Tag Archives: Byzantine Empire

ЕСХАТОЛОГИИТЕ НА МНОГУПОЛАРНИОТ СВЕТ

15-ТИОТ СОБИР НА БРИКС ВСУШНОСТ ГО ФИНАЛИЗИРАШЕ СОЗДАВАЊЕТО НА ЈАДРОТО НА МНОГУПОЛАРНИОТ СВЕТ

БРИКС: Создавањето на многуполарноста

15-тиот Собир на БРИКС: многуполарниот свет е воспоставен

15-тиот Собир на БРИКС донесе историска одлука за прием на уште 6 земји во организацијата – Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Оваа одлука ефикасно го заврши формирањето на јадрото на многуполарниот свет.

Иако БРИКС, порано БРИК, беше условно здружување на полупериферни (според Валерштајн) или земјите од „вториот свет“, дијалогот меѓу овие земји, кои не се дел од структурата на колективниот Запад (НАТО и другите строго еднополарни организации доминирани од САД), постепено ги оцртуваше контурите на алтернативниот светски поредок. Ако западната цивилизација се смета себеси за единствена, а тоа е суштината на глобализмот и еднополарноста, земјите од БРИКС претставуваат суверени и независни цивилизации, различни од западните, со долга историја и со сосема оригинален систем на традиционалните вредности.

Првично, здружението БРИК, создадено во 2006-тата година под поттикот на рускиот претседател Владимир Путин, вклучуваше четири земји – Бразил, Русија, Индија и Кина. Бразил, најголемата сила во Јужна Америка, го претставуваше латиноамериканскиот континент. Русија, Кина и Индија сами по себе имаат доволни размери за да се сметаат за цивилизации од целосниот размер. Тие се повеќе од нации-држави.

Русија е авангардата на Евроазија, на евроазискиот „голем простор“.

Кина пак е одговорна за значајната област, на соседните сили на Индокина и многу други (иницијативата на проектот „Еден појас, еден пат“ е конкретниот начин да се воспостави овој кинески „голем простор“, заснован на мирната соработка). Индија, исто така, го проширува своето влијание надвор од нејзините граници – барем во Бангладеш и Непал.

Кога Јужна Африка се приклучи на земјите на БРИК во 2011-тата година (оттука и акронимот БРИКС – „K“ пред крајот Јужна Африка), симболично беше претставена и најголемата африканска земја.

… ПОВЕЌЕ

СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ПРВ ДЕЛ

Корените и суштината на капитализмот 

Капитализмот претставува една од најстара форма за уредувањето на економските односи во едно општество. Корените како и нејзината инспирација, потекнуваат од Римската Република. Затоа не случајно, сите оние општества кои ке достигнуваат капиталистички империум во еден географски реон, се повикуваат на римското право кои ги уредува односите, на римскиот начин на државното уредување и поделбата на општествената моќ, како и на римската симболика.

Roman_Eagle_SPQR - Poligrozd

Низ историјата имаме настани кои ни ја повторуваат истата лекција, за развојот, и како на мали деца покрај тоа што денес имаме многу повисоко позитивистичко образование, без „вмешување“ на религиите и идеологиите, сепак на крајот и денес исти настани со иста содржина ги воочуваме, само понекогаш со малку видоизменета или различна симболика и форма. Односно ни се повторува многу пати процутот, стагнацијата и исчезнувањето – процес кој веќе претходно го напоменавме и појаснивме (види За настанокот и престанокот на империите), но со разлика во тоа што од Рим па до денес, имаме римска верзија на тој процес, најверојатно затоа што таа империја е најмногу проучуваната. Римската верзија на тој процес го напоменувам, затоа што и пред Рим но и по Рим, на некои региони од светот се имало формирано различни империуми, кои во ист процес исчезнале но имале сосем друг правец, идеја и односи на кои тие се темелеле. Римската тогашна економија се базирала на приходи од експлоатирање на туѓи добра. И претходно имаме примери за такви економии кои се базирале на тоа, но сепак тие не придодавале толкав фокус колку што придодавале Римјаните со нивната алчност.

… ПОВЕЌЕ

ФИЛОЗОФСКИ ПРИОД КОН СУДИРОТ НА ИСТОК И ЗАПАД – ПРВ ДЕЛ

Што е Запад а што е Исток во нашиот случај ?

Зошто овие две страни од можните четири, најчесто и намерно се избираат за употреба во разни текстови и дела од страна на оние кои себеси се сметаат за припадници на тие поими, односно од „Западњаците” и „Источњаците”? Денес со овие две одредници постои тенденција да се означат во политичка смисла оние држави кои се доминантни со својата воено-економска моќ, па со тоа конзумација на терминот „Запад” прават Соединетите Американски Држави, иаку најчесто од обичното население под „Запад” се разбира географско и политичко припадништво на сите држави и нации кои се западно од Средна Европа заедно со Скандинавија, се до Северна Америка. За терминот „Исток”, современа тенденција прави конзумација на поимот од страна на Руската Федерација, а на моменти и Кина. Ако на овие денешни тенденции направиме споредба и со историската пракса, ке разбереме дека од обичното население онаа земја-држава која во одреден момент има најголема воено-економска моќ и влијание, во обичај влегува таа земја-држава првин да паѓа напамет во секојдневниот говор. Пример некогаш со Запад се означувало Рим, а со Исток се означувало Персија и Индија. Од јапонска географска гледна точка, имаме спротивности со нашиот географски поглед, односно за нив на Запад е Русија и Кина, додека на Исток е САД, но во секојдневниот јапонски говор САД и понатаму останува „Запад”, бидејќи долгогодишно така се претставувала таа земја таму, како претставник на „западна” филозофија, „западен” начин на живот итн. За да се разбере зошто постои тенденција во вид на борба кој да го присвои терминот, или кој да се прикаже како најзначаен кога ке се споменат тие две географски одредници, мора да се погледне првин низ историскиот контекст. Ние имаме разбирање за „Запад” дека таму припаѓаат Англија, Франција, Германија, САД и други, затоа што во минатото сите тие држави имале примат и конзумација на терминот Запад. Во нашата колективна меморија сите тие држави останале да важат како силни и моќни. Сите тие држави намерно во својот зенит користеле и римска симболика, и се повикувале на ткн. римско право, се со цел да се прикажат како наследници на стариот западен од нас град (некогаш империја) Рим. Идејата на Рим е раст и развој на сметка на другите, со освојување и грабање, под идеал за супериорно потекло од другите народи и нации. Дури и највисоките државни функции во некои од западните држави во својот зенит носеле имиња од римскиот диктатор Цезар, и се јавувале во вид на Кајсар, Кесар и слично ним, зависно од јазикот. САД денес е налик на некогашната Империја основана од градот Рим. За конзумација на терминот Исток, многу повеќе е заинтересирана Руската Федерација, и не случајно. Таа денес го враќа стариот концепт за „Трет” Рим, односно династички наследник на „Вториот” Рим – Источна Римска Империја(во оригинал по василевсот Ираклиј како Василеја тон ‘Ромајон/Βασιλεία τῶν Ῥωμαίων). Таму Цезар би требало да се јавува како Цар.

… ПОВЕЌЕ