АНТИБОЖЈИ АКТ

ПРЕИМЕНУВАЊЕТО И БРИШЕЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА Е АНТИБОЖЈИ АКТ

Има некои во Македонија, Македонци што не знаат што прават. За да не речат дека навистина не знаеле еве овде ќе им биде кажано по Божјо провидение. Заведени од нечестивиот се ставија на негова страна во вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу Темниот и Светлиот принцип. Оваа спротивставеност е стара колку што е старо и постоењето, но е драматично нагласена во последните 2-3 илјади години, при што Македонија и Македонците како носители на Светлиот принцип се главниот „плен“ против кој се настрвени темните владетели.

Се наоѓаме во пресуден момент за опстојувањето на Македонците и Македонија. Понекогаш си велам, можеби овие домашниве што решиле да ја бришат Македонија и да не исчезнат нас Македонците му служат на Темниот „бог“ со цел да го смилостиват. Имаше доста такви лидери во периодот на независноста поточно сите до еден, сите се обидуваа да балансираат, де даваа знаме, де се откажуваа од Македонците што живеат на македонските територии во соседните земји, де Устав менуваа и рамковни договори потпишуваа, менувајќи го изгледот на државата. И на сите до еден коските им се тресеа од Темниот „бог“ за да си ја сочуваат сопствената кожичка, на што всушност завршуваше нивниот голем патриотизам и „херојството“. Затоа и завршија на буништето на историјата трагично и без никој, уште при живот, да ги помни или барем малку да ги почитува. Едноставно е, така е кога ќе се фатиш на орото на Сатанас – Темниот „бог“, кој никогаш со ништо всушност не можеш да го смилостивиш зашто злото нема крај – тоа се мултиплицира според геометриска прогресија. Затоа, постои само една опција – да го игнорираш, да го блокираш и да не му ги потхрануваш сотонските амбиции, а за тоа треба храброст. Но, наведените мали предавства беа „ситници“ споредено со финалниот удар што домашните поданици на Сатанас сега се спремаат да го изведат врз Македонија и Македонците како „операција геноцид во живо“.

Во целиот нивни концепт за бришење на Македонија и Македонците, така што Македонците самите ќе се самоубијат и ќе се втурнат себе си во бездната на исчезнувањето и мракот, настана „краток спој“ или „курцшлус“ зашто Македонците гласно и силно на 30 септември 2018 год. изјаснувајќи се на референдум ОДБИЈА ДА СЕ САМОУБИЈАТ! И им го зафркнаа во целост планот на Темните за воспоставување ТОТАЛЕН МРАК врз луѓето во светот.

Пеколниот план на темните владетели (што пред околу 2000 години дрско го запишале и во Откровението, кое всушност е преполно со нечии збркани бладања) е токму Македонците да се самоубијат бидејќи, како што пишуваат, богот (водач) им бил ѕверот и по тој чин да бидат ставени во бездната на ужасот за илјада години. Така Темните отсекогаш ги поимале Македонците иако тие се единствен модерен народ кој не само што е 38 пати споменат во текстот на Библијата туку е поврзан со самиот Постанок. Македонците всушност го слават Сонцето и Светлината и така се викаат и нивните богови или водачи од древноста – Кандавон (Сонце) или Пеон, Аполон (Светлина).

Тактиката на демонските сили отсекогаш била да се испревртат работите наопаку и светлото да го затемнат, доброто да го олошат, како вистина лагата да ја слават, или со модерен речник тие манипулирале и спинувале, ја извртувале наопаку вистината уште од дамнешни времиња со цел да ги покорат оние од кои ги примиле знаењата и на кои тоа им е дадено од Бога, просто дадени им се ДНК фреквенции со кои можат да ги дешифрираат знаењата запишани во Етерот, Акаша односно во Светлината.

