АЛТЕРНАТИВНИ МЕДИУМИ: РАЗОТКРИВАЊЕ НА ДОГМАТА

Алтернативните медиуми (Alt-Media) и нивната соодветна онлајн заедница можат да бидат богатство на знаења и задлабочен дискурс во сè поцензурираниот свет, но исто како и нивните колеги од главните медиуми (Mainstream Media) кои одат во голема мера кон отвореното диференцирање, исто така постојат одредени догми својствени за овој информативен простор што понекогаш го отежнуваат појаснувањето на разликата помеѓу објективните факти и наративите за „размислување“.

Информативната доминација на САД по Студената војна заврши и конечно може да се зборува за мултиполарност во меѓународниот медиумски простор, со воглавно финансирани од јавни пари медиуми какви што се Русија Денес (RT) и Кинеска Глобална Телевизиска Мрежа (CGTN), презентирајќи алтернативна анализа на настаните и давајќи глас на фигурите кои честопати се игнорирани од главните медиуми (MSM). Освен тоа, во последниве неколку години се појавија бројни алтернативни медиуми (Alt-Media), а возбудливиот резултат на тоа е што луѓето ширум светот кои се противат на униполарноста се обединуваат за првпат, формирајќи просперитетна интернет заедница.

Безбројните интелектуални можности што оваа состојба ги обезбедува за просечниот човек насекаде на оваа планета, никогаш неможе да се преценети, додека заедницата (Alt-Media Community) е една од единствените платформи во која некој мора да се поврзе со други слични индивидуи и да придонесе за „колективното“ постојано проширувачкото богатство на знаења, доколку тие така одлучат.

Како и да е, ситуацијата не е толку розова како што изгледа, бидејќи сите масивни заедници – дури и релативно децентрализираните како Алтмедиата – имаат тенденција да преземат одредени карактеристики на „групно размислување“, што на крајот ќе се преобрази со текот на времето во она што може да се опише само како „догма“, или повеќе колоквијално кажано: во „политичка коректност“. Не станува збор да се каже дека секој алтмедиумски канал и член на заедницата влегуваат во ова, сепак е загрижувачки трендот кој ќе биде екстраполиран во оваа анализа во надеж за зголемување и широко распространување на свеста за овој информативен рак.

Догмата е толку опасна за (Alt-Media) заедницата, затоа што доведува до самоцензура или понекогаш дури и до агресивно малтретирање на добро поставените гледишта на членовите, кои на крајот ги замаглуваат линиите помеѓу овој информативен простор и MSM (оној на главните медиуми), за кој се претпоставува дека луѓето се обидуваат да го избегнат. Јавно финансираните медиумски канали не ја практикуваат догмата колку и нивните помалку „официјални“ колеги или не до таа мера како и тие, така што читателот треба да има на ум дека следните точки кои ќе бидат адресирани, најчесто се релевантни за оние второспоменатите актери и приватните лица кои го формираат темелот на заедницата.

Добивајќи го „оградувањето“ надвор од патот, време е да се сврти вниманието на статијата кон најчестите примери од догмата во (Alt-Media) заедницата. Она што следува ќе биде листа на нивните главни точки и реален пример „од теренот“, кој ги разобличува секоја од нив, покажувајќи колку се само смешни и контрадикторни, иако треба да се забележи дека ова не е сеопфатна колекција и дека постојат многу повеќе што можат да се додадат во оваа датотека. Во секој даден редослед, тие се:

САД лажеше порано, така што секогаш лаже и на ништо што нејзините претставници зборуваат нетреба понекогаш да им се верува

„Буш лажел за ирачкото оружје за масовно уништување, така што не постои начин на кој Стејт департмент-от сега ја кажува вистината, предупредувајќи нè за претстојното севернокорејско нуклеарно оружје или ракетен тест, иако тие веќе неколку пати беа во право во врска со ова.“

САД/Израил/Саудиска Арабија/Турција/ итн. (Другата страна) се воглавно злобни и никогаш не ја прават вистинската работа

„Невозможно е САД да направи вистинска антитерористичка операција било каде во светот, „Израил“ не е во ред поради тоа што не ги протерал руските дипломати во средиштето на Скрипал-скандалот бидејќи ништо што го прави не може да се пофали, и растечките односи на Саудиска Арабија со Русија и Кина треба да се осудат, поради принципот сè што Ријад прави е лошо.“

Било што, што е поддржано од претставниците на „другите страни е погрешната страна

