РАЗГОВОР СО КОРИБКО: БАЛКАНОТ ОТСЕКОГАШ БИЛ ВАЖЕН И ТОА СЕКОГАШ ЌЕ ОСТАНЕ СЛУЧАЈ

Овој текст претставува македонска верзија на интервјуто со Андреј Корибко кое неодамна беше објавено во италијанското списание „Eurasia: Rivista Di Studi Geopolitici“:

ERSG: Г-дине Андреј Корибко, ви благодарам за вашата достапност. Првин би ве замолил можете ли да се претставите себеси пред читателите?

Корибко: Јас сум американски политички аналитичар, со седиште во Москва, каде работам и живеам во Русија последните шест години. Роден сум и пораснат во Кливленд, Охајо, и дипломирав на The Ohio State University, со три специјализации на меѓународни односи, на меѓународни студии (Источна Европа) и рускиот јазик во 2010 година, по што се преселив во Москва каде ја зедов мојата магистратура по меѓународни односи од Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО). Одблизу ги имам следено случувањата во меѓународните односи во последната половина декада и редовно ги анализирам последните случувања насекаде низ светот. Ја објавив мојата прва книга, „Хибридни војни: индиректниот адаптивен пристап кон промена на режимот“ во 2015-тата година и се подготвувам за објава на мојата втора книга како коавтор, доцна оваа лето, за пакистанската геостратегија и управување со перцепцијата во 21-от век.

ERSG: Што промената на Македонското име и скорешната победа на СДСМ всушност значи за „Северна Македонија“, првенствено, и општо за Балканот?

Корибко: Република Македонија – што претставуваше легалното име на земјата, и можеме уште да тврдиме за тоа, бидејќи беше променето преку нелегалните средства по релевантниот референдум за оваа прашање, кој неуспеа во достигнувањето на уставниот праг за негово спроведување – и промената беше жртва во тркалачката операција за промена на режимот во последните неколку години, која има намена да го блокира мултиполарното влијание од Балканот и геополитички да го преуреди регионот. Теоретски, рускиот „Турски поток“ можеше да оди паралелно со планираниот кинески „Балкански пат на свилата“ (брзата железничка линија од Будимпешта до Пиреја), така ќе останеше премиерот Груевски на власт и хибридната војна кон Македонија немаше никогаш да се случи, иако тоа беше токму поради големото стратегиско влијание што ќе го имаше врз европската геополитика и следствено на тоа, врз текот на новата Студена војна, од која, да кажеме дестабилизациската кампања започна. Дополнително, македонскиот демографски состав, ја прави зрела за надворешна дестабилизација и главна цел на т.н. план за „Голема Албанија“, што во случајот би довело до бришење на Македонија од мапата и катализирање на други геополитички промени во регионот, како во Србија и Босна.

Скорешната „промена на името“ и победата на СДСМ претставуваат успеси на најитните цели на операцијата за промена на режимот, иако планот на САД за Македонија е далеку од завршен. Крајниот резултат замислен од американските геостратези е да ја „децентрализираат“ земјата во збир на албански и македонски „кантони“ пред нејзината „федерализација“ и евентуално поделба, по што поделената држава или ќе остане геополитички ирелевантна или ќе биде припоена кон соседната Бугарија. САД сака да ја награди својата зависна албанска држава за нејзината верност низ годините, како и да предизвика други регионални промени во Србија и Босна vis-a-vis „Република Косово“ и Република Српска, сето тоа ќе ја ослаби Европа и ќе се зацврсти влијанието на Америка преку класичната тактика на раздели па владеј. Како додаток на тоа, Македонија претставува зона за тестирање со цел усовршување на политичките технологии, кои ќе се применуваат насекаде низ светот, како што се примената на најсовремените техники за обоената револуција и „Идентитетниот федерализам“ („боснификација“ на државите со разновиден идентитет), и баш затоа е важно луѓето да проучуваат, кои се заинтересирани за тоа што доаѓа следно било каде во светот.

ERSG: Земја која сѐ на сѐ е мала и длабоко поделена, под површен поглед „Северна Македонија“ може да се учини дека претставува небитна држава во балансирањето на моќта во Балканскиот регион. Сепак, со поблиска проверка, работите изгледаат поинаку. Која е улогата и геополитичката важност на Скопје на Балканската шаховска табла?