Многубројните манипулации на Сатанас и неговите поданици ги гледаме и денес на дело, па според нив народната волја не била онаа на мнозинството што бојкотирало и изразило несогласување, туку тие го прогласуваат за мнозинство малцинството што гласало „ЗА“. Или, слушаме од темните таканаречени Грци дека ние ним сме им ја украле оваа територија на Македонија која била нивна (?!), а вистината е дека тие систематски и документирано со лаги и лажни податоци, во последните 150 години ја откраднаа територијата на Македонија со поддршка од западните земји и ги тероризира Македонците во Беломорска Македонија. Населението таму сè уште не успеаја да го асимилираат целосно и покрај невидените притисоци. Има уште редица такви примери на манипулација и спинување на Вистината за Македонија што се производ на изопачените демонски фашистички умови.

Спинови кои ги применуваат постојано со цел да ја размножат лагата и да ја испревртат вистината што, за жал се наоѓа како пример и во четивото на Библија а поврзано со нивната дамнешна намера и план да ги уништат Македонците. Да почнеме со Откровението 9.1 – 9.11 каде што се прецизира кои се тие што ќе се најдат во бездната и кој е нивниот цар. Се вели: Затруби петтиот ангел, и видов ѕвезда како падна од небото на земјата, па го отвори кладенецот на бездната (9.1)… од каде што се појавија скакулците и им се даде власт каква што имаат земните скорпии. И им се рече (9.4) да не ја повредуваат ни земната трева, ни зеленило, ни дрво, туку само оние луѓе кои немаат печат Божји на челата свои. Во Отк. 7.3 исто така се вели да не и пакостат ниту на земјата, ниту на морето, ниту, пак, дрвјата, додека (тие – пишувачите на цитираните редови) „не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“ Скакулците од бездната (9.11) за цар над себеси го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по елински – Аполион. Во 8.10 стои: И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третина од реките и водните извори. 8.11 А името на таа ѕвезда е Пелин…

Интересно е што стихот 8.10 упатува на Иса. 14.12 каде се вели: Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше: (14.14) Ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот. (14.15) Но ти си соборен во пеколот, во дното на адот, вели победоносно јудејскиот пророк Исаија.

Кој е всушност главниот „цар“ на „скакулците“ Аполион по грчки или елински, или Абадон по еврејски? Кои се „скакулците“? Која е ѕвездата Деница, чие име е Пелин, кој е синот на зората?

Во некои преводи на Библијата, стои дека Аполион е грчки а во други преводи елински назив. При тоа, овде мора да се има предвид дека во времето кога во египетска Александрија е составувана Библијата од 70-тина запишувачи меѓу кои десеттина евреи, темните семитски доселеници на територијата околу Атина и неколкуте тогашни полиси не се викале ниту Грци, ниту Елини, туку тоа биле Ахајци и Данајци кои влечат корени од некогашен Долен Египет. Називите Грци и Елини се дадени и напишани многу подоцна во 18-19 век, во тогашните преписи и преводи на текстовите на Библијата. Тоа значи дека првично Аполион никако не може да се однесува на некакви си Грци, освен ако не се поима дека Македонците се всушност старите Грци.

Добро се знае дека Македонците и Пеоните ги почитувале како свои богови Аполон и сестра му Артемида, при што Аполон е богот на Светлината. Аполон е бог на Светлината со многу други епитети како исцелител, чудотворец, создавач на музиката, песните и поезијата, стрелец, заштитник. Исто така, се знае дека многу постарото и првично име на Аполон е Пеон, Пеан, што се сретнува во старите Микенски текстови, што е нормално за периодот кога Крит сè уште не бил окупиран од темните субсахарски доселеници. Тешко им оди на грчките „експерти“ да најдат етимолошка стара врска за името Аполон во нивниот јазик зашто Грците најчесто го поврзуваат името на Аполон со глаголот πόλλυμι (apollymi), што значи „уништува“. Имајќи предвид дека и името Аполион како „цар на скакулците“ спомнато во Отк. 9.11 по грчки е πολλύων – уништувач, јасно е дека Аполион е всушност Аполон. Значи, доаѓаме до откритието дека за темните семити (какви што всушност се и таканаречените Грци и нивниот јазик), во суштина племиња од субсахарска Африка што постепено се доселуваат од пред 8000 г. на Македонскиот Полуостров и дел по дел го освојуваат, Аполон богот на Македонците е исто што и Аполион – уништувачот.

