Tag Archives: War

ШТО ДОКОЛКУ ВОЈНИТЕ ВО УКРАИНА И ПАЛЕСТИНА ПРЕРАСНАТ ВО ЕДНА УШТЕ ПОГОЛЕМА ВОЈНА?

Настаните навестуваат опасност од „3-тата светска војна“!

Иако во јавното мнение кај нас постои многу мала свесност, благодарение на нашите „медиуми за информирање“ и „новинари“, кои имаат воглавно ограничена и пропагаторска улога за локална употреба, а за потребата на хегемонот – амбасадата на САД, сепак доколку некој сака да се информира подетално за најновите настани, може да се информира, иако тоа бара поголем труд и познавање на јазиците и технологијата од вообичаеното!

… ПОВЕЌЕ

ВОСТАНИ ЗА ДОСТОЈНО МЕСТО ВО ИДНИНАТА И ЗАВОЈУВАЈ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА БЕДОТИЈА

Општествената духовна и материјална благосостојба ги дава предусловите за државотворниот напредок на еден народ

Ниту ЕУ, ниту САД, ниту Русија, ниту Кина ниту било кој самозамислен (од наша страна) стратешки партнер се предусловот за создавањето на македонската држава, како држава во вистинската смисла на зборот! Предусловот е, и секогаш бил, само-и-само квалитетот како луѓе на Македонците и Македонките! А македонскиот човечки квалитет некогаш претставувал сериозна, тешко достигнувачка и светски позната работа! Оттука ќе разбереме дека од претстојните избори во „Република Северна Македонија”, нема ништо драстично променливо да добиеме како народ, уште помалку пак, променливо на позитивно за нас Македонците, како народ и како единки! Секако, ова почетно важи за оној ум, доколку правилно ги сфати првите реченици од статијава, и доколку внимателно ги следи и истражува однесувањата и реториките на т.н. политички „нови” (во суштина секогаш стари, рециклирани) чинители, кои се таксаат за државните позиции.

Овој мој песимизам за претстојните избори, не го искажувам во вид на пишано слово, заради поттикнување политичка пасивност и немо набљудување на настаните кои (ќе) имаат страшно (во случајов, негативно) влијание врз нашиот секојдневен живот…

… ПОВЕЌЕ

ВОЈНА ЗА СЛОВО

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. И Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати.“

Реченица во која се кријат сите тајни на вселената и човечкиот микрокосмос, и во која е скриен смисолот на текот на историјата, нејзиниот почеток и нејзиниот крај. Во моментот кога времето не постоело, Словото влезе во вечноста покренувајќи го кругот на човечката историја. Светот почна да настанува со посредство на зборовите, или како што вели натписот во црквата во Едфу: „Сѐ што постои, настана од Неговите зборови.“ Значи тогаш човечката историја почна да кружи околу еден центар, една точка, една крепост – Слово/Збор – Логосот. А човекот како таинствен носител на Словото и како единствено битие на кое Словото му е дарувано да живее во него, во Логосот доби патоказ на својот почеток и крај, на својата Алфа и Омега. И затоа смисолот на човековото постоење од почетокот до крајот е да го сочува Логосот во суштината во која Логосот е создаден, бидејќи на човекот му е подарена судбината во која чувајќи го Логосот се сочувува себеси.

… ПОВЕЌЕ