Зошто империите настануваат и исчезнуваат?
Веројатно многумина се запрашале зошто империите покрај сиот нивен врв на моќ, слава и експанзија, низ историската пракса на крајот пропаѓаат.? Секоја империја има свој процут, стагнација и исчезнување, додека ниедна империја досега немала своја целосна константа, низ текот на историјата како во нејзина креација, така и во нејзино функционирање, што преку систем што преку рефлексија на менталитетот. Формирањето на империите не се реална потреба на ниедна народност, која за нејзино формирање се дошло по природен пат, затоа што ниеден природно формиран народ нема исти реални потреби и немаат ист план на заштита на тие потреби, од други природно или вештачки формирани народи и нации. Мотивот за формирање на империи од народите, може да се најде од неколку работи и тоа:
- исполнување на амбиција на неколкумина во системот (најчестиот, најагресивниот и најнеоправданиот мотив);
- културолошка и цивилизациска супериорност над другите (неагресивна експанзија);
- и заради натпревар или заштита од други империи (принудена експанзија).
Гледано низ историската призма и историските текови, лична претпоставка е дека првата империја се формирала врз мотивот на културолошка и цивилизациска супериорност над другите соседни народи. Потоа следело исполнување на амбициите на оние кои што управуваат со системот, со цел да им се задоволи алчноста и на крајот третиот мотив, односно креирање доволни економски и воени можности со цел да може да се заштити од окупација на другите империи, кои се во пораст и кои се потенцијална закана.
… ПОВЕЌЕ