Category Archives: Македонски

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, официјален јазик во Република Македонија и малцински, службен јазик во Албанија, Србија и во Косово (познат како горански дијалект). Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на јужнословенски јазици на словенските јазици.
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на денешните држави Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснил и македонските говори во тие краишта полека почнал да се заменува со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во Мала Преспа, Голо Брдо и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во Беломорска Македонија, македонскиот јазик се зборува најмногу во префектурите Воден и Лерин но и во другите градови и села во Беломорска Македонија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во Пиринска Македонија, а во Србија се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во Косово.
Македонските говори околу Солун биле основата за формирање на старословенскиот јазик и писменост. Тоа што ја карактеризира историјата на македонскиот јазик е неговата коренита промена што настанала од X век па навака. Слични промени ги зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие темелни промени довеле до мала споделба на граматички црти помеѓу старословенскиот и македонскиот јазик, па како резултат на тоа се создала Македонската рецензија на старословенскиот јазик. Познати центри на Македонската рецензија се Охридската книжевна школа, Кратовската книжевна школа и Лесновската книжевна школа.

Историјата на македонскиот јазик е поделена на следниве периоди:
1. древномакедонски и т.н. коине јазик: до IX в.
2. канонски период: IX – XI в.
3. македонска редакција на црковнословенскиот јазик: XII и XIII в.
4. црковнословенски писмен јазик од македонска редакција и од српска редакција и од мешан тип: XIV и XVIII в.
5. почеток на македонски книжевен јазик (појавата на т.н. дамаскини): XVI в.
6. навлегување на рускоцрсл. редакција и нејзино мешање со дотогашната домашна писмена традиција во јазикот и стилот: XVIII в.
7. употреба на два стила, два писмени јазика, низок (народен јазик) и висок (црковнословенски јазик): првата половина на XIX в.
8. дискусија за изгледот и основата на современиот писмен јазик за Македонците: втора половина на XIX в.
9. прва стандардизација на современ македонски јазик: книгата ,,За македонцките работи” од Крсте Мисирков од 1903 г.
10. конечна стандардизација од 1944 и 1945 г. (извор: Wikipedia)

#БОЈКОТИРАМ Е МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ОДГОВОР ПРОТИВ НЕОЛИБЕРАЛНАТА ПЛУТОКРАТИЈА

Македонскиот народ уште еднаш ја повторува својата традиција наоѓајќи се во таборот на слободољубивите и човекољубивите народи и нации кои во овој момент ја плаќаат цената од огромна материјална и нематеријална штета, во борбата против светската плутократија, која како крајна цел има наметнување на тоталитаристичката особина врз човечкото битие во својот однос помеѓу државен систем-општество-заедници и поединец, па дури и верска установа-поединец. Влогот на Македонскиот народ во оваа епска битка е егзистенцијалното постоење – што земено од историската пракса ова нималку не претставува македонска новост. И оваа генерација Македонци (како и претходните со НОБ и Илинден, со Битката кај Марица, со Битката кај Беласица, со Битката кај Пидна итн.), ја потврдува метафизичката чистота на соборниот македонски Ум во своите политички намери.

Логичните предвидувања за згаснување на двете најголеми партии како македонски испаднаа точни

Разгледувајќи ја хронологијата на делувањата на двете најголеми партии во Македонија, со цел да им ги запознаам константите и варијаблите, и како тие се одразиле по општите македонски интереси од 1991-та год. до 2015-та год. (како потребен материјал за книгата „Василија – архитема на новото општество“, 2015), лесно дојдов до заклучок дека константата е секогаш водење скриени преговори и скриени конечни одлуки по клучните прашања, односно недемократска и нетранспарентна одлика! Варијаблите беа начинот на кој тие се спроведуваа, некогаш и без воопшто да се соопштат пред јавноста, или соопштување post festum. Дополнителен заклучок природно беше претпоставен дека водствата на најголемите политички партии, откако доаѓаат (или свежо пред доаѓање) добиваат притисоци од страните држави со влијание и моќ, кои набргу подоцна стануваат налози за мирно и стихијно разнебитување на македонското национално битие. Тогаш обзнанив во книгата дека партијата СДСМ е всушност веќе идеолошки мртва партија, а заклучокот дојде од тоа што јавно односно крајно бесрамно по 2008-та година по самитот во Букурешт, се нудеа како политичко раководство пред „некому“, кое веднаш ќе ја потпише и спроведе „конечната спогодба“ – афирмирајќи се како послушен „партнер“/квислинзи. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски, бидејќи направија кариера со македонската популистичко-патриотска реторика (без конкретни резултати), им дадов најмалку 8-10 години (по 2022-та) рок кога и таа партија со одреден чин ќе згасне како македонска, односно ќе стане идеолошки мртва. Во таа проценка, во предвид не беше земено бруталното мешање на САД и ЕУ (Германија) што се случи истата година (2015), кое всушност прерано ја откри маската на сите раководства, кои требаше да претставуваат македонски, а всушност врз штета на Македонскиот народ и за лична корист, се согласувале на секакви налози. Тоа поедноставено значи дека 28 години постоел антимакедонски заговор, со кој нашите раководства се согласувале и активно или пасивно учествувале во него, односно биле соучесници во заговорот, без кои тие како клучна алка во тој план воопшто и не би можел вака препредено и крајно штетно да се спроведе во реалност.

… ПОВЕЌЕ

ПРИЗНАВАЊЕТО НА РУСИЈА НА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ Е ДЕЛ ОД ПЛАНОТ ЗА „НОВ БАЛКАН“

Признавањето на Русија на Северна Македонија, разочара многу активисти во она што Москва и натаму ја сметаше како Република Македонија за нејзино уставно легитимно име, но овој чисто политички потег не требаше да биде толку неочекуван во позадина, бидејќи тоа е во корелација со шпекулациите дека Москва планира да преземе водство во обликувањето на Новиот Балкан.

Изненадување… или не?