Експертите не можат да најдат објаснива етимолошка врска на зборот Аполон во грчкиот јазик, а за разлика од тоа во старомакедонскиот јазик „пела“ значи „бела“ како синоним за светла, како што всушност се викала и старата македонска престолнина Пела или Бела (зора). Затоа и „ѕвездата Деница, син на зората“ во Откровението ја нарекуваат Пелин (од Пела) од која ќе загорчеле реките и планините. (повторно извртување на суштината од бело, светло (Пела) до смртно горчливо). И на крајот, произлегува дека „скакулците“ кои, според Откровението, ќе бидат запечатени во бездната на пеколот за илјада години се всушност Македонците со нивниот бог Аполон и престолнина Пела. Во прилог на ова, треба да се знае и дека зборот за „скакулци“ едновремено означува цвет на дрвото багрем или кралчиче, што припаѓаа на родот „акација“ и чиј што стилизиран приказ е идентичен со Божјото цвеќе божур, лотос, пеон, крин, лилија, а што пак, е симбол на Македонскиот постанок. Затоа, нема двојба на кого се однесуваат споменатите стихови од Откровението и кого Темните сакаат да уништат.

Токму на оваа голема и суштинска подвоеност и спротивставеност меѓу Синовите на Бога и на оние на Диаболо укажуваат и милите на Бога – богомилите чие учење и ден денес се држи притаено и потиснато. Богомилите, кои изворно се појавија во Тиквешко во Македонија, точно знаеја и укажуваа кој е навистина отпаднат од Бога, и укажаа дека во Светлина се враќаме оти од Светлина сме создадени. Богомилите во своите теоретски учења укажуваат на таа вечна спротивставеност, па велат дека Сатанас на пророкот Мојсеј му испрати три дрва на кои подоцна е распнат синот на Светлината Исус Христос. Тоа е основниот цивилизациски конфликт кој е ист од почетокот на времето до ден денешен. Затоа душите на светлите ќе пребиваат на светли места во Етерот, Акаша, Светлината, а на оние отпаднатите што ги направи Сатанас душите ќе им бидат оковани во темнината на материјата. Господ ги исткаја луѓето од Светлина, а Сатанас паднатиот ангел, кој сакаше да биде како Господ ги направи од земја. Тоа е вечната борба меѓу Светлите и Темните, меѓу синовите на Бога и оние на Сатанас. Затоа им е толку важно симболично да ја „исклучат“ Светлината, да го избришат називот Македонија – Светлина.

Други називи за богот на Светлината Аполон е Пеон, Асклепиј, Озирис, Тот, Хермес, Сирило (Кирил). Во оваа смисла, и атинскиот филозоф, мислител и мудрец Сократ, уште во негово време бил свесен за суштината на оваа длабока спротивставеност. Имено, тема на која и се посветуваат стотици страници и сè уште не е точно разбрана се последните зборови на Сократ откога го испива отровот, начин на кој избира да си го одземе животот откако од атинските судии бил осуден на смрт со обвинение дека ги корумпирал младите луѓе во градот и за непочитување на пантеонот на богови на Атина.

Платон кажува дека последните зборови на Сократ биле: „Крито, му должиме петел на Асклепиј. Не заборавај да му го принесеш како дар“. Цитирајќи ги овие последни зборови, Платон го наведува последниот доказ за невиноста на Сократ за обвинението поради кое тој умира. И во последниот час Сократ не ги признал атинските богови, и умира изговарајќи го името на Господ Асклепиј – светлиот бог.

