Корените и суштината на капитализмот
Капитализмот претставува една од најстара форма за уредувањето на економските односи во едно општество. Корените како и нејзината инспирација, потекнуваат од Римската Република. Затоа не случајно, сите оние општества кои ке достигнуваат капиталистички империум во еден географски реон, се повикуваат на римското право кои ги уредува односите, на римскиот начин на државното уредување и поделбата на општествената моќ, како и на римската симболика.

Низ историјата имаме настани кои ни ја повторуваат истата лекција, за развојот, и како на мали деца покрај тоа што денес имаме многу повисоко позитивистичко образование, без „вмешување“ на религиите и идеологиите, сепак на крајот и денес исти настани со иста содржина ги воочуваме, само понекогаш со малку видоизменета или различна симболика и форма. Односно ни се повторува многу пати процутот, стагнацијата и исчезнувањето – процес кој веќе претходно го напоменавме и појаснивме (види За настанокот и престанокот на империите), но со разлика во тоа што од Рим па до денес, имаме римска верзија на тој процес, најверојатно затоа што таа империја е најмногу проучуваната. Римската верзија на тој процес го напоменувам, затоа што и пред Рим но и по Рим, на некои региони од светот се имало формирано различни империуми, кои во ист процес исчезнале но имале сосем друг правец, идеја и односи на кои тие се темелеле. Римската тогашна економија се базирала на приходи од експлоатирање на туѓи добра. И претходно имаме примери за такви економии кои се базирале на тоа, но сепак тие не придодавале толкав фокус колку што придодавале Римјаните со нивната алчност.