Русија ги изненади многубројните набљудувачи на Балканот, кога ја призна Северна Македонија“, и покрај претходното принципиелно противење кон постшарено-револуционерната влада, која очигледно незаконски го игнорира недвосмисленото одбивање на популацијата да го поддржи овој потег за време на минатогодишниот референдум. Многу активисти во она што Москва и натаму ја сметаше како Република Македонија за нејзино уставно легитимно име, се крајно разочарани од овој чисто политички потег и се борат да разберат зошто тоа се случило, но причината всушност не е воопшто неочекувана во позадината. Треба да се признае дека иако имало, веројатно многу моќна soft power/мека сила меродавна на Москва, која продолжува да инспирира (клучен збор) протести, одбивајќи да го признае т.н. компромисно име кое Заев се согласи да го наметне врз својот народ за експресна цел – испорачување на влезот за земјата во ЕУ и во НАТО, современата Руска Федерација не е под влијание на идеолошките мотиви како својот советски претходник, туку е ладно прагматична во остварувањето на сопствените интереси.

… ПОВЕЌЕ

БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК ВО КОЈ ИСЧЕЗНУВА СРБИЈА: СРПСКАТА ВЛАСТ, СРПСКАТА ОПОЗИЦИЈА И АЛБАНЦИТЕ

Српската власт

Обидот на власта да ја наметне поделбата на Косово и Метохија со Албанците не успеа, но затоа успеа да ја интегрира целата територија на Косово и Метохија во Албанија, настан кој го објави Харадинај во ноември оваа година на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама во Пеќ. Додека Албанците на големо работат на проектот Голема Албанија, власта во Србија се занимава со осудите и повикот кон „меѓународната заедница“ (а се мисли на Запад) да реагира, додека истата таа „меѓународна заедница“ дава подкрепа на проектот Голема Албанија. Се поставува прашањето, дали српската власт е неспособна или е соучесник во овој проект?

… ПОВЕЌЕ

АНТИБОЖЈИ АКТ

ПРЕИМЕНУВАЊЕТО И БРИШЕЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА Е АНТИБОЖЈИ АКТ

Има некои во Македонија, Македонци што не знаат што прават. За да не речат дека навистина не знаеле еве овде ќе им биде кажано по Божјо провидение. Заведени од нечестивиот се ставија на негова страна во вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу Темниот и Светлиот принцип. Оваа спротивставеност е стара колку што е старо и постоењето, но е драматично нагласена во последните 2-3 илјади години, при што Македонија и Македонците како носители на Светлиот принцип се главниот „плен“ против кој се настрвени темните владетели.

… ПОВЕЌЕ

НАТО НЕСМАСНО ПРЕЧЕКОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

МАНИПУЛАЦИЈАТА НА НАТО НА МАКЕДОНСКОТО ГЛАСАЊЕ ГО ИЗЛОЖУВА НИВНИОТ MODUS OPERANDI

Речиси две третини од македонските гласачи го бојкотираа макотрпниот референдум за промена на уставното име на својата земја и олеснување на нејзиното влегување во НАТО, но жестокоста со која блокот сѐ уште се обидува да ја приклучи ја изложува својата хибридна војна и антидемократскиот режим/modus operandi.

Членството во НАТО беше мотивирано од заедничкиот страв, сепак експлоатиран, од т.н. „советска/комунистичка закана“, кој стори приклучувањето кон воениот блок да наликува на навидум „природна“ одлука за земјите што го сторија тоа за време на старата Студена војна. САД со сигурност притискале многу од нив зад сцената, но исто така го експлоатирале нивното членство за тајни цели, како што е вградувањето на Gladio-единици во нивните општества. Советското распаѓање од 1991 година ја отстрани самата причина за постоењето на НАТО, но организацијата преживеа и постепено се преобликува (повторно измислува причина за постоење) себеси во текот на следните две и пол декади.

… ПОВЕЌЕ

СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ??

Мојот обичај претставува статија од овој тип под наслов со прашањата кои ни се дадени како аманет од К. П. Мисирков за да се запрашуваме, со цел разјаснување на нештата кои ни се случуваат на општ план, да ја објавувам на Денот на народното востание – 11 Октомври, на датумот кога народот му објавил антифашистичка војна на угнетувачот. Но бидејќи станува збор за вонредна состојба во која западнавме, се решив статијата да ја објавам предвреме, на овој голем ден кој е важен за православните мислители и набљудувачи на светот – денот на Преображение на Господ Исус Христос (поопширно).

Пролегомена:

СВЕТОТ МУ ОБЈАВИ ЦЕЛОСНА/ТОТАЛНА ВОЈНА НА СИНОТ ЧОВЕЧКИ

И чествувајќи го овој голем православен ден, честопати мислата ме наведувала кон обидот да разберам што навистина им се открило на Св. апостоли Петар, Јаков и Јован на Тавор? Зависно од какво стојалиште сум поаѓал (православно, секуларно, модерно и др.), често сум доаѓал до разни заклучоци, контрадикторни едни со други. Во едно сум сосем сигурен – Таворската светлина претставува видение на апостолите на еден друг свет кој е од нетварна природа!

… ПОВЕЌЕ

АЛТЕРНАТИВНИ МЕДИУМИ: РАЗОТКРИВАЊЕ НА ДОГМАТА

Алтернативните медиуми (Alt-Media) и нивната соодветна онлајн заедница можат да бидат богатство на знаења и задлабочен дискурс во сè поцензурираниот свет, но исто како и нивните колеги од главните медиуми (Mainstream Media) кои одат во голема мера кон отвореното диференцирање, исто така постојат одредени догми својствени за овој информативен простор што понекогаш го отежнуваат појаснувањето на разликата помеѓу објективните факти и наративите за „размислување“.

Информативната доминација на САД по Студената војна заврши и конечно може да се зборува за мултиполарност во меѓународниот медиумски простор, со воглавно финансирани од јавни пари медиуми какви што се Русија Денес (RT) и Кинеска Глобална Телевизиска Мрежа (CGTN), презентирајќи алтернативна анализа на настаните и давајќи глас на фигурите кои честопати се игнорирани од главните медиуми (MSM). Освен тоа, во последниве неколку години се појавија бројни алтернативни медиуми (Alt-Media), а возбудливиот резултат на тоа е што луѓето ширум светот кои се противат на униполарноста се обединуваат за првпат, формирајќи просперитетна интернет заедница.

… ПОВЕЌЕ

ОПШИРНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА СПОГОДБАТА ЗА ИМЕТО

МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА „ПОЛИТИЧКИ КОРЕКТНА“ ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ

Страшното предупредување на Џорџ Орвел за „политички коректна“ полициска држава е во можност да стане реалност во Република Македонија, доколку земјата ги спроведе неодамна договорените одредби од спогодбата со Грција, кои многу од нив ќе го задолжи Скопје да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот под окното да бидат ставени пред Обединетите нации и/или Меѓународниот суд на правдата, и како врв на сето тоа Атина ќе го има авторитетот заеднички да биде определено што македонските деца ќе изучуваат во школото како и тоа кои „политички некоректни“ изрази и концепти треба да се забранат од властите.

