ФИЛОЗОФСКИ ПРИОД КОН СУДИРОТ НА ИСТОК И ЗАПАД – ПРВ ДЕЛ

Што е Запад а што е Исток во нашиот случај ?

Зошто овие две страни од можните четири, најчесто и намерно се избираат за употреба во разни текстови и дела од страна на оние кои себеси се сметаат за припадници на тие поими, односно од „Западњаците” и „Источњаците”? Денес со овие две одредници постои тенденција да се означат во политичка смисла оние држави кои се доминантни со својата воено-економска моќ, па со тоа конзумација на терминот „Запад” прават Соединетите Американски Држави, иаку најчесто од обичното население под „Запад” се разбира географско и политичко припадништво на сите држави и нации кои се западно од Средна Европа заедно со Скандинавија, се до Северна Америка. За терминот „Исток”, современа тенденција прави конзумација на поимот од страна на Руската Федерација, а на моменти и Кина. Ако на овие денешни тенденции направиме споредба и со историската пракса, ке разбереме дека од обичното население онаа земја-држава која во одреден момент има најголема воено-економска моќ и влијание, во обичај влегува таа земја-држава првин да паѓа напамет во секојдневниот говор. Пример некогаш со Запад се означувало Рим, а со Исток се означувало Персија и Индија. Од јапонска географска гледна точка, имаме спротивности со нашиот географски поглед, односно за нив на Запад е Русија и Кина, додека на Исток е САД, но во секојдневниот јапонски говор САД и понатаму останува „Запад”, бидејќи долгогодишно така се претставувала таа земја таму, како претставник на „западна” филозофија, „западен” начин на живот итн. За да се разбере зошто постои тенденција во вид на борба кој да го присвои терминот, или кој да се прикаже како најзначаен кога ке се споменат тие две географски одредници, мора да се погледне првин низ историскиот контекст. Ние имаме разбирање за „Запад” дека таму припаѓаат Англија, Франција, Германија, САД и други, затоа што во минатото сите тие држави имале примат и конзумација на терминот Запад. Во нашата колективна меморија сите тие држави останале да важат како силни и моќни. Сите тие држави намерно во својот зенит користеле и римска симболика, и се повикувале на ткн. римско право, се со цел да се прикажат како наследници на стариот западен од нас град (некогаш империја) Рим. Идејата на Рим е раст и развој на сметка на другите, со освојување и грабање, под идеал за супериорно потекло од другите народи и нации. Дури и највисоките државни функции во некои од западните држави во својот зенит носеле имиња од римскиот диктатор Цезар, и се јавувале во вид на Кајсар, Кесар и слично ним, зависно од јазикот. САД денес е налик на некогашната Империја основана од градот Рим. За конзумација на терминот Исток, многу повеќе е заинтересирана Руската Федерација, и не случајно. Таа денес го враќа стариот концепт за „Трет” Рим, односно династички наследник на „Вториот” Рим – Источна Римска Империја(во оригинал по василевсот Ираклиј како Василеја тон ‘Ромајон/Βασιλεία τῶν Ῥωμαίων). Таму Цезар би требало да се јавува како Цар.

