МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО НАДВОРЕШНИТЕ РАМКИ: СТЕКНАТОТО ПРАВО СО МЕЃУНАРОДНОТО ПРИЗНАНИЕ

ПОВЕЌЕ ЗА МАКЕДОНИЈАПОВЕЌЕ ЗА НАШИОТ ПОЛУОСТРОВ

Овој извештај, е поттикнат со цел да се укаже уште еднаш на фактот дека постои целосно синхронизиран проект, помеѓу повеќе соседни држави на Македонија, заедно со еден глобален центар на моќ, кој има за цел уништување, или попрецизно, видоизменување на посебните обележја својствени за Македонскиот народ, кој се води заради постигнувањето на одредените резултати во социо-политичкото научно (експериментално) поле, а во полза првенствено на идеолошката матрица на неолиберализмот.

Имено се поставува прашањето, зошто се доведува македонскиот јазик, под знак прашалник, и се става без многу размислување од страната на дипломатијата на „Република Северна Македонија“, на маса, како „нешто“ за кое може да се преговара, кога истиот (македонскиот јазик), веќе претставува стекнатото право на Македонскиот народ, кој поседува меѓународно признание, согласно Третата конференција на ОН за стандардизацијата на географските имиња, одржана во Атина, 1977-та година!?

ПОГЛЕДНЕТЕ/ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ ДОКУМЕНТ НА ОН (PDF)

Дури и грчката дипломатија, кога беа во текот преговорите за постигнувањето на спогодбата од Нивици, 2018-та година, и откако го потпишаа тој срамен договор, јавно, патем договор кој директно ги крши правилата на основачките документи на ООН, за „одобрувањето“ во спогодбата, за македонскиот јазик, пред грчката јавност, тогашниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, се бранеше дека веќе била сторена таа „грешка“ (грев) од страната на Грција, и дека веќе македонскиот јазик бил признаен меѓународно и тоа токму наведувајќи ја Третата конференција на ОН, одржана баш во главниот град на Грција, Атина:

Второто обвинување за предавството: според спогодбата од Преспа, тие велат дека ние сме го признале „македонскиот“ јазик. Јас тоа го знам уште од договорот на ОН од 1977-та. Јас го знам филологот кој сака да се сокрие позади гревовите од тоа време. [Јазикот] е на официјалното табло за јазиците на ОН.

– истакнал тогаш Коѕијас во својата статија, во одбрана на спогодбата, објавена на официјалната страна на грчкото МНР.
Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

Целта на бугарскиот дел од синхронизираната антимакедонска стратегија е признавањето на „бугарскиот“ корен

И бугарската дипломатија, како и грчката, знаат дека многу тешко можат да прекршуваат меѓународни рамки, преку наводно билатералните спогодби и договори со веќе јавно отворената антимакедонска (воедно и антихристијанска) влада во Скопје. Единствено доколку тоа не претставува случај, како спојувањето со американскиот интерес за проширувањето на НАТО – единствениот во суштина остварен, по спогодбата од Нивици 2018-тата, со приемот на „Република Северна Македонија“ во НАТО.

Така, во овој случај, со преговорите со Бугарија, која има јасно изразен став по однос на македонското прашање, со декларацијата донесена на 44-тото т.н. „народно“ Собрание на Република Бугарија, бидејќи тука не станува збор за посреден американски интерес, туку повеќе кон интересот за социо-политичкото експериментирање на тлото на Македонија, врз Македонците, а во корист на неолиберализмот, бугарскиот дел од стратегијата ќе биде насочен повеќе кон признавањето на „бугарските“ корени на јазикот, односно сличната игра на зборовите, како со признавањето на современата македонска нација, како „македонска“, но од 1944-тата година, и исто така, составена од народ со претходно „бугарска“ историја и „бугарска“ свест.

Loader Loading…
EAD Logo Taking too long?

Reload Reload document
| Open Open in new tab

И повеќе од јасно е дека станува збор за антимакедонска, прецизно осмислена и синхронизирана стратегија, помеѓу Грција, Бугарија и Албанија, под раководството на неолибералниот центар на моќ со седиштата во Вашингтон и Брисел. Целта за јазикот, на стратегијата, преку спогодбата од Нивици, беше да се потенцира „јужно-словенското“ групно припадништво, на македонскиот јазик (дообјаснувањето без преседан кое стои до ознаката „македонски јазик“), а подоцна со признавањето на „бугарскиот“ корен, преку некој иден дополнително изнуден договор, со антимакедонската влада во Скопје, целосно и негативно да се затвори македонското прашање, под привидот на нашето доброволно откажување од стекнатите права со меѓународното признание.

Со овие договори, доколку се исполни неолибералната стратегија (експериментот) целосно, возможно е создавањето на новата „македонска“ нација, или поточно, „северномакедонската“ нација, со стриктно граѓанските (декларативни на хартија) елементи, но сепак ќе станува збор за апсолутно вештачка творба, создадена на сметката на веќе постоечкиот органски колектив со автентичните и длабоко вкоренетите традиции – Македонскиот народ!