ГРЦИЈА: ЗАВРШИЈА ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ

GeoPol_logo (final)

ПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВПОВЕЌЕ ЗА ГЕРМАНИЈА

Минатиот вторник (21 август), грчкиот премиер (грч. ословување: Prothypourgós tis Ellinikís Dimokratías) Алексис Ципрас од островот Итака – за кој се претпоставува дека било местото од каде владеел митскиот јунак Одисеј (Илијада), симболично обзнани крај на странската финансиска помош (која официјално заврши на 20 август) и покровителство со цел справување на Грција со нејзината должничка криза, наведувајќи дека една тешка неколкугодишна современа „одисеја“ за нацијата била конечно завршена.

Корените на оваа должничка криза, можат да се најдат по паѓањето од власт на воената, брутална и фашистичка хунта во Грција во осумдесеттите години од минатиот век, настанатата економска стагнација и станувањето земја-членка на тогашната ЕЕЗ (претходница на ЕУ). Оттогаш па до почетокот на должничката криза, како причинители на овој јавен долг на Грција се јавуваат политичките одлуки од популистички карактер, кои создадоа голема државна администрација среде т.н. сервисна економија, лошо менаџиран државен буџет, лошо сервисиран јавен долг, лоши законски прописи кои се однесуваат и го засегаат државниот буџет на Грција и манипулацијата со бројките во извештаите која се откри на почетокот од оваа криза започната 2008/9 година. Дополнително за влошената динамика на сервисирањето на големиот грчки јавен долг придонесе и Светската финансиска криза која започна во 2008-та година и во која негативен белег остави фирмата од САД Lehman Brothers.

Ризикот постоеше од должничката криза Грција да излезе од монетарната унија на ЕУ, во која грчката економија по долги обиди откако официјално стана дел од „европскиот проект“ во 1981 година, влезе во нејзин состав од 2001 година, по новогодишното обзнанување на Костас Симитис – тогашен грчки премиер, наведувајќи за успешното воведување на еврото и заменувајќи ја националната валута (драхма) со која често имале проблеми со инфлацијата.

„… инклузијата во Европската монетарна унија обезбедува за поголема стабилност и отворање кон нови хоризонти.“ – изјавил тогаш К. Симитис.

За да не се случи повторно воведување на националната валута од страна на грчката држава, т.н. Грексит (Grexit), настан кој сериозно би го загрозил еврото односно ЕМУ, групата финансиери/кредитори позната како „Тројка“: составена од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија, ја стави под покровителство и ѝ овозможија неколкугодишна финансиска помош на Грција преку периодични транши, со цел избегнување на банкрот и сервисирање на својот јавен долг кој изнесува сега некаде 180% од својот БДП. Групата за возврат бараше непопуларни (меѓу Грците) владини мерки и реформи како штедење со цел намалување/зголемување на буџетскиот дефицит/суфицит, кратење на администрацијата, кратење на пензии и плати и продавање на важни стопански објекти и други национални богатства под државна сопственост, од кои кинеската компанија COSCO преку последната наведена мерка успеа во 2016-та година да го купи клучниот пакет акции за управителска контрола врз важното средоземноморско пристаниште Пиреја (линк).

Овие мерки придонесоа за разни социополитички случувања во грчкото општество, од кои како поважни настанати последици излегоа: падот на двопартискиот систем составен од партиите Нова Демократија (Νέα Δημοκρατία) со либерал-конзервативни обележја и ПАСОК (ΠΑΣΟΚ) со социјалдемократски обележја, кој се случи со победата на тогаш новоформираната (сега владејачка) партија со левопопулистичка ориентација СИРИЗА (ΣΥΡΙΖΑ) во 2015-та година; зголемувањето на популарноста на неофашистичките и радикални политички опции како Златна Зора (Λαϊκός Σύνδεσμος – Χρυσή Αυγή) која сега има 15 пратенички места во „Собранието на Елините“ (Voulí ton Ellínon); феноменот на масовни самоубиства; перманентни насилни демонстрации со различен мотив; и притисоци на јавноста кои довеле до свикувања на референдуми кои се однесувале кон (не)прифаќањето на странската финансиска помош и нивните услови/условувања.

poligrozd-vremeplov-grchka-dolzhnichka-kriza

Главниот притисок за спроведување на мерките за штедење доаѓал од Германија која претставува клучна земја-членка во ЕМУ и ЕК, додека ММФ имал поблаг став кон оваа прашање.