„Саудиска Арабија нетреба да се осмелува да инвестира во земјоделски проекти во Африка, бидејќи само на иранските бизнисмени им е дозволено да го подобрат животниот стандард на страдалните маси.“

Русија/Кина/Иран/Сирија/ итн. (Нашата страна) се воглавно праведни и секогаш ја прават вистинската работа

„Иран ја има најпринципиелната надворешна политика во историјата на светот, и беше во право кога ги поддржа вооружените исламски екстремисти во Босна и кога го прослави атентатот на Гадафи, иако овие два случаја беа против интересите на Русија во секоја од ситуациите; исто така, Русија беше во право кога го осуди ракетниот напад на Хутите кон Ријад на речиси ист јазик каков што беше случај со САД, и покрај тоа што беше спротивно на ставот на Иран кон ова прашање.“

Твојата страна е обожувана, „другата страна е демонизирана

„Иран е „бог-држава“ и претседателот Путин е најблиску до што човештвото некогаш ќе има до „второто доаѓање на Исус“ во нашите животи, додека претседателот Ердоган е олицетворение на „злото“, иако Техеран и Москва ги продлабочуваат своите односи со него.“

Сè е црно и бело и нема сива зона, линиите на битката секогаш се јасно дефинирани и никогаш не се менуваат

„Турција секогаш ќе биде „зло“ и никогаш нема искрено да соработува со Русија во конструктивното – иако несовршено – решавање на хибридната војна на терор врз Сирија, која помогна да се разгори заедно со САД и сето она што го прави претседателот Путин заедно со претседателот Ердоган е само за да ги измами американските „подредени“, за да ја направат вистинската понуда на Русија во секој даден момент.“

Сите догматски контрадикции можат да бидат објаснети со теоријата за Мастер планот“

„Неуките простаци“ кои не биле „просветлени“ од алтернативните медиуми (Alt-Media) неможат да го разберат генијалното размислување на „божјата држава“ и „вториот Исус“, па наместо „скверно“ да укажуваат на очигледната спротивност со догмата во справувањето со Босна/Либија и „Израил“/Саудиска Арабија, сите ние треба да имаме верба дека тоа е само 5-Д шах-потег за напредување на „мастер планот“, кој е надвор од можното разбирање на секое човечко битие.“

Сите американски партнери се марионети во сето она што го прават и неможат да донесат никаква одлука без претходно одобрување од Америка

Израил“, Саудиска Арабија, Турција и новонастанатите и стратешки односи на Пакистан со Русија и Кина не се она што тие изгледаат дека се, и претставуваат навистина сложени стапици изложени како дел од злобниот американски „мастер план“, но оној за кој претседателите Путин и Кси веќе се свесни поради нивниот „побожен“ увид и кои неизбежно ќе бидат попречени од нивните сопствени „мастер планови“, кои неможат да се артикулираат а камоли да се разберат.“

Сојузниците од Студената војна од нашата страна секогаш ќе останат исто, исто како и нивните непријатели

„Русија и Пакистан беа ривали во старата Студена војна, така што нема начин да станат сојузници во новата Студена Војна, но оваа догма не се однесува на Русија и Кина од необјасниви причини, што само претседателите Путин и Кси можат да ги разберат како дел од нивните разработени „мастер планови“.“

Сите земји што не претставуваат американски марионети, се спротивставуваат на тоа, и сите се во совршен договор еден со друг цело време

„САД е геополитички спротивставен и на Русија и на Иран, така што нема шанси овие две да имаат какви било несогласувања во нивните повоени политички визии за Сирија, и секој што ќе каже поинаку е „провокатор“ кој сака да ја дели „нашата страна“.“

Невозможно е да се објасни настанот без да се поддржи

„Само зборувајќи за тоа како односите на Русија со „Израил“ и Саудиска Арабија се објективно подобри отколку што биле во било кој момент претходно во нивните истории, значи богохулно да се предаде „каузата“ со „поддржување“ на непростливото, но истакнувајќи ги односите на Америка со овие исти два актера претставува чин на услуга на „каузата“ со подигање на свеста за малигните намери на Вашингтон.“

Viva Троцки! Постојаната револуција живее во алтернативните медиуми (Alt-Media)

„Секое нешто што секој Алтмедиум или поединец го вели или јавно го објавува, мора да биде во корист на „причината“, и секој односно било кој што го привлекува вниманието на „божествата“ со противречност кон догмата на заедницата или недоволно ревносно ја прифаќа „причината“, мора да биде замолчен, засрамуван и избришан од инфо-сферата.“