Богот на кој Сократ смета дека му долгува – Асклепиј – не е од дванаесетте традиционални атински богови, туку странски бог (македонски) дополнително воведен во атинскиот пантеон. Асклепиј е всушност богот на Светлината Аполон (Пеон), изразен во неговиот епитет како бог исцелител кој Атињаните го нарекуваат Асклепеон а кај нас денес се преведува како Асклепиј. Значи, Сократ бара да му се жртвува петел на странскиот бог Асклепеон, Аполон (богот на Македонците). Зошто? Прво, зашто најверојатно самиот бил од Светлите (Пеласти) и затоа не го признавал многубоштвото на темните доселени Атињани. Второ, петелот што треба да му биде жртвуван на Асклепиј е – будноста. Тоа е оној петел што рано наутро не буди во Светлина. Будност не е исто што и разбуденост. Не е исто да си разбуден со чулата (вид, слух, дејство, свесност, знаење). Таквата разбуденост не е ништо друго освен еден вид сон: сон во светот што се восприема со чулата. Петелот за кој говори Сократ е всушност будноста што повикува токму на пробуденост од тој свет на чула. Токму во будност се гледа и се знае дека чулниот свет е привидение. Сократ се буди од овој сон кога отровот му се приближува до срцето. Поради тоа на Асклепиј (Аполон) треба да му се дарува петел, од благодарност што го пробудил. Секое божество на сонцето и светлината е истовремено и божество на будноста Аполон, Озирис, Асклепиј, Буда.

Не еднаш досега Темните ги осудуваа или убиваа оние кои го почитуваат Светлиот бог, Сократ, Александар Македонски, Исус Христос, и ден денес го држат во подрум на темно Св. Кирил (Сирило, Светлината), но нивната благодат и покрај тоа е силна и заштитничка.

Напишаното е дел од многу пошироко, сестрано истражување за Македонија како место на Постанокот и Светлината, базирано исклучиво на референтна научна литература релевантна за модерниот западен ум, а вам ви ја пренесувам како лесно четиво по Божјо провидение. Колку да си знаете.

Бог е голем вели нашиот народ. Голем е оти на сите ни остава според нашата слободна волја да ги донесуваме нашите одлуки. Добро е кога при тоа нашата се поклопува со Божјата волја. Но, во овој случај кога вие како фарисеите се ставате на страната на отпаднатиот од Бога – Сатанас, оној што сакаше да го измами и да му биде рамен на Бога, е тогаш работата е многу посериозна. Имајте предвид, пред сè, дека му оставате преголем товар на вашето потомство, на она што е најмило, на вашите внуци. Народот вели до „седум колена“ или отприлика илјада години вашите поколенија ќе го плаќаат вашиот смртен грев против Македонија, поточно против Светлината.

Ние Македонците немаме друг избор освен да опстоиме и да ја сочуваме Македонија. Вие мислете си што ќе им оставите во наследство на вашите внуци. Изборот е ваш. Две-три години маки под СДС-овско страховладие не се ништо, поточно се рај во однос на она што го чека вашето потомство. Не се ослободува така лесно енергетски од направениот смртен грев на предците.

Преименувањето и бришењето на Македонија и Македонците, воопшто не е некоја обична и наивна работа или трговија „на ти го-дај ми го“… како и Сатанас што правеше соблазнувајќи ги ангелите со големи дарови за да му се придружат во бунтот против Господа.

Ова што го правите е антибожји акт, со кој му помагате на Сатаната да воспостави антибожјо царство. Тоа, претпоставувам барем толку знаете, едноставно не е можно зашто Господ Бог ќе ги постави нештата на свое место, како и оние што сакаат да ја уништат неговата креација – Светлината.

Затоа, искрено и топло ви препорачувам не играјте си со вишите, небесни, Божји енергии и не осудувајте си се самите за веки веков.