Не постои „учтив“ начин да се објасни ова во фраза – Република Македонија е на работ да стане „политички коректна“ полициска држава, доколку капитулира пред либералните глобалисти и нивните регионални грчки посредници. Ова не е претерување, туку изјава која се однесува на фактички орвелски клаузули, содржани во неодамнешната спогодба за името која го обврзува Скопје суштински да ги потисне своите граѓани во слободата на говорот, во спротивно целата земја е во можност да биде ставена пред ОН и Меѓународниот суд на правдата. Какви и да бидат нечии лични ставови околу легитимноста на уставното име на земјата, и на нејзината народна употреба на придавката македонски, опишувајќи си ја со неа својот идентитет, историја, култура и јазик, без сомневање тоа е невиден тоталитарен чекор на странска влада која наметнува своја „политичка коректност“ врз друга земја, што претставува ништо помалку од постмодерна окупација на она што би требало да биде суверена држава.

… ПОВЕЌЕ

КНИГАТА ОТКРОВЕНИЕ – СВЕТИ ЈОВАН БОГОСЛОВ (АУДИОКНИГА)

ВОВЕД: Откровението на Исус Христос, што Му го даде Бог за да им ги покаже на Своите слуги, настаните што треба наскоро да се случат; Тој, преку Својот ангел, му го пренесе и му го објави тоа на Својот слуга Јован, кој преку Божјото слово посведочи за сè што виде преку сведоштвото на Исус Христос. Блажен е оној што чита и блажени се оние што ги слушаат зборовите на пророштвото и го пазат напишаното во него, зашто времето е близу …

… ПОВЕЌЕ

ХОМОСЕКСУАЛИЗАМ

Вo современиот капитализам се создаваат повеќемасовни движења на хомосексуалци кои по Марксовиот „хуманизам-натурализам“, припаѓаат на дегенерирана општественост и на тој начин во дегенерирана природност. Не станува збор за „пореметена“ биолошка природа на човекот (човекот претставува хетеросексуално битие и има органска предиспозиција за педерастија), туку за владејачки општествени односи и нивните соодветни вредносни предизвици. Не станува збор за „болен човек“ туку за болно општество. Според тоа не треба да се лекуваат луѓето туку треба да се создаде „здраво општество“ (Фром) во кое ќе се создаваат здрави луѓе. Хомосексуалноста е конкретна општествена (историска) појава која е условена со природата на владејачкиот поредок. Таа е облик во кој се појавува одреден вредносен систем кој ги уредува односите помеѓу половите и како таква претставува конкретен вид на општествено функционирање. Античкиот педерастичен Ерос има битно различна природа од капиталистичкиот начин на условување на хомосексуалноста. Хомосексуалната заедница денеска е еден од облиците во кој се појавува на капиталистички начин дегенерираната општественост. Развојот на хомосексуалните односи соодветствува со распадот на семејството како облагородена природна заедница и постоење на бракот како економска заедница. Хомосексуалните заедници добиваат „општествена“ легитимност не во однос кон семејството како облагородена природна заедница, туку во однос кон осамената безначајност која ја создава капитализмот. Хомосексуалната заедница е краен облик на капиталистичкиот начин на дегенерирано семејство, а развојот на педерастијата допринесува до укинување на можностите за создавање на семејството како облагородена природна заедница. Истовремено, уништувајќи го човекот како природно и човечко битие, капитализмот ја уништува автентичната општественост со што се стерилизира Еросот и на тој начин се уништува можноста за биолошка репродукција на општествата. „Репродукцијата на општествата“ стана сегмент на деструктивна капиталистичка репродукција која како и останатите области од животот се заснова на принципот „Парите не смрдат!“. Вештачкото оплодување, продавањето на семениот материјал, изнајмувањето на материцата, продавањето на децата – сето тоа се легални и легитимни облици на капиталистичката репродукција. Капитализмот ги вовлекува во својата егзистенцијална и вредносна орбита погубните последици кои ги произведува, давајќи им институционален статус и создавајќи од нив средство за свој развој.

… ПОВЕЌЕ

ЗА СЛОВЕНИТЕ

Велат душманите те освоиле тогаш кога започнуваш да размислуваш со нивните мисли и за идеологијата да ја имаш нивната интерпретација. Па доста е! Надминуваме една поделба според која еден ист народ, македонскиот, е дојден од некаде иаку е на своето… Кога сме кај термините, да разграничиме и ова: постојат наши домашни термини и туѓи термини. Нашите термини се Словото, Словените, Славјаните… како што наши термини се Македонци, Македонија; туѓи термини се Sclave, Sclavinia со значение на роб и административна област, Enclave по денешното, исто како што се туѓи термините Фиром, Фироманци, циганоскопјаноси…

… ПОВЕЌЕ

БЕЛГРАД: ЗАВРШИ БАЛКАНСКАТА ШКОЛА ЗА ГЕОПОЛИТИКА

Претходната недела заврши Балканската школа за геополитика. Филозофот Александар Дугин предаваше за Ноомахија (исто така, тоа беше циклус на текстови и истражувања); во настанот учествуваше и главниот уредник на Geopolitica.ru, Леонид Савин. На предавањата учесници беа двајца претставници од Македонија: Александар Мурговиќ – психолог и Филип Наумов Радомиров – правник и активен член на Политички Гроздобер.

… ПОВЕЌЕ

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА ВАСИЛЕИСТИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ

Транзициониот период кој започна по смртоносните воздишки на Шампионот на Глобализацијата, период кој светот веќе со години жестоко го искусува, полека навлегува во фазата на својот климакс. Тие смртоносни воздишки освен што се отсликуваат и најмногу се забележливи за луѓето во полето на политиката и геополитиката (бидејќи станува збор за многу земни и материјални нешта, лесно видливи за човековото око, односно за држава како администрација и буџет; борба на држави за ресурси и капитал), воздишките станаа воочливи и за луѓето кој светот го гледаат во пополна смисла, односно во суштинската смисла. Така освен што сѐ повеќе станува јасно дека глобализацијата како проект, и моноцентрично владеење од еден политички центар врз целиот свет, се неостварливи замисли во пракса, станува јасно и дека филозофијата на Западот, започната како парадигма кратко по одвојувањето на Црквата во Рим, а засилена во својот развој по ткн. Ренесанса, и позната по своите блескави историски периоди од времето на Француската Револуција и Викторијанската ера, не претставува универзално светогледие, туку дека светот има насушна потреба од признавање на мултиверзалноста.