Агенциите за разузнавање на другите страни (ЦИА/Мосад/МИ6/Стратфор/Сорос/ итн.) се инфилтрирале“ во заедницата

Веродостојни извештаи докажаа дека „непријателот“ се обидува да се „инфилтрира“ во заедницата, така што тоа значи дека секој што не маршира позади своите лидери и не се придржува кон „свирежот на кучињата“ прикажан од „нашите страни“ е шпион на ЦИА/Мосад/МИ6/Стратфор/Сорос, кој мора да биде дискредитиран со колку што е можно повеќе ad hominem (лични) напади, пред да биде уништен.“

Најгласните и највулгарните членови на заедницата ја водат Причината“

„Што погласно и погрдно Алт-такфиристите ги искоренуваат „неверниците“ кои се „инфилтрирале“ во ранг на заедницата, толку повеќе се лојални на „причината“, а со тоа и со повеќе право да ги водат сите кон „ветената земја“ како модерни „пророци“ за кои се преправаат дека се.“

Заедницата (на Alt-Media) го штити слободниот говор на своите членови за разлика од MSM

„Можете да кажете или верувате во што сакате во Алтмедиата (Alt-Media), само немојте јавно да ги искажувате своите ставови доколку постои дури и најдалечна шанса тие да бидат толкувани од еден инквизитор на заедницата (Alt-Takfiri) како мал предизвик на многуте догми кои општо го дефинираат овој информативен простор.“

Конструктивно критикувајќи земја од „нашата страна е еднакво на распнување на својот лидер и кршење на нејзиниот кредибилитет за мека моќност (Soft Power)

„Без оглед на тоа како некој се чувствува во врска со поранешната политика на Иран во Босна и Либија или во моментов за цврстите односи на Русија со Турција, Саудиска Арабија и Пакистан, секоја конструктивна критика кон нив е еквивалентна на личен напад на „божјата држава“ и „вториот Исус“, и никогаш нема да се толерира поради веројатно огромната штета што би можела да ја нанесе на меката моќ на нивната земја.“

Она што Заедницата мисли, „нашата страна „треба да прави, е она што сигурно ќе направи без разлика на сè

„Русија/Кина/Иран треба да го сторат тоа, ова или она, бидејќи тоа „прави најмногу смисла“ и чисто се совпаѓа со догмата на заедницата, што значи дека тие навистина го прават тоа и сите согледувани грешки на алтмедиумската „политичка коректност“ се само дел од „мастер планот“ кој ќе се открие со текот на времето.“

Настаните можат да се согледуваат само низ призма на причините за еден проблем што сè на крајот води назад до него

„9/11-настанот беше сомнителен и ционистите имаат непропорционално влијание во светот, така што ова значи дека хибридната војна кон Венецуела мора некако да го пронајде своето потекло со прикривање на она што се случи на 11 септември и зголемувањето на глобалната моќ на ционистите, и доколку се каже поинаку се одобрува официјалното наративно прикажување од 9/11 и се става на страна со ционистите.“

Фејсбук статии, мислења и аргументи се најмоќниот начин за промена на меѓународните односи

„Разговарајќи за растечките геополитички разлики помеѓу Кина и Индија, ова некако се претвори во реалност со тоа што се мотивираа нивните раководства да се натпреваруваат едни со други, што наликува на здружување со „непријателот“ со тоа што го правиш неговото „наддавање“, бидејќи секој знае дека владите од „нашите страни“ ги читаат сите објави на Фејсбук ширум светот и се под влијание на она што секое случајно лице во заедницата говори, во било кое дадено време.“

Сите луѓе во јавно финансираните алтмедиумски платформи, тајно насочуваат/инсинуираат владини погледи и се вклучени“ во мастер планот“

„Иако јавно финансиран немора секогаш да значи „контролиран од државата“, и дека заедницата мора постојано да го објаснува тоа што се однесува до своите клеветници од MSM, нејзините членови мора догматски да веруваат дека Кремљ и другите центри на моќ од „нашата страна“ ги користат сите фигури кои се појавуваат на овие платформи за да испратат совети за тоа во што тие влади навистина се убедени, но ние мора селективно да го спроведуваме овој стандард во „повикувањето“ на „инфилтрираните“ кои Русија и другите се „премногу прости“ за да сфатат дека тајно влегле во нивните редови и ги „саботираат“ нивните надворешни политики со тоа што ги прекршуваат нивните догми.“