Корибко: Македонија е стожерна земја на повеќе начини од еден. Нејзината географија совршено се додава кон незаменливата транзитна улога во кинескиот „Балкански пат на свилата“, додека нејзината демографија ја прави посебно ранлива на идентитетски конфликт поттикнат однадвор, од оној тип каков што го опишав во мојот последен одговор. Она што се случува во Македонија влијае врз остатокот од Балканот, и следствено, врз Европа во целина, што би значело ќе влијае во другите процеси во еден од најважните театри од новата Студена војна. Доколку САД ја зацврсти својата контрола врз Балканот, ќе може да ги задржи другите разни големи сили како што се Русија, Германија и Турција, во проверка на нејзината растечка улога во овој стожерен регион, иако исто така мора да внимава да не оди премногу далеку во предизвикувањето на неконтролираниот хаос, во спротивно ова може да предизвика ненадејно возвратување и да доведе до ненамерни последици кои би можеле да ѝ наштетат на интересите.

ERSG: Заменик помошник државен секретар на САД Метју Палмер кажа дека Белград и Приштина треба да погледнат на „Северна Македонија“ за инспирација во решавањето на Косовското прашање. Дали верувате дека Белград ќе биде притиснат да делува во овој правец во не многу далечна иднина?

Корибко: Таа изјава претставува јасно навестување дека САД е заинтересирана за геополитичкото преуредување на Балканот и го користи нејзиниот успех во Македонија, како преседан за тоа во блиска иднина. „Косовското прашање“ е сложено затоа што Вучиќ искрено сака да постигне договор, за да ги задоволи своите западни спонзори, но е под голем домашен политички притисок да не го направи тоа, затоа се двоуми да преземе одлучувачка (и треба да се каже неуставна) акција во овој поглед. Тука нема двојба дека тоа е насоката во која сѐ оди, и во крајна мера се сведува како прашање на времето.

ERSG: Вие велите дека: „Тука нема двојба дека тоа е насоката во која сѐ оди, и во крајна мера се сведува како прашање на времето“. Дали сметате дека судбината на Космет е веќе напишана и дека тоа е само прашање на време и можност пред Дамокловиот меч да падне врз главата на Белград и на српскиот народ?

Корибко: За несреќа, да, исто како што сметам дека само прашање на време е кога истата работа ќе се случи и врз луѓето од Донбас. Во врска со второспоменатиот конфликт, тој укажува дека Москва им олеснува на луѓето од тој регион да стекнат руско државјанство. Ова не беше направено за да ѝ се даде на земјата правен изговор за конвенционално интервенирање (доколку сакаше да го стори тоа, можеше во секое време во текот на изминатата половина декада, односно таквиот изговор можеше лесно да се создаде тогаш), туку за да се даде на луѓето план за бегство ако тие се плашат од последиците од „реинтегрирањето“ со Украина, како дел од „Новата Антанта“, посредувано помеѓу Москва и Вашингтон. Доколку се чини дека Русија се одјавува себеси за да го прифати она што многумина би го опишале како стратешки пораз во Донбас, тогаш тешко е да се замисли дека Србија би можела да оствари стратешка победа во Космет, особено со американската Camp Bondsteel база присутна таму. Дури и ако не се случи формалното признавање на т.н. „независност“ од Белград, тоа не го менува фактот кој говори дека Србија не е во воена можност да ја ослободи историската лулка на својата цивилизација и дека регионот веројатно ќе остане окупиран за идно неопределено време.

ERSG: Очигледно е дека на Балканот се игра голема игра на моќ од страна на САД, Европа (иако повеќе на ограничен начин), Русија, Кина, Турција, како и Албанија, осилена во својот активизам во надворешната политика, како главни актери на сцената. Кои се различните интереси во регионот на овие меѓународни актери?

Корибко: САД сака да ја спречи експанзијата на руското и кинеското влијание на Балканот, додека ЕУ сака да продолжи да го интегрира регионот во блокот. Кина го гледа Балканот како задна врата на европскиот пазар, додека Русија го гледа регионот повеќе во смисол на својата транзитна улога во олеснувањето на извозот на енергија во многу поголемите Западноевропски земји. Турција сака да ги зацврсти своите врски со муслиманското малцинство, додека Албанија сака да ја унапреди својата голема стратешка визија за „Голема Албанија“. Целите на САД и ЕУ воглавно се преклопуваат, исто како што се преклопуваат руските и кинеските. Некои набљудувачи се сомневаат дека Турција е благонаклонета кон „Голема Албанија“, иако може да се утврди дека нејзиниот интерес за овој проект се олади во последниве години, откако земјата стана позната за ѓуленистите дека е нивен домаќин и за кои Анкара смета дека се сериозна закана по националната безбедност. Но, САД е целосно благонаклонет кон „Голема Албанија“ и активно се обидува да ја направи реалност.

ERSG: Која е најголемата грешка што овие актери ја направиле или ќе можат да ја направат пристапувајќи кон балканските земји?