… ПОВЕЌЕ

ШКОЛА ЗА ГЕОПОЛИТИКА НА АЛЕКСАНДАР ДУГИН

Во државата која е централен наследник на некогашната Југославија (наследството од воено-економски и интелектуални капацитети), меѓу народот кој создаде последица да се креира Југославија по условно кажано „Првата” светска војна, и во градот кој беше еден од главните центри на оној збир на држави кои себеси во ерата на Ладната Војна се нарекуваа „Неврзаните”, се создава школа која нуди специјализиран тип на образование, поинаков од оној вообичаен на кој сме навикнале со нашите образовни догми за политикологија, географија, право и филозофија… Станува збор за држава Р. Србија, за народ Срби и за градот Белград, додека за школата наречена како Балканска школа за геополитика или Школа за геополитика на Александар Дугин, наречена така по професорот од Руската Федерација, Александар Гелевич Дугин, современиот предводник на евроазиската идеја, и ткн Четврта политичка теорија (4пт/4pt).

… ПОВЕЌЕ

АНГЛО-САКСОНСКИ ГЛЕДИШТА НА БАЛКАНОТ (ВИДЕО)

ВОВЕД: Непосредно по одлуките на првото заседание на АСНОМ, и одлуката за прогласување на Македонија како федерална единица во федеративна Југославија, пред британската дипломатија повторно како феникс воскреснало македонското прашање, прашање кое во себе пред сѐ го содржело обединувањето на Македонскиот народ во сите три дела на Македонија и можело да го поремети status quo-то на Балканот за кое најмногу се залагала Велика Британија …

… ПОВЕЌЕ

ВОЈНА ЗА СЛОВО

„Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Бог беше Словото. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето. И Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати.“

Реченица во која се кријат сите тајни на вселената и човечкиот микрокосмос, и во која е скриен смисолот на текот на историјата, нејзиниот почеток и нејзиниот крај. Во моментот кога времето не постоело, Словото влезе во вечноста покренувајќи го кругот на човечката историја. Светот почна да настанува со посредство на зборовите, или како што вели натписот во црквата во Едфу: „Сѐ што постои, настана од Неговите зборови.“ Значи тогаш човечката историја почна да кружи околу еден центар, една точка, една крепост – Слово/Збор – Логосот. А човекот како таинствен носител на Словото и како единствено битие на кое Словото му е дарувано да живее во него, во Логосот доби патоказ на својот почеток и крај, на својата Алфа и Омега. И затоа смисолот на човековото постоење од почетокот до крајот е да го сочува Логосот во суштината во која Логосот е создаден, бидејќи на човекот му е подарена судбината во која чувајќи го Логосот се сочувува себеси.

… ПОВЕЌЕ

11-ТИ ОКТОМВРИ – ШТО НАПРАВИВМЕ И ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИМЕ?? (2017)

Историографскиот дел за многу важниот датум кој денес го празнуваме, попознат како Денот на народното востание, можете да го прочитате во истоимената статија од 2016 година (линк).

Многу е важно да се знае духот на овој празник, затоа што тој дух (про-народен/филолаон/алтруистичен) ни е потребен, бидејќи само доколку надвладее тој добар дух/евдемон, само така можеме да се оттргнеме од овој општествено-политички и социјален хаос, кој не осипува со негативни мисли, состојби спротивни од смирение, и она најлошото – обесхрабрување и деморализирање односно никакво корисно бездејствие (или плунка кон животот). Иронијата ке е поголема, кога ке излезат јавно да одадат „почит” официјалните државни претставници, и кога ке ни читаат пишани текстови од професионалните цитатолози, затоа што безмалку сите нивни досегашни одлуки од 1991 година па до денес, се спротивни и од духот на овој празник, но и од интересите на она што произлегло како краен производ од народното востание – АСНОМ (македонска држава). Но, и онака знаеме дека станува збор за марионетки, така да тие ке продолжат со својот театар. Нам ни е битно, барем за момент тоа кратко оттргнување од хаосов, со цел да разбереме, што се случува и зошто, односно согледување на вистината, и како нешто би можело да се смени на подобро односно корисна теорија и пракса.

… ПОВЕЌЕ

КОРЕНИТЕ И СУШТИНАТА НА ФАШИЗМОТ

Fascist symbols 1 PGФашизмот како општествен модел се појавува во Италија по “Првата” светска војна. Името фашизам (fasce или спој на гранки/дрвја со една секира), претставува инспирација од римската симболика на обединување на општеството, под еден авторитарен лидер, додека истакнатата секира претставува водење агресивна надворешна политика. Некои тврдат дека фашизмот е креиран под влијание на националниот синдикат во Италија, другите под влијание на разни групации, но воглавном во официјална примена влегува со доаѓањето на власта на социјалистот Бенито Мусолини.

Бидејќи има инспирација од Рим, веднаш е јасно дека станува збор за раст и развој на сметка на другите (види Слабости и предности на Капитализмот). Идејата за Mare Nostrum (или Наше Море) претставува повикување на Италија на своето римско наследство, и означува креирање на империум врз целото Средоземје, исто претходно како и Рим. Затоа италијанскиот фашизам заради желбата да ја оствари оваа идеја и да ја стави Италија меѓу земјите со сопствени широки пазари, кои постоеле во тој период, свесно го поддржувал ултранационализмот.

… ПОВЕЌЕ

СОЗДАВАЊЕ НА ПРАВНИОТ ПОЗИТИВИЗАМ ВРЗ ОСНОВА НА ОНТОЛОШКИ ПРИНЦИПИ

Онтологијата и целокупноста на своите ентитети, врски, правила и ограничувања, содржи запишано знаење во одреден реален или деловен домен кој го опишува. Знаењето пак сумирано во тој облик, за човекот е тешко читливо заради начинот на записот односно енкрипцијата, кој за едноставни примери кои опфаќаат значaен број на опишани ентитети донекаде е и разбирлив, но станува тешко сфатлив при голем број особено опишани ентитети. Истата е проектирана за да биде најопшта филозофска теорија за најопштите креации на светот, а најмногу на општите концепти и категории, како и почетна точка за еден поедноставен методолошки принцип на науката. Таа е специфичен вид на семантички модел кој се состои од збир на концепти и меѓусебни врски. Генерално како поднаучна дисциплина онтологијата ги опфаќа истражувањата поврзани со егзистирањето и објективната стварност, а за прв пат е употребена од страна на филозофите Рудолф Гуцкел (Rudolphus Goclenius) и Јакоб Лорхард (Jacobus Lorhardus) во 1613 година од новата ера.