%d0%b7%d0%b0%d0%bf-%d1%80%d0%b8%d0%bc-%d1%81%d0%b0%d0%b4

romaion-%d1%80%d1%83%d1%81%d0%b8%d1%98%d0%b0insignia

Но дали навистина САД и Русија се тоа што се обидуваат да се прикажат? Ако ги прифатиме библиските преданија за етногенезисот, тогаш како средина или центар се јавува Арарат и Сенаарската Долина(Месопотамија), односно дека од тука започнува раздвижувањето на човекот, а со тоа логички и од таму почнало обележувањето и означувањето во човечкото поимање на географските одредници. Во извесна смисла во тој Центар влегуваат и делови од нашиот Полуостров заедно со Анадолија. Овие три предели, нашиот Полуостров, Анадолија и Месопотамија заедно со Сиропалестина, претставувале во минатото неутрални во географското одредување, односно централни, и затоа што е Север од нив (Скитија, Хипербореја) се запишувало како Север, што е Југ(Египет, Етиопија) за Југ, што е Запад(Рим) за Запад и што е Исток(Персија, Индија) се запишувало како Исток. Од поновото историско а со тоа и географско читање, во обид тоа неутрално или централно подрачје да го кренат малку понасевер, бидејќи таму е сконцентрирана воената и економската моќ (Германија, Франција, Холандија, Белгија) како последица од пљачкосувањето, оригиналниот Центар стана „Југ”, па ни се наметна во умот со текот на времето Балканот да претставува „Јужна” територија, да сме „Југоисточна Европа”, „Јужни” Словени, итн. Ако судиме од нашата гледна точка, од Македонија, како припадник на дел од оригиналниот Центар, ниту САД е вистинскиот Запад, ниту Русија е вистинскиот Исток. Русија претставува Североисток, а САД краен Запад.

Одговорот зошто постои намерна тенденција за присвојување на тие две географски одредници, лежи во нивното сиромашно минато, па преку лажното претставување во лажно оправдание за нивната моментална материјална благосостојба различна од другите, како и мотивот за постоење на нивната политичка моќ, а на моменти на безидејност и како патоказ или мотивација за кон иднината, односно како да се прават и уредуваат нештата во општеството и државата.

Филозофија на Западот и Истокот, преточена преку САД и Русија

Пред да се навлезе во приодот, мора да се појасни првин филозофијата која е искажана од Германецот Мартин Хајдегер. Овој можеби најбитен мислител од претходниот век, ни укажал за „токсификација” на Западот и сето она што тој поим носи со него. Бидејќи и тој како и сите мислители од тој период, ја прифатиле намерно или ненамерно ткн. „Античка Грција” и сето она што се случувало во таа историја во книжниците го нарекле „старогрчко”, со особен акцент на размислувањето и филозофијата која произлегува од тој период, и сите филозофи како Хераклит, Питагора, Аристотел, Платон, Епикур, Епиктет и други, ги ставиле во редот на основачи на ткн. „западна” филозофија, на ткн. „западна” мисла, иаку речиси сите се родум, со потекло или твореле на територијата на нашиот Полуостров, островот Сицилија и Мала Азија. Без разлика на тоа колку е „западна” таа мисла, Хајдегер како и многу други мислители укажуваат дека во тој период, филозофијата одела кон рационализација на општеството и на заедничкото живеење, преку креирање на полисите(град-држави), коиноните(сојузите) и архе(империите). Всушност луѓето кои започнале да го чинат едно општество кон нив посилно се одело кон планирање на нивниот живот, со цел да се искористат рационално за интересите на државата. Дијалектиката од тој период, до периодот кога живеел Хајдегер, создале услови кога крајната рационализација довела до губењето на суштината на човекот, и на човечкото постоење – нихилизам. Главна тематика на Хајдегер претставува смислата за човековото постоење, која преку крајната рационализација која е настаната кај западните општества, создала чувство кај човекот за изгубеност, досадност, и без смисол и цел за животот. Сета таа состојба појаснува Хајдегер дека доведува до човеково уништување и нихилистичко однесување, односно самоуништување. Либералната филозофија, целосно ја прифатила и се темели врз крајната рационализација во општеството, но таа рационализација се однесува само кон материјалното. Најбитното што Хајдегер ке го забележи, слично во вид на пророк, е крајната фаза на рационализација ваква каква што Западот ја нуди и спроведува. Крајната фаза на таа филозофија е „верата” во техниката и технологијата, и дека истата ке го еволуира човекот во „вишо битие”. Тука исто станува збор и за „духот” на машините кои се создадени од технологијата, и кои постепено го гушат човековото реално присуство, создавајќи му нова нереална состојба, каде што човекот ги искусува нештата, но не присуствува вистински. Хајдегер предвидел дека со сегашното темпо и динамика на технолошкото движење, може да настане уништување на природата на човекот.

„… човекот или ке го скроти моменталниот дух на технологијата, или технологијата ке го скроти човекот.” извадок од книгата „Василија – архитема на новото општество”.

