МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА „ПОЛИТИЧКИ КОРЕКТНА“ ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ
Страшното предупредување на Џорџ Орвел за „политички коректна“ полициска држава е во можност да стане реалност во Република Македонија, доколку земјата ги спроведе неодамна договорените одредби од спогодбата со Грција, кои многу од нив ќе го задолжи Скопје да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот под окното да бидат ставени пред Обединетите нации и/или Меѓународниот суд на правдата, и како врв на сето тоа Атина ќе го има авторитетот заеднички да биде определено што македонските деца ќе изучуваат во школото како и тоа кои „политички некоректни“ изрази и концепти треба да се забранат од властите.
Не постои „учтив“ начин да се објасни ова во фраза – Република Македонија е на работ да стане „политички коректна“ полициска држава, доколку капитулира пред либералните глобалисти и нивните регионални грчки посредници. Ова не е претерување, туку изјава која се однесува на фактички орвелски клаузули, содржани во неодамнешната спогодба за името која го обврзува Скопје суштински да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот, во спротивно целата земја е во можност да биде ставена пред ОН и Меѓународниот суд на правдата. Какви и да бидат нечии лични ставови околу легитимноста на уставното име на земјата, и на нејзината народна употреба на придавката македонски, опишувајќи си ја со неа својот идентитет, историја, култура и јазик, без сомневање тоа е невиден тоталитарен чекор на странска влада која наметнува своја „политичка коректност“ врз друга земја, што претставува ништо помалку од постмодерна окупација на она што би требало да биде суверена држава.
Фашизмот како општествен модел се појавува во Италија по “Првата” светска војна. Името фашизам (fasce или спој на гранки/дрвја со една секира), претставува инспирација од римската симболика на обединување на општеството, под еден авторитарен лидер, додека истакнатата секира претставува водење агресивна надворешна политика. Некои тврдат дека фашизмот е креиран под влијание на националниот синдикат во Италија, другите под влијание на разни групации, но воглавном во официјална примена влегува со доаѓањето на власта на социјалистот Бенито Мусолини.