Како општоприфатлива дефиниција за онтологијата е дека истата претставува експлицитна спецификација, концептуализација, каде што концептите кои можат да бидат апстрактни или конкретни, односно елементарни или композитни и реални или измислени, се организирани во објекти или во категорија на онтолошки знаења. Експлицирано, постојат повеќе онтологии во различни области но ќе се задржиме на законскиот „домен“. Покрај тоа постојат повеќе правни онтологии. Французите на пример, посебно ја акцентираат онтологијата на францускиот закон, за да му дадат значење. Најпознатото одредување на современиот правен позитивизам е одвојување на правото од моралот: правниот ум неможе да допринесе развој на вистината во моралниот ум и ништо неможе од него да прими!

… ПОВЕЌЕ

СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КОМУНИЗМОТ – ВТОР ДЕЛ

Најголемиот теоретичар и практичар на марксизмот – Ленин, повикувал на радикални решенија, кои би требало да го воспостават вистинскиот правец на општеството кон комунизмот. Тој всушност со својата теорија и пракса, под извесно влијание од претходните социолози Чернишевски и Енгелс, по успешно изведената револуција, со негово стапување на власт ја вовел ткн “пролетерска диктатура”. Оваа диктатура во теорија наишла на оправдување и од основачите на марксизмот, говорејќи за потребата од владејачката класа и во идното комунистичко општество. Фридрих Енгелс ке истакнe:

“… крајна лудост е да зборуваме за слободна и народна држава, се додека пролетеријатот има корист од државата, таа ке користи, но не заради постигнување на слободата, туку да ги држи долу нејзините непријатели ”   писмо до Август Бебел, 1875 год.

… ПОВЕЌЕ

СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КОМУНИЗМОТ – ПРВ ДЕЛ

Корените и суштината на комунизмот

Комунизмот претставува понов (замислен како иден) модел на економското уредување, кој според теоријата комунистичките односи би требало да ги наследат капиталистичките односи. Всушност кога зборуваме за комунизмот, тој никогаш не е постигнат во целост како што предвиделе нејзините основачи. Теорискиот дел на комунизмот го имаат креирано германскиот филозоф со еврејско потекло – Карл Маркс и неговиот пријател и ученик Фридрих Енгелс. За практичниот дел поголем придонес имаат придонесено руските социолози – поточно Владимир Ленин. Инспирацијата за креирањето на ваков модел, потекнува од француската револуционерна буна, која се случила во Париз. Оваа буна попозната како Париска комуна, во своето краткотрајно постоење имала креирано општество со голема благонаклоност кон социјалните мерки, затоа што и самата покрај што имала примеси од националното незадоволство, сепак како главен повод за буната биле социјалните нееднаквости.

… ПОВЕЌЕ

КАПИТАЛИСТИЧКИ НИХИЛИЗАМ

Капитализмот не е само нихилистички поредок по тоа што го отфрла вредносното расудување, туку и по тоа што ги уништува продуктивните потенцијали на природата и човекот. Капиталистичкиот нихилизам нема само анти-хумана туку и анти-егзистенцијална природа. Природата „ја познава“ смртта, која е услов за повторно раѓање, но не и за уништување на човекот. Во природата и во историјата смртта отвора можност за нов живот: таа е продуктивна по својата природа. Капитализмот го уништува самиот циклус на умирање и раѓање, што значи продуктивните потенцијали на смртта и произведува деструктивна ништовност.

Капитализмот не создава само тоталитарна држава, туку и тоталитарно општество. Имено, самиот живот стана тоталитарна моќ која го формира карактерот на луѓето, нивната свест, меѓучовечките односи, односот спрема природата… Човекот станува уништувач не само по пат на трудот и потрошувачката, туку и по пат на капиталистичката животна сфера, што значи живеејќи капиталистички начин на живот кој се одвива 24 часа и кој никого не штеди. Капитализмот ги присилува луѓето да живеат деструктивен живот и на тој начин стануваат соучесници во уништувањето на светот. Се повеќе немилосрдниот живот, кој се заснова на се побрз процес на капиталистичка репродукција, им дозволува на луѓето да преживеат само доколку се однесуваат во согласност со владејачките процеси. Тоа е причината за еден од најкатастрофалните облици на општествена патологија: се настојува луѓето да се лишат од основните човечки карактеристики за да преживеат во капиталистичкиот тоталитарен свет. Во капитализмот човекот не се „усовршува“ по пат на развој на своите специфични хумани сили, што значи како историско битие, туку по пат на владејачкиот модел на живеење кој го лишува од природноста и човечноста. Основ на малограѓанската трагичност е во тоа што малограѓанинот се вреднува себеси по пат на владејачкиот вредносен модел кој го обезвреднува човекот. Неприкосновенoто владеење на принципот „Парите не смрдат“ насочува кон тоа човекот да се изложи на најлошо понижување и да прави најлоши злосторства за да би заработил пари и општествена афирмација. Не станува збор за „бегство од слобода“ (Фром), туку претставува бегство од одговорност за уништување на животот, она што доминира во најразвиените капиталистички општества. Тоа е основата на современиот конформизам. Тој нема само анти-слободна, туку пред се анти-егзистенцијална природа. Малограѓанинот ја оттргнува од себе секоја одговорност за уништувањето на животот и ја пренесува на „Господа“, на сонцето, ѕвездите, библиските и други пророштва, на „тајните сили на Земјата“ кои се појавуваат во облик на „масонски ложи“ и други групи кои делуваат „од сенка“. Наместо се повеќе да се насочува драматичната криза за егзистенција во борба против капитализмот, таа се насочува во бегство кон илузорни светови кои ги нудат индустријата на забави, секти, дрога, алкохол… Истовремено, потрошувачката е најважен облик на бегство од одговорност за уништување на светот. Развојот на опортунитетниот менталитет, што значи потполно давење на човекот во капиталистичкото мочуриште, претставува облик на бегство од реалноста. И тука се потврдува принципот дека капитализмот кој од последица на уништување на светот и на човекот создава извори на профит е од универзален карактер.