Либерализмот, поточно неолибералниот фашизам, кој како главен предводник е САД, промовира односно токсифицира меѓу луѓето за идеите како неконтролирани сексуални односи (ЛГБТ), генетски модифицирани организми (ГМО), и најопасното што претстои – трансхуманизам (Ејч +). Сето ова САД го промовира, додека главните промотори се убедени дека тоа е рационалното (според логиката на капитализмот и материјализмот), тоа е практичното и корисното за мега-корпорациите кои се почесто се јавуваат како главни политички фактори во западното општество. Главните промотори на овие идеи, знаат за она што Хајдегер го предвидел, предвидување на коешто претстои бунт на луѓето, доколку сѐ посилно се оди кон неприродното за човекот и кон неговата промена на природата, и не случајно на големо постои денес промоција и благонаклоност кон идиотизмот во западното општество (преку филмови, мас-медиуми, јавно однесување на филмски и музички „ѕвезди” и сл).

Првите бунтовници на оваа филозофија на неолибералниот фашизам, ке станат Иранците. Тие преку Али Шариати/علی شریعتی مزینانی‎‎ – ирански филозоф, ке ја внесат и општоприфатат идејата за токсификација на Западот кој ја образложувал Хајдегер. Ахмад Фардид/سید احمد فردید‎‎, таа токсификација малку подоцна ке ја нарече „Гарбзадеги/Gharbzadegi/غربزدگی”, мислител кој исто така ке истакнува дека на светот (во тој период) постоело „три осамени светила во крајната темнина”: мислата на Мартин Хајдегер, водството на ајатолахот Хомеини и Иранската Револуција. Всушност идејата на перманентната револуција во Иран, која е воспоставена во 1979 година, е воспоставена како перманентна(постојана) со цел да не се дозволи повторно токсифицирање на иранското општество од „западната” мисла, со цел како контратежа на Западот, да се одржува автохтоната иранска мисла која потекнува од муслиманско-шиитската филозофија. Воедно битно да се забележи во контекстот на ова излагање е дека Иранците бидејќи имаат богата персиска историја, воопшто денес не се заинтересирани за конзумација на поимот Исток. Бидејќи ја признаваат мислата на Хајдегер за апсолутно точна, современите ирански филозофи и мислители се наречени како „Хајдегеровци”, „Неохајдегеровци” или филозофијата воопшто како „Хајдегеризам”.

Вторите бунтовници, кои се речиси нови во своите општи излагања, се Русите. Главниот водач на „новохајдегеровска” филозофија во Русија се јавува Александар Дугин/Александр Гельевич Дугин, додека нарекувани истите од Западот и како „Идентитариаристи”, или луѓе кои трагаат по својата смисла, и своето претходно минато. Дугин ја уважува исто идејата на Хајдегер, притоа прифаќајќи ја истата невистина за историските периоди на ткн. „Стара Грција”, дури често среќаваме во неговите излагања и гркофилски ставови, најверојатно затоа што ја промовира тезата дека Русија претставува „Трет Рим” – духовен наследник на Византија и со цел да се додвори на современа Грција, која себеси официјално се смета за историски наследник на тој „византиски” период (како и за сите останати важни историски периоди кои се со потекло од Балканот). На внатрешен општествен план Русија наголемо се враќа кон Црквата и Православието, додека на надворешен политички план, Русија ја промовира идејата на Палмиро Тољати, за полицентричен односно мултиполарен свет, како и идејата за Евроазиско економско обединување, во која Русија се смета за Евроазиска Империја. Сиве овие процеси се заштитувани и поддржувани од Путин, и истата политика наиде на големо воодушевување дури и кај претставниците од западните општества, кои се гушени од неолибералниот фашизам. Воодушевувањето секако е поголемо од иранскиот „бунт”, затоа што Русија има многу повеќе воено-економски можности за глобално спротивставување на САД, додека можностите на Иран за спротивставување претставуваат регионални.

Авторот на текстот е дипломиран правник.