Tag Archives: political cheating

ВОСТАНИ ЗА ДОСТОЈНО МЕСТО ВО ИДНИНАТА И ЗАВОЈУВАЈ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА БЕДОТИЈА

Општествената духовна и материјална благосостојба ги дава предусловите за државотворниот напредок на еден народ

Ниту ЕУ, ниту САД, ниту Русија, ниту Кина ниту било кој самозамислен (од наша страна) стратешки партнер се предусловот за создавањето на македонската држава, како држава во вистинската смисла на зборот! Предусловот е, и секогаш бил, само-и-само квалитетот како луѓе на Македонците и Македонките! А македонскиот човечки квалитет некогаш претставувал сериозна, тешко достигнувачка и светски позната работа! Оттука ќе разбереме дека од претстојните избори во „Република Северна Македонија”, нема ништо драстично променливо да добиеме како народ, уште помалку пак, променливо на позитивно за нас Македонците, како народ и како единки! Секако, ова почетно важи за оној ум, доколку правилно ги сфати првите реченици од статијава, и доколку внимателно ги следи и истражува однесувањата и реториките на т.н. политички „нови” (во суштина секогаш стари, рециклирани) чинители, кои се таксаат за државните позиции.

Овој мој песимизам за претстојните избори, не го искажувам во вид на пишано слово, заради поттикнување политичка пасивност и немо набљудување на настаните кои (ќе) имаат страшно (во случајов, негативно) влијание врз нашиот секојдневен живот…

… ПОВЕЌЕ

#БОЈКОТИРАМ Е МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ОДГОВОР ПРОТИВ НЕОЛИБЕРАЛНАТА ПЛУТОКРАТИЈА

Македонскиот народ уште еднаш ја повторува својата традиција наоѓајќи се во таборот на слободољубивите и човекољубивите народи и нации кои во овој момент ја плаќаат цената од огромна материјална и нематеријална штета, во борбата против светската плутократија, која како крајна цел има наметнување на тоталитаристичката особина врз човечкото битие во својот однос помеѓу државен систем-општество-заедници и поединец, па дури и верска установа-поединец. Влогот на Македонскиот народ во оваа епска битка е егзистенцијалното постоење – што земено од историската пракса ова нималку не претставува македонска новост. И оваа генерација Македонци (како и претходните со НОБ и Илинден, со Битката кај Марица, со Битката кај Беласица, со Битката кај Пидна итн.), ја потврдува метафизичката чистота на соборниот македонски Ум во своите политички намери.

Логичните предвидувања за згаснување на двете најголеми партии како македонски испаднаа точни

Разгледувајќи ја хронологијата на делувањата на двете најголеми партии во Македонија, со цел да им ги запознаам константите и варијаблите, и како тие се одразиле по општите македонски интереси од 1991-та год. до 2015-та год. (како потребен материјал за книгата „Василија – архитема на новото општество“, 2015), лесно дојдов до заклучок дека константата е секогаш водење скриени преговори и скриени конечни одлуки по клучните прашања, односно недемократска и нетранспарентна одлика! Варијаблите беа начинот на кој тие се спроведуваа, некогаш и без воопшто да се соопштат пред јавноста, или соопштување post festum. Дополнителен заклучок природно беше претпоставен дека водствата на најголемите политички партии, откако доаѓаат (или свежо пред доаѓање) добиваат притисоци од страните држави со влијание и моќ, кои набргу подоцна стануваат налози за мирно и стихијно разнебитување на македонското национално битие. Тогаш обзнанив во книгата дека партијата СДСМ е всушност веќе идеолошки мртва партија, а заклучокот дојде од тоа што јавно односно крајно бесрамно по 2008-та година по самитот во Букурешт, се нудеа како политичко раководство пред „некому“, кое веднаш ќе ја потпише и спроведе „конечната спогодба“ – афирмирајќи се како послушен „партнер“/квислинзи. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, бидејќи направија кариера со македонската популистичко-патриотска реторика (без конкретни резултати), им дадов најмалку 8-10 години (по 2022-та) рок кога и таа партија со одреден чин ќе згасне како македонска, односно ќе стане идеолошки мртва. Во таа проценка, во предвид не беше земено бруталното мешање на САД и ЕУ (Германија) што се случи истата година (2015), кое всушност прерано ја откри маската на сите раководства, кои требаше да претставуваат македонски, а всушност врз штета на Македонскиот народ и за лична корист, се согласувале на секакви налози. Тоа поедноставено значи дека 28 години постоел антимакедонски заговор, со кој нашите раководства се согласувале и активно или пасивно учествувале во него, односно биле соучесници во заговорот, без кои тие како клучна алка во тој план воопшто и не би можел вака препредено и крајно штетно да се спроведе во реалност.

… ПОВЕЌЕ

БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК ВО КОЈ ИСЧЕЗНУВА СРБИЈА: СРПСКАТА ВЛАСТ, СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА И АЛБАНЦИТЕ

Српската власт

Обидот на власта да ја наметне поделбата на Косово и Метохија со Албанците не успеа, но затоа успеа да ја интегрира целата територија на Косово и Метохија во Албанија, настан кој го објави Харадинај во ноември оваа година на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама во Пеќ. Додека Албанците на големо работат на проектот Голема Албанија, власта во Србија се занимава со осудите и повикот кон „меѓународната заедница“ (а се мисли на Запад) да реагира, додека истата таа „меѓународна заедница“ дава подкрепа на проектот Голема Албанија. Се поставува прашањето, дали српската власт е неспособна или е соучесник во овој проект?

… ПОВЕЌЕ