… ПОВЕЌЕ

СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ВТОР ДЕЛ

Папата кој со текот на времето добивал на тежина во политичкиот живот на Западот, преку Франките, односно Света Римска Империја, овојпат со видоизменета реторика, се повеќе се зголемувале офанзивните елементи. Реториката се состоела во тоа што во периодот на Рим, имавме проширување на цивилизацијата на сметка на варварите, додека во периодот на Ватикан имаме проширување на католицизмот на сметка на еретицизмот односно промена во формата на теоријата на супериорност. Првата проба или првата примена на оваа форма со старонов римски метод, ја почувствувале Катарите во Окситанија, и истата се покажала како многу ефикасна. Папата го ширел своето политичко влијание но и давал пример за оние кои не го прифаќале Ватикан за свој политички и религиозен центар. Крстоносците биле задоволни затоа што се бореле под “свет идеал”, но посебно задоволство им причинувало прекуноќното станување во богати феудалци, со почесни титули и владетелски права на одреден регион, како и добивање право на сопствеништво на голем туѓ капитал. Алчноста не застанала тука, бидејќи сеуште гробот на Господ Исус Христос бил под муслиманската управа. Па така Папата се одлучил за примамливиот богат Исток, каде што под тој мотив е прогласено света војна врз муслиманите. И секако интересот за учество на крстоносците во овие “свети војни” бил голем. Колку биле “продуховени” западните тогашни сили, ке забележи Раул од Руен во својата хроника:

…во Маара нашите ги вареа безбожниците во котел, а децата ги печеа на ражен и лакомо ги јадеа…”

Навистина, претходниците на повеќето Западно-Европски народи, попознати како Келти или Галати и на луѓето од античкиот период не им била непозната нивната склоност кон вакви работи, но сепак овојпат имале силна морална поддршка од центарот кој порано ги користел како робови и ги нарекувал варвари. Алчноста продолжила понатаму и на ред се нашол Константинопол, градот тогаш попознат како “владетелка на градовите”, и град во кој повеќевековно е создаван капитал од целото Источно Средоземје. По ова познато безмилосно неколку декадно пљачкосување, наречено уште и како период на Франкократијата (владеење на Франките/Латините), Истокот никогаш суштински не се опоравил и оставил простор за огорчен и лесен муслимански продор. Во овој период многу важно од историската анализа е моментот на формирањето на банките. Имено учествувачите во крстоносните војни до толку се обогатиле – незнаејќи како да го движат големиот капитал понатаму ги формирале и првите банки во Венеција и Ѓенова, а подоцна и во другите Западно-Европски подрачја. Постепено се развивал и банкарскиот систем, нудејќи им го она одземаното на оние од кои било одземено, секако со каматен интерес. Таквата состојба претставувало идеална формула за добивање влијание и профит суштински неработејќи ништо.

… ПОВЕЌЕ

СЛАБОСТИ И ПРЕДНОСТИ НА КАПИТАЛИЗМОТ – ПРВ ДЕЛ

Корените и суштината на капитализмот 

Капитализмот претставува една од најстара форма за уредувањето на економските односи во едно општество. Корените како и нејзината инспирација, потекнуваат од Римската Република. Затоа не случајно, сите оние општества кои ке достигнуваат капиталистички империум во еден географски реон, се повикуваат на римското право кои ги уредува односите, на римскиот начин на државното уредување и поделбата на општествената моќ, како и на римската симболика.

Roman_Eagle_SPQR - Poligrozd

Низ историјата имаме настани кои ни ја повторуваат истата лекција, за развојот, и како на мали деца покрај тоа што денес имаме многу повисоко позитивистичко образование, без „вмешување“ на религиите и идеологиите, сепак на крајот и денес исти настани со иста содржина ги воочуваме, само понекогаш со малку видоизменета или различна симболика и форма. Односно ни се повторува многу пати процутот, стагнацијата и исчезнувањето – процес кој веќе претходно го напоменавме и појаснивме (види За настанокот и престанокот на империите), но со разлика во тоа што од Рим па до денес, имаме римска верзија на тој процес, најверојатно затоа што таа империја е најмногу проучуваната. Римската верзија на тој процес го напоменувам, затоа што и пред Рим но и по Рим, на некои региони од светот се имало формирано различни империуми, кои во ист процес исчезнале но имале сосем друг правец, идеја и односи на кои тие се темелеле. Римската тогашна економија се базирала на приходи од експлоатирање на туѓи добра. И претходно имаме примери за такви економии кои се базирале на тоа, но сепак тие не придодавале толкав фокус колку што придодавале Римјаните со нивната алчност.

… ПОВЕЌЕ

СОВРЕМЕНИ СОЦИОЕКОНОМСКИ МИТОВИ

Современи митови поврзани со економските односи

Во последниот период под влијанието на глобалната акултура, некои митови и илузии меѓу светското население станаа многу популарни и со многу верба дека тие претставуваат „вистинската работа“. Некои од митовите држат на популарност од најстарите времиња, но денес се повторно во фаза на кулминација во нивното верување. Некои пак од нив се нови митови, но сепак имаат поврзаност и нишка со староновите популарни митови кои се наметнати во умот на современиот човек.

МИТ ЗА МОЌТА НА ПАРИТЕ, е мит кој речиси секогаш држи на популарност и верба кај луѓето, иако суштината за кои истите се создадени е тие да служат на луѓето како помошно или олеснително средство при стоковно-прометните односи. Но бидејќи парите претставуваат т.н. монополна стока, односно стока која ги мери вредностите на сите останати стоки, тие во умот на луѓето често создаваат изопачена илузија за нивната моќ. За оваа илузорна проблематика, Шекспир во своето дело „Timon Athenian“ (Тимон Атињанинот) дава детално објаснување:

Злато (полновредни пари)?Скапоцено, светкаво, црвено злато?

Не, богови, не сум замолувал залудно.

Толку од него се создава црно во бело,

Неубавото во убаво, а злото го прави добро,

Старото во младо, плашливото во храбро,

А подлото во благородно.“

Шекспир директно појаснува на кој начин се гледаат од луѓето према парите, и во што таквото гледиште ги преобразува истите. Првин дека тоа е „видливо божество“, кој ги преобразува сите човечки и природни својства во нивната спротивставеност, сѐопшто изменување и извртување на работите, тие се збратимуваат со неможноста. Второ дека тие претставуваат сѐопшта проститутка, и универзален заводник на луѓето и народите.