Победата е неизбежна и нашата странасекогаш победува

„Не е важно што САД ја спроведоа „Арапската пролет“, го предизвикаа Евромајдан (EuroMaidan) и ја опкружуваат Кина со „коалицијата за задржување“, бидејќи теоријата на „мастер планот“ нè учи дека тие се всушност победи за Иран, Русија и Кина, која никогаш не претрпела никакви пречки и не може да престане да победува поради моментумот на историјата и „непосредната“ смрт на „империјата“.“

Сите немири се 100% конспирација од американско потекло што произлегуваат од никаде

„Сè беше секогаш совршено насекаде во светот и луѓето живееја во вистинска „Едемска градина“ се додека не дојде САД и магично не ги измисли сите овие етно-верски и територијални проблеми, бидејќи е невозможно да се верува дека постои такво нешто како претходно постоечки проблеми, што Вашингтон во голема мера ги искористи, бидејќи со тоа ќе се признае дека Америка неможе да се обвини 100% за сè лошо што се случило.“

Сите избори од другата страна се предодредени и претставуваат ништо повеќе од изведени чекори за спроведување на нивните мастер планови

Брексит и Трамп не беа најголемите популистички проблеми во современата историја, всушност се дел од „мастер планот“ на британските и американските елити за кои народот во крајна линија нема да каже така, иако повторното избирање на претседателите Путин и Рохани беа најчистите изрази на демократијата какви што историјата некогаш забележала, бидејќи сите знаат дека само „нашата страна“ им овозможува на луѓето да ја изразат својата волја, но никогаш и „другата страна“.“

Не е злоупотреба или онлајн провоцирање/навредување (Trolling), доколку некој од Алтмедиумот го прави тоа

„Луѓето избегаа од мизеријата на MSM за да се приклучат на „просветлената“ заедница на Alt-Media, затоа никогаш не обвинувај никого од твоите колеги, „браќа“ или „сестри“ по „причина“ кога вербално ве злоупотребуваат или „тролаат“, затоа што тие никогаш не би го направиле тоа, освен ако не се „инфилтрирани агенти“, па доколку имаш проблем со тоа што некој го вели, тоа е така затоа што вашата верна приврзаност кон догмата не е толку силна како што е нивната, и навистина може да научите нешто со замолчување и безусловно прифаќање на она за што тие возбудено зборуваат, па дури и да станува збор за ирелевантни напади против вас лично.“

Првото правило на Боречкиот клуб (Fight Club – од истоимениот филм) е никогаш да не се зборува за Боречкиот клуб, исто како што првото правило на Алтмедиумот е никогаш да не се зборува за својата Догма

„Никогаш не прекршувајте го оваа водечко/кардинално правило, во спротивно ќе бидете злонамерно отстранети од заедницата, во моментот кога јавно ќе откриете нешто за нејзините „свети“ но тајни догми, додека нејзините Алт-пророци (Alt-Takfiris) вечно ќе ве сметаат за „предавник“ и ќе го присилуваат остатокот од заедницата да плукаат на твоето име секогаш кога ќе го повикаат како дел од нивната „двоминутна омраза“, потсетувајќи ги сите за „инфилтрираните заговорници“ кои сеуште тајно се шетаат по нивните редови.“

———————-

Алтмедиумот (Alt-Media) и неговата заедница можат да бидат најкорисни извори на информации и увид на кои љубопитните умови можат да се потпрат во модерниот ден среде сегашните услови на тешка униполарна цензура, но екстремна претпазливост и скептицизам мора да се применуваат секогаш кога се истражува во овој простор, со цел да може да се препознае факт од фикција при одвојувањето на објективната вистина за она што се случува од субјективните догматски наративи за кои една мала група на луѓе (Алт-такфиристи или Алт-пророци) сакаат да веруваат дека треба да се случат. Русија Денес (RT) ја охрабрува својата публика „да прашува повеќе“ и Спутник се стреми да „кажува за нераскажаното“, и тоа е токму она што луѓето треба да го прават секогаш кога тие комуницираат со нејавно финансираните алтернативни медиуми и целокупната заедница воопшто. Ниту еден поединец не смее да биде малтретиран од други корисници на социјалните медиуми, и нивните идеи да се потиснуваат без разлика на која „страна“ припаѓаат, во било кое време и на било која проблематика, и единствениот начин на кој Алтмедиумската заедница навистина може да се разликува од MSM е доколку ги почитува ставовите на луѓето и ја поттикнува разноликоста во рамките на својата сфера.

Авторот на текстот е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.