Tag Archives: Constitution

ПОСТЕСКОБАРСКА

Како што знаеш, драг читателу, јас не сум од оние колумнисти што трчаат веднаш по настанот утредента да се јават пред јавноста и да го соопштат своето мислење. Кај нас времето е покриено со пајажина. Сè е метафизика. Нема дијалектика. Реката на Хераклит не тече. Тоа се застоени како мочуришта води што ги среќаваме во литературата на Е.А. По и во прозата на Гогољ, па затоа и нашата денешна колумна мотивирана од неодамнешната посета на жална Македонија на Ескобар не е застарена.
Ескобар со ангелско име Габриел (Гаврил), ангелот што слета кај Марија во Назарет со веста за Спасителот. Белиот ангел. А дали американскиот ангел што нè посети е бел или црн навистина не знам, драг читателу. Иако знам. Ангелот задолжен за Балканот, е американскиот архетип каубој-шериф што управува со Западен Балкан. Чудно совпаѓање со Дивиот Запад, со кој започна формирањето на американската алхемиска нација. Ескобар, импресивна цврста фигура, речиси митска, налик на необработена карпа како огромните блокови на Стоунхенџ, или како една од неолитските експресионистички камени фигури на Велигденските Острови на азискиот пацифик. Вистински импресивен архетип на новата Римска Империја, западна, што гази и крши сè пред себе. Чиста спротивност на неговиот импресарио Бајден што е лирски проѕирен како листопаден лист пред крај на есента.
Значи (еј Ковачевски неискован, еј Пендаровски на пендек, еј Мицко војвода) имавме гостин од ранг. Тој најтешкаш меѓу политичките тешкаши дојде да види дали сме спремни да ги ставиме нивните миленици Бугарите во Уставот. Боже, каков американски срам и бласфемија. Дојде да го озакони со империјален печат идиотизмот на Империјата, да ги внесеме во Уставот оние што не нè признаваат дека сме живи и дека постоиме со Име, јазик, историја, меморија. И тоа е идиотизам не само за нас и идиотизираната влада туку и за Бугарите, плус и за таканаречената западна меѓународна заедница. Зошто идиотизам? Затоа што да ставиме некого во устав што не признава дека постоиш и дека си жив нема никаква логика. Туку што е фасцинантно сега во посетата на Ескобар кај нас, драг читателу? Тоа што и покрај многуте други западни тешкаши што нè притискаат, ги охрабруваат нашите лакоми соседи хиени да го крадат нашиот идентитет. Како да се во кусок со својот, та го зголемуваат со нашиот, така, на пример, Грците тоа го прават со кражбата на македонскиот антички идентитет, потпирајќи се на мегафалсификатот на Дројзен, озаконет со царски печат на патолошката западна цивилизација, не знаејќи кај да го бара коренот на својата идентитетска генеза. Мегафалсификат озаконет на „Сорбона“, „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Но и тоа не беше доволно, бидејќи беше проѕирен тој, па за да се доосигури истиот тој со насилничко признание на денешните Македонци беше стокмен на силеџиски геноциден начин од Брисел, Вашингтон, Грција и македонските велепредавнички квислинзи Преспанскиот договор на македонската смрт. Така беше докрај зајакнат грчкиот супсахарски идентитет за кој зборува и Херодот.

… ПОВЕЌЕ

УСТАВНО УРЕДУВАЊЕ – ПРИМЕР ОД СТАРАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Устав или Уставни конвенции?

Во современиот свет сме запознаени дека сега постојат два типа на устави. Едниот претставува устав кој на еден свечен настан официјално е прогласен, и со тоа го нарекуваат како пишан устав и устав кој нема свечено прогласување, туку е граден со конвенции низ текот на времето, и го нарекуваат како непишан устав.

Во моментов преовладуваат формалните пишани устави. Но пишаните устави се релативно нова појава во уредувањето на односите помеѓу властите во едно општество. Главни покренувачи на оваа појава се Француската Револуција, со која денес речиси сите држави се идентификуваат, губејќи ја својата автентичност во уредувањето на односите, заедно со Американската Револуција која во тој период во голем дел ги прати идеите на Сен-Симон и Џон Лок. Со тоа разбираме дека овој тип на свечено прогласен устав, е западен модел за уредување на односите во државата и општеството.

Пред да се случат овие настани од мундијалната историја, низ светот претходно, речиси неколку милениуми од материјално-пишаната историја, бележиме доминација на уредување на односите со конвенции. Конвенцијата доколку се употреби во уредувањето на односите во државата, означува договор со правила во кој страните на кои се повикуваат правилата мораат да ги следат и почитуваат.

За задржување на својата автентичност, Англија претставува добар пример, каде што имаме серија на „стари” правила од нивниот непишан Устав кои се во примена и денес. Тука се познатите Magna Carta Libertatum и Habeas Corpus Act, договори или правила со кои се уредиле односите преку усогласување помеѓу тогашните лордови – општествената елита и носителот на извршната власт – монархот/King.

… ПОВЕЌЕ