… ПОВЕЌЕ

КИРИЛО-МЕТОДИЕВАТА ТРАДИЦИЈА

Ромеите Константин и Михаил, претставувале државјани и високи чиновници во управата на ромејската држава. Очигледна е тенденцијата за „грцизирање” на Ромејското Царство и сиот тогашен историски период, со цел вклопување во историјата на модерната грчка држава и создавање привиден државно-правен континуитет, под изговор дека официјалниот јазик во Ромеја или Византија(зап. историограф.) претставувал „грчки”.

Единствено доколку ја прифатиме тезата за вулгарното значење на поимот „Грк“ и „Грција(Graecia)“, по легендата за настанокот на градот Тарас/Тарентум (според неа основан од непризнаени синови на Спартанците, кои го основале градот како колонизатори, и станал најбогат град од антиката во областа наречена како Magna Graecia/Јужна Италија), како Копиле; Копилиња од нивните оригинални именувачи на поимот – Латините/поданиците на Западното Римско Царство, со веројатна цел поданиците на Источниот дел како нивни тогашни ривали да се прикажат како „копилиња” на Римјаните на Истокот и источните провинции (Македонија, Ахаја, Тракија, Мала Азија), или како присвојувачи од страна на неримјаните по генсот, на името и државата од оригиналниот Рим во Латиум – град кој бил главен центар на Западното Царство кое пропаднало од налетот на варварите, тогаш тоа изедначување на Грција со Ромеја и не би претставувал историографски фалсификат на Западот и можеби појасно ке ни стане зошто дури и во црковнословенските записи (дури и во современите пролози на православните календари) ги наоѓаме и се прифатени овие поими и термини за Ромеја и Ромеите како Грција и Грци, секако прифатливи под услов доколку поимите Хелада/Хелени (оние од класичниот период) и Грција имаат различно етничко и географско значење. Всушност целата политичка борба на државите и до ден денес е кој владетел или која држава/империја, ке стане државно-правен па и духовен наследник на Римската Империја, дал на севкупниот Стар Рим како што имале амбиција Јустинијан и Мехмед Освојувачот, или на Западен односно Источен дел од наследството, како што имале/имаат амбиција разни западни и источни суверени владетели како Наполеон и Хитлер, Иван Грозни…

Но настрана од овие намерни извртувања на етнографските и етнолошките поими, кои се најверојатно сторени со цел да добијат посакувано значење/друго од вистинското, од политички причини, и кои нас љубителите на историјата не доведуваат во разни заплети, поентата на оваа кратко излагање се состои во тоа што помалку да се доведуваме до чудење како по светот се запознаваат/учат луѓето, во врска со овие двајца сесловенски просветители, Св. браќа Кирил(Константин) и Методиј(Михаил), дека се Грци/Византијци, кои само ладнокрвно учествувале во мисии давани од страна на Василевсот во Константинопол. Обидот со лажирање е обид да се намали нивниот цивилизациски придонес, да се обезвредни нивното значење и она најважното – да им се обезличи нивната етничка припадност како Македонци, кои беседјувале/говореле на чисто склавински/словенски мајчин јазик.

… ПОВЕЌЕ

ПРОБЛЕМОТ НА ЗАПАДОТ СО НАДАКУМУЛАЦИЈА И ХИПЕРПРОДУКЦИЈА

Водејќи се по логиката на меркантилизмот и усовршувајќи го истиот метод, економските системи во Западна Европа и Северна Америка создадоа состојба на надакумулација на капиталот, споредбено со останатата светска економија. И можеби тоа добро звучи, но тоа е само на момент…

Потрагата по што е можно поголема и побрза акумулација на капитал, односно со фокус кон остварување на што е можно поголем профит кај поголемиот дел од светската економија, денес доведе до тоа истата да е неодржлива, заоштрувајќи ја социјалната нееднаквост и загаденоста во природата. Точката на акумулација е достигната до оној степен, да вложениот капитал не создава вишок.

… ПОВЕЌЕ

МОРАЛОТ Е ПРЕТХОДНИЦА НА ЗАКОНОТ

Мудрите луѓе велат дека хартијата трпи сè! Дека е навистина така, како за пример ке дадам ситуација, која верувам дека повеќето од македонските граѓани денес се имаат соочено но и ја имаат воочено следнава состојба:

Секој кој ке оди во некоја јавна здравствена установа ке забележи, најчесто прикажано на влезовите во одделенијата, копиран дел од Законот за заштита на правата на пациентите. Проблемот се состои во тоа што истите тие права стојат само на хартија. Ниедно од тие права реално не функционираат во пракса, дури ни најосновните начела!? За споредба од поранешниот систем на социјализмот (СР Македонија), за таков закон ретко некој претпоставувал дека и постои или дека би требало да постои во пишана форма, затоа што суштината на Законот за правата на пациентите на тогашните лица вработени во јавните здравствени установи, таа им била општо позната и општо прифатлива.

Тоа како општо познато го разбрале во текот на нивното претходно предзаконско запознавање и образување – состојба на предзнаење! Тоа образување би го нарекол морално обликување.

… ПОВЕЌЕ

ПРОБЛЕМОТ СО ПОЗИТИВИСТИЧКИОТ ПРИСТАП

Позитивизам или позитивистичкиот пристап, претставува сфаќање или метод кој се однесува на проучувањето и осознавањето на работите од страна на човекот. Овој(аа) метод/теорија за прв пат го има изнесено французинот Огист Конт(Auguste Comte), кој воедно бил и ученик на Сен-Симон(Henri de Saint Simon).

1310267-Auguste_Comte

Главниот проблем кај позитивистичкиот пристап кон работите, претставува доказниот метод. Имено доколку „нешто“ може да се докаже – тогаш тоа според овој метод постои, но доколку неможе – тогаш тоа „нешто“ се отфрла како реалност. Се запрашувам, дали е возможно човек да има можност да ги истражи сите планети и сите Закони кои постојат во физиката? И дали доколку истиот не ги докаже и не обезбеди докази за нив, тие не треба да постојат како идеи, теории и хипотези – просто како реалност?

