен во речникот на српските политичари и политичари со албанско потекло од КиМ односно од страните што официјално се вклучени во дијалогот за решавање на оваа прашање, и термин преку кој најверојатно се предвидува конечно решавање со ново (и строго) дефинирање на политичките и етнографските простори на нашиот Полуостров. Веднаш по пристигнувањето на М. Захарова во Србија се појавија и шпекулациите за лобирање на Беџет Пацоли (т.н. министер за надворешни работи на привремените косовски институции) заедно со А. Јахјага, пред странски дипломатски претставници на наводно тајна средба остварена во Црна Гора, преку кое се барало со решавањето на косовското прашање во ист период да се направи „разграничување“ за Албанците и во Македонија и во Црна Гора, додека албанските политички претставници од локално ниво во Прешевската Долина (трите општини од Јужна Србија) неодамна направија обид и тие да бидат вклучени за преговарање во овој дијалог и испратија барање (претходно усвоија декларација) нив да ги застапува „косовската страна“. Поедноставено ова значи обид да се припреми теренот за вештачко прекројување на границите, каде дел од Македонија во својство на објект (а не субјект) некој од страна ќе одлучи дали, на кој начин и колку ќе и биде одземен, но доколку се отвори Пандорината кутија преку „разграничувањето“ и македонската страна би можела да бара „разграничување“ на Македонците во Косово, преку областа Гора, а многу возможно и преку енклавата Штрпце која е доминантно словенофонска и православна. Дополнително преку идејата за „разграничување“ се предвидува формирање на две поголеми држави кои ќе почиваат врз идејата на „чисти“ етнодржави: Србија и Албанија – која ќе ја пресече комуникацијата долж долините на реките Вардар и Морава, и тоа веќе не е тајна дека претставува долгопосакувана англосаксонска желба. Оваа идеја е целосно спротивна на сфаќањата и вистинската (природна) состојба на нашиот Полуостров, кој има мултиетнички карактер – карактеристика која не претставува слабост туку суштина на оваа област доколку се најде во услови на меѓусебна почит.
Српската народна интелигенција со негативен став кон идејата за „разграничување“
Слика од интернет кампањите против поделбата на КиМ
Иаку зачестено политичкиот врв на Србија започна да го употребува овој поим, со што се дава индикатор дека ова „решение“ како решение сè повеќе се прифаќа од нивна страна, сепак српската млада и народна интелигенција остро преку разни дебати и кампањи се спротивставува на оваа идеја, сфаќајќи дека преку „разграничувањето“ се губи 90% од територијата на КиМ – територија која српската историографија ја согледува како за оригинерно српска, воедно се признава поразот и се легализира окупацијата сторена на тој дел од Р. Србија. И при таа состојба народната интелигенција разбира дека Србите ќе ризикуваат да се соочат со поголем притисок врз јужните делови (од Прешевска Долина до Ниш) и Санџак, со што во услови на уште поголемо општо разочарување (доколку го признаат поразот и ја легализираат окупацијата) ќе овозможат лесна понатамошна албанска експанзија длабоко во внатрешноста на српската територија. Возможно е при вакво идно решавање на оваа прашање преку прекројување на границите, со барања за „разграничување“ да се јави и Бугарија за случаите во Источна и Југоисточна Србија, а како пракса и пример за објавување на независност од косовскиот, да се послужат муслиманите од Санџак и политичките застапници на идејата за осамостојување на покраината Војводина и нејзино претворање во држава.
Марија Захарова во текот на својот престој го посети и собирот на трубачи „Гуча“, каде беше прогласена за почесен гостин.