Корибко: САД премногу се потпира на сировите сили и манипулациите зад сцената, додека ЕУ е лицемерна кога станува збор за проповедање на „демократијата“ одошто вистински ја спроведува. Кина е економски ориентирана, но не успева да ја разбере важноста на меката моќ (Soft Power), додека пак Русија премногу се потпира на меката моќ, но не успева да ја разбере важноста на економските односи во реалниот сектор со своите партнери надвор од енергетската сфера. Турција се сметаше за пристрасна кон муслиманското малцинство во регионот, но во последно време се обидува да ја отфрли таа идеја преку заемно корисните економски договори со Србија и други. Албанија, од своја страна, го плаши регионот поради сеќавањето кое многумина сѐ уште го имаат од безбројните терористички дејствија извршени од борците во името на „Голема Албанија“ во Космет.

ERSG: Во екот на различните и конфликтните интереси, големата игра на Балканот може да испадне само нулта-игра, па кој вие сметате дека ќе излезе победнички?

Корибко: Двајцата најрелевантни играчи во оваа игра се САД и Кина, додека ЕУ и Албанија се сојузници со првиот, Русија е партнер со вториот. Турција е со wild card во оваа игра, но не е во состојба решително да ги промени регионалните настани. Геополитичката инерција се движи во корист на американските интереси по неодамнешните настани во Македонија и можната резолуција за „Косовското прашање“ во полза на албанските сепаратисти, иако овие случувања можеби нема да имаат забележлив ефект во спречувањето на ширење на економското влијание на Кина во регионот. Најверојатното сценарио во иднина е онаа во кое Балканот ќе е геополитички преуреден според етноцентричниот модел на Тимоти Лес, но речиси некако контраинтуитивно се приближува кон Кина на економскиот фронт, дури и ако САД таму го прошири своето воено влијание паралелно со овој процес.

ERSG: Г-дине Корибко, вашите геополитички анализи се базираат врз мултиполарната визија за светот. Можете ли да им објасните на читателите што се основните идеи на вашите теории? Во вашите статии исто така често зборувате за хибридна војна.

Корибко: Повеќе објаснувам за ова во мојата статија од 2017-тата година за „Геополитиката на 21-от век на Мултиполарниот светски поредок“, но во кратки црти, верувам дека ерата на униполарноста завршува и дека монополот на САД врз моќта и влијанието се заменува со повеќе децентрализиран систем кој допрва треба да се создаде, но сепак тој е предводен од Русија и Кина. Овој процес е оној што САД се обидуваат да го нарушат, контролираат и/или да влијаат, на начин што водат хибридни војни ширум светот, кои се надворешно испровоцирани идентитетски конфликти со цел да се постигнат политичките отстапки (Regime Tweaking), промена на режимот (Regime Change), или ребаланс на режимот (Regime Reboot т.е. уставни реформи по линиите на раздели па владеј „боснификација“). Исто така постојат и други компоненти на Хибридната војна, како што се информативните и економските манипулации кои САД обично ги користи, но мојата теорија се фокусира воглавно на горенаведените тактики и нивната улога во обликувањето на надоаѓачкиот Мултиполарен светски поредок.

ERSG: На Балканот се судираат две спротивни визии за светската организација: едната е униполарна а другата мултиполарна. Кои се можните сценарија за така важната област и за идните меѓународни средства? Кое би било најдоброто сценарио и кое, наместо него, е најлошото што би можело да се очекува?

Корибко: Теоретски гледано, најдоброто сценарио би било доколку балканските земји се здружат и се обидат да ја наметнат својата колективна независност, но тоа е малку веројатно поради очигледните причини кои имаат врска со одредените историски непријателства и поради зависноста на државите од САД. Најлошото сценарио би било доколку регионот повторно влезе во војна како резултат на геополитичкото преуредување на САД, но исто така и тоа е малку веројатно затоа што се чини дека Америка ја има ситуацијата под контрола, барем засега. Затоа, најверојатниот исход е дека ќе се појават постепени геополитички промени, но во кои поделениот регион ќе станува економски поблиску до Кина. Балканот, исто така, може да падне под влијанието на „Триморската иницијатива“, која е под покровителство на Полска, и која функционира како посредник на САД на просторот на Централна и Источна Европа.

ERSG: Зошто Балканот сѐ уште е толку важен?

Корибко: Балканот отсекогаш бил важен поради неговата местоположба на раскрсницата помеѓу Германија, Русија, Турција и Италија, и тоа секогаш ќе остане случај.

balkans1-poligrozd.org

ERSG: Една од вашите статии – неодамна објавена – е насловена како Признавањето на Русија на „Северна Македонија“ е дел од планот за „Нов Балкан“. Ќе можете ли да ни објасните што е планот за „Нов Балкан“ и во што се состои оваа промена на руската парадигма кон Балканот?