… ПОВЕЌЕ

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА – ТРЕТ ДЕЛ

ЗА МЕТОДОТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА

Релациите помеѓу општествените појави (и мрежите на релации кои ги создаваат) научно се истражуваат со различни социолошки методи, па следствено на тоа, и кај истражувањето на релациите помеѓу безбедносните појави и другите општествени појави, нивните длабински нивоа (длабинските нивоа помеѓу многуте мрежи на релации), нужна е научната употреба на социолошкиот метод со кој би се утврдувале научни сознанија, кои понатаму би ја граделе научната теорија на Социологијата на безбедноста.

При тоа, суштинско методолошко правило при употребата на социолошкиот метод во истражувањата на содржините од социолошко-безбедносната научна област (научната област на Социологијата на безбедноста), треба да претставува неговото нужно адаптирање на сознајната природа на предметот на истражување.

… ПОВЕЌЕ

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА – ВТОР ДЕЛ

ПРЕДМЕТ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА

Од одредени елементи кои произлегоа од поставувањето и конструкцијата на научниот проблем кој се однесува на втемелувањето на Социологијата на безбедноста, можеа да се согледаат и базичните елементи на содржината на нејзиниот предмет на истражување. Имено, предметот на истражување на Социологијата на безбедноста, најопшто (од аспект на формалната страна на неговото одредување) би го определил во влијанието на општеството на безбедноста и безбедноста на општеството, односно во МЕЃУСЕБНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОПШТЕСТВОТО И БЕЗБЕДНОСТА и истиот вака одреден претставува меѓузависен, повеќеслоен и комплексен однос чија содржина ја сочинуваат две основни и клучни категории (содржински елементи): општеството и безбедноста.

Вака одредена, содржината на предметот на Социологијата на безбедноста има своја предметно-поимна автономија која имплицира и на предметно-поимна засебност на оваа нова научна дисциплина во однос на другите науки и научни дисциплини. Следствено на тоа, предметот на истражување на Социологијата на безбедноста, сметам дека е автентичен и јасно определен, врз основа на што истата претставува автентична научна дисциплина.

… ПОВЕЌЕ

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА – ПРВ ДЕЛ

ПРОЛЕГОМЕНА ВО ПОСТАВУВАЊЕТО И КОНСТРУКЦИЈАТА НА НАУЧНИОТ ПРОБЛЕМ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА ВТЕМЕЛУВАЊЕТО НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА БЕЗБЕДНОСТА

Како и кај секое научно творештво, така и кај облиците на творештво од научното поле на општествените науки и конкретно, од научната област на безбедносните и социолошките науки, суштински елемент претставува создавањето на нови научни вредности. За да се создаде нова научна вредност потребно е да се постави и реши одреден научен проблем со што ќе се придонесе и кон развојот на научното сознание. Конкретно, примарна цел на овој труд не е создавање нова научна вредност (истата би била само евентуално поволен научно-теориски исход), туку поставување на научниот проблем кој се однесува на утврдената релација помеѓу општеството и безбедноста, од кој проблем и се разви научно-истражувачкиот процес на утврдување на теоретски основи за една социолошко-теориска анализа на безбедноста, односно се разви идејата за втемелување на Социологијата на безбедноста како нова научна дисциплина во системот на општествени науки (конкретно, во Република Македонија). Фактички, наведеното претставува почеток на еден научно-истражувачки процес на утврдување на теоретски основи кои ќе овозможат понатамошно утврдување и на предмет, систем на методи, фонд на научни знаења (теорија), категоријален апарат, а и филозофски претпоставки на оваа концепција (за создавање на нова научна дисциплина).

Имено, проблемот за кој сметам дека е научен, а кој се однесува на релацијата помеѓу општеството и безбедноста го изведов откако ја проучив (за мене) достапната литература во која се изнесени резултати од одредени теориски истражувања кои се однесуваат на врската помеѓу одредени општествени појави и безбедноста како посебна општествена појава, при што утврдив празнина во теориското знаење за тој сегмент од општествено-безбедносната стварност, односно немање доволно теориски информации (меѓу другото, и во облик на клучни теориски категории) кои во облик на теориски основи би овозможиле покоректно научно осветлување на влијанието кое елементите на општеството го имаат врз безбедноста, како и обратно, влијанието на безбедноста врз истите. Наведеново не треба да се разбере како тврдење дека досега не се доволно истражени одредени релации помеѓу одредени општествени појави и безбедноста како посебна општествена појава, туку како утврдена научна потреба од теориско објаснување на фактите за релацијата помеѓу општеството и безбедноста (на општо теориско ниво), која релација содржински е одредена со нивното меѓусебно влијание. Значи, суштината, односно една од клучните точки на проблемот на релацијата помеѓу општеството и безбедноста се состои во нивното меѓусебно влијание кое е генерирано од релациите, односно од мрежата на релации помеѓу безбедноста како посебна општествена појава и другите општествени појави.

… ПОВЕЌЕ

УСТАВНО УРЕДУВАЊЕ – ПРИМЕР ОД СТАРАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Устав или Уставни конвенции?

Во современиот свет сме запознаени дека сега постојат два типа на устави. Едниот претставува устав кој на еден свечен настан официјално е прогласен, и со тоа го нарекуваат како пишан устав и устав кој нема свечено прогласување, туку е граден со конвенции низ текот на времето, и го нарекуваат како непишан устав.

Во моментов преовладуваат формалните пишани устави. Но пишаните устави се релативно нова појава во уредувањето на односите помеѓу властите во едно општество. Главни покренувачи на оваа појава се Француската Револуција, со која денес речиси сите држави се идентификуваат, губејќи ја својата автентичност во уредувањето на односите, заедно со Американската Револуција која во тој период во голем дел ги прати идеите на Сен-Симон и Џон Лок. Со тоа разбираме дека овој тип на свечено прогласен устав, е западен модел за уредување на односите во државата и општеството.

Пред да се случат овие настани од мундијалната историја, низ светот претходно, речиси неколку милениуми од материјално-пишаната историја, бележиме доминација на уредување на односите со конвенции. Конвенцијата доколку се употреби во уредувањето на односите во државата, означува договор со правила во кој страните на кои се повикуваат правилата мораат да ги следат и почитуваат.

За задржување на својата автентичност, Англија претставува добар пример, каде што имаме серија на „стари” правила од нивниот непишан Устав кои се во примена и денес. Тука се познатите Magna Carta Libertatum и Habeas Corpus Act, договори или правила со кои се уредиле односите преку усогласување помеѓу тогашните лордови – општествената елита и носителот на извршната власт – монархот/King.

… ПОВЕЌЕ