Корибко: Планот „Нов Балкан“ се однесува на визијата на Тимоти Лес за „балканизирање“ на Полуостровот по етнички линии, нешто со што се чини дека руските стратези се помириле, мислејќи дека е неизбежен, и сега пасивно ќе го следат ова преку нивното признавање на „Северна Македонија“. Тоа е многу слично во некоја смисла на она што Русија го прави на Блискиот Исток vis-a-vis „израилскиот“ „Јинон план“, бидејќи Москва разбра дека е подобро пасивно да се олеснат одредени процеси до одреден степен, со цел и надеж дека ќе ги води во насока кон интересите на државата. Ова немора да значи дека Русија се согласува дека ова претставува најдобриот исход за секој од регионите, туку дека ги разбира сопствените ограничувања и прифаќа дека е премногу скапо да се променат работите. Како таква, Русија сега, исто соработува со Курдите и покрај тоа што тие претставуваат дел од клучните играчи во „планот Јинон“, како што сега работи заедно и со САД за решавање на „Косовското прашање“, на начин кој најверојатно ќе им послужи на албанските интереси, сето тоа затоа што верува дека не може навистина нешто да смени, па според тоа смета дека треба да го направи најдоброто со она што го има на најекономичниот начин.

ERSG: Покрај Соединетите Држави и Руската Федерација, на Балканот се појави нов актер, но се чини дека се води според друга логика во споредба со претходните: Народна Република Кина. Како Пекинг може да влијае на иднината во оваа турбулентна област меѓу Европа и Азија?

Корибко: Кина го гледа Балканот како задната врата на поголемиот европски пазар и важно ги задоволи потребите на луѓето во регионот преку своите инфраструктурни проекти, па оттука причината зошто беше толку успешна таму во изминатите неколку години. Таа нема никакви политички намери, туку само економски, и затоа најчесто е непокриена од страна на геополитичките процеси што се случуваат таму. Кинескиот modus operandi е здружување со клучните членови на воените, разузнавачките и дипломатските бирократии („длабоки држави“) на овие земји, заедно со нивните економски и политички елити, од кои секоја ги извршува своите сопствени интереси без оглед на нивните врски со САД, и затоа се толку приемчиви кон она што го нуди Пекинг. Долгорочното влијание на овој процес, доколку не се контролира, и причината поради која САД е толку загрижена, е стравот дека Кина еден ден ќе го искористи своето растечко економско влијание на политички начин и ќе ја оспори улогата на Вашингтон во овој стратешки агол на Европа, а оттаму и на другите места на континентот.

ERSG: А што е со Европа? Во минатото, Брисел изгуби безброј можности на Балканот и сега ЕУ не може да развие заедничка и автономна надворешна политика. Сепак, Европа ќе може да добие само со мирна и стабилна ситуација во регионот.

Корибко: ЕУ претставува хибриден економско-идеолошки проект кој го водат еден куп неизбрани бирократи, кои честопати се заслепени за вистинските геополитички реалности во регионот и затоа не можат да ги искористат одредените можности таму. Наместо тоа, поттикнати од меѓусебните желби за „либерализирање“ на тие општества во социоекономска смисла пред нивното вклучување во блокот, како вазални држави, редовно ги навредуваат луѓето во регионот преку своите диктаторски тенденции, и затоа постои толкав скептицизам. Покрај тоа, ЕУ не е независен актер, па затоа вообичаено маршира со САД, нешто што никој не промашил да го забележи.

ERSG: Балкански тензии и Северноафрикански немири. Италија се чини спие во срцето на циклонот. Каква улога може да игра Рим на Балканот и во мултиполарниот свет?

Корибко: Италија е повеќе поставена да одигра водечка улога во контролата на илегалната имиграција од Африка, отколку да влијае врз било кој од горенаведените геополитички процеси на Балканот. Најдоброто на кое може да се надева е да го прошири своето економско влијание во регионот и да се обиде да стане значаен играч во тој поглед, можеби еден ден да се натпреварува со другите големи сили како Германија, Русија, Кина и Турција, но тоа сценарио сѐ уште е далеку од можноста да се случи. Што се однесува до мултиполарноста воопшто, локацијата на Италија на Афроевропската крстосница значи дека би можела да одигра улога во поврзувањето на двата региони, иако најверојатно ќе добие форма да претставува авангарда на ЕУ кон јужниот континент, а посебно кон Северноафриканскиот Брег.

Андреј Корибко е политички аналитичар, новинар, публицист и член на експертскиот совет на Институтот за стратешки студии и предвидувања при Рускиот универзитет за пријателство на народите.

Разговорот го водел Андреа Тури (2019)

Оригиналниот текст е преведен на македонски јазик од страна на следбениците